feature

Фиорентина го договори трансферот на Џеко

ISTANBUL, TURKEY – SEPTEMBER 21: Eden Dzeko of Fenerbahce applauds the fans during the Turkish Super League match between Fenerbahce and Galatasaray at Ulker Stadium on September 21, 2024 in Istanbul, Turkey. (Photo by Ahmad Mora/Getty Images)

Напаѓачот Един Џеко постигна усмен договор со италијанската Фиорентина и ќе потпише едногодишен договор, објавија италијанските медиуми.

Болоња беше другиот тим кој беше во трка за потписот на босанскиот фудбалер, но се чини дека понудата на „виолетовите“ беше подобра. Според неофицијалните информации за договор од една година Џеко ќе добие нето плата од 1,5 милиони евра.

Во последните две години, Џеко играше за турскиот тим Фенербахче, но неговиот договор истекува и тој ќе биде слободен агент на крајот од месецот.

Во сезоната 2024/2025, Џеко одигра 35 натпревари во турското првенство, постигнувајќи 14 гола и четири асистенции. Фудбалерот исто така настапуваше за Волфсбург, Рома, Интер и Манчестер Сити.


Аргентинецот Алмеида е нов тренер на Севиља

Матијас Алмеида е новиот тренер на Севиља, објави шпанскиот клуб. Поранешниот играч од Андалузија потпиша тригодишен договор.

Алмеида помина една сезона на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во 1996 година по неговиот трансфер од Ривер Плата. После тоа, Аргентинецот ги водеше екипите на Парма, Лацио и Интер.

51-годишниот специјалист беше на чело на АЕК во текот на последните две првенства. Во својата прва сезона со оваа екипа, Алмеида ја освои титулата и Купот на Грција.

Севиља се спаси од испаѓање во Втора дивизија под водство на тренерите Гарсија Пимиента и Хоакин Капарос, кои последователно го водеа тимот минатата сезона. Минатиот месец, навивачите на Севиља упаднаа во тренинг базата, барајќи објаснување од играчите за нивниот слаб настап во Ла Лига.


Галатасарај ќе отпочне преговори со Интер за Чахланоглу

Галатасарај е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу. Капитенот на турската репрезентација има договор со Интер до јуни 2027 година.

Турските медиуми, во денешните изданија пишуваат дека се очекува доаѓањето на агентот на турскиот фудбалер Гордон Стипиќ во Истанбул за да се започнат преговорите. Засега не е познато колкаво обесштетување ќе побара Интер за Чалханоглу.

Специјализираната веб-страница „Трансфермаркт“ проценува дека вредноста на Чалханоглу на пазарот е 35 милиони евра, па се очекува дека Интер ќе бара толку.

Патем, Интер имаше лоша сезона, во самиот финиш ја загуби титулата во Серија А, која ја освои Наполи, додека во финалето на Лигата на шампионите загуби од Пари Сен Жермен.


Адриен Труфер е замената за Керкез во Борнмут

Борнмут најде замена за одличниот Милош Керкез, кој ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул.

Францускиот лев бек Адриен Труфер потпиша петгодишен договор со „клубот од јужниот дел на Англија.

Труфер има 24 години и е роден во Белгија, но играше за сите помлади категории на Франција, а дебитираше за сениорската репрезентација во 2022 година.

Тој пристигнува од Рен, каде што беше стандарден во привот тим во изминатите пет сезони.


Емери најде начин како да го откупи Маркус Рашфорд

Астон Вила може да направи ретко виден потег за да го купи Маркус Рашорд од Манчестер Јунајтед.

Наводно, раководството на Бирмингем е решено да го продаде женскиот состав само за да го задржи англискиот репрезентативец, кој беше на позајмица.

Таков потег направи Челзи пред една година кога го продаде женскиот тим на инвестицискиот фонд – „BlueCo 22“.


Италијанските клубови фрустрирани од високите барања на Џонатан Дејвид

Врвните италијански клубови се фрустрирани од барањата на канадскиот фудбалер, Џонатан Дејвид.

Според весникот – „Ла Газета дело Спорт“, напаѓачот сака да добие 15 милиони евра за потпишувањето на договорот и да заработува 5 милиони евра годишно.

Затоа Јувентус, Интер и Наполи, ќе се откажат од идејата да го ангажираат најдобриот стрелец на Лил. 25-годишниот напаѓач во последната сезона постигна 16 гола на 32 натпревари.


Марјан Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Марјан Илиевски утре на средба со новинарите ќе биде промовиран како нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија.

Илиевски кој е дел од КК Пелистер, паралелно ќе ги извршува функциите. Во неговиот стручен штаб ќе бидат: Боро Даскаловски, Мирко Петрески и Боби Митев.

Македонија во август ја очекуваат претквалификациите за СП 2026. Во нашата група се Романија и Унгарија. Во наредната фаза ќе одат првите две селекци


Египетски кружен напаѓач потпиша за Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер има нов кружен напаѓач за следната сезона. Египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид е нов член на македонскиот првак. 26-годишниот пивотмен се наметна во дресот на репрезентацијата на Египет, а во Македонија доаѓа од првакот на Турција, Бешикташ.

Корпулетниот Калес Валид е висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп. Со најдобрата африканска репрезентација има постојан раст, откако влезе во кругот на националниот тим пред неколку години.

Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола.


Реал Мадрид го претстави новиот домашен и готсински дрес за сезоната 2025-26

 
Реал Мадрид официјално го претстави својот домашен и гостински дрес за сезоната 2025-26, спојувајќи традиционален дизајн со модерни технолошки решенија. 

Домашниот дрес останува верен на препознатливата бела боја, збогатен со жолти линии по страните, светлосиво детали и црни логотипи. Дизајнот е инспириран од две значајни сезони — 2009-10, кога дебитираше Кристијано Роналдо, и 2015-16, која заврши со триумф во Лигата на Шампионите.  

Изработен е со најновата технологија на „Adidas“ за подобрен проток на воздух и максимална удобност при натпревари. Цената изнесува околу 150 евра, а веќе е достапен во официјалните продавници и онлајн. 

Гостинскиот дрес, инспириран од ноќните натпревари на „Бернабеу“, носи темно-сина основа со сребрени детали кои потсетуваат на надворешноста на стадионот и зелени акценти кои симболизираат тревникот. И овој дрес користи напредни материјали за подобрување на удобноста. 

Претставувањето на новите дресови предизвика голем интерес меѓу навивачите, кои ја поздравија комбинацијата на историска симболика и модерен изглед — правејќи ги овие дресови „must-have“ за новата сезона. 


Реал Мадрид пред нов договор со Брахим Дијаз

Реал Мадрид е на прагот да го финализира новиот договор со Брахим Дијаз, откако преговорите помеѓу клубот и играчот влегоа во завршна фаза. Двете страни изразија јасна желба да ја продолжат соработката, што води кон позитивен исход во наредните денови. 

Дијаз отворено ја изрази својата желба да остане на „Сантијаго Бернабеу“, целосно усогласен со долгорочната визија на клубот. Таа заедничка посветеност помогна преговорите да се движат побрзо. 

По официјалната потврда на договорот со Дијаз, се очекува Реал Мадрид да започне нови разговори за продолжување на договорите со други клучни играчи. Меѓу нив е и голманот Тибо Куртоа, со кого наскоро треба да се интензивираат преговорите. 

Проактивниот пристап на клубот во обезбедувањето на своето јадро ја нагласува амбицијата за стабилност и конкурентност во следните сезони.