feature

Барса бара 80 милиони за Рафиња

Бразилскиот репрезентативец, Рафиња на лето може да ја напушти Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Со заминувањето на Дембеле, Рафиња требаше да биде стартер на десната крилна позиција, но не ги оправда очекувањата. Клубовите од Премиер лигата ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуда во летниот за неговиот потпис.

Наводно Барселона веќе одбила понуда од 60 милиони евра, но е спремна да го пушти Бразилецот за 80 милиони евра.

Каталонците имаат финансиски проблеми, па со оваа продажба сакаат да финансираат купување на нова ѕвезда.


Јуве започна преговори со Жоржињо од Арсенал

Јувентус покажува силен интерес за фудбалерот на Арсенал и италијански репрезентативец Жоржињо, пренесуваат италијанските медиуми.

Жоржињо пред една година пристигна во Арсенал од Челзи и има договор до крајот на оваа сезона. Плејмејкерот на лето ќе ја промени средината, а негова желба е да се врати во Италија. Неговиот агент веќе започнал преговори со Јувентус, кој е заинтересиран за 32-годишниот плејмејкер.

Жоржињо блесна во дресот на Наполи, а со италијанската репрезентација имаше една од главните улоги во освојување на европската титула.

Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска, а покрај Жоржињо заинтересиран е и за Томас Парти од Арсенал.


Мароканецот Мазрауи од Баерн се сели во Милан?

Милан е силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Нусер Мазрауи.

Мазрауи пристигна како големо засилување во Баерн од Ајакс, но не ги оправда во целост очекувањата. Оваа сезона добива мала минутажа па и самиот е спремен да ја промени средината, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.

„Росонерите“ се во потрага по десен бек бидејќи на таа позиција го имаат само Калабрија. Милан ќе се обиде да го добеде на лето и спрема понуда од 15 милиони евра.


Јуве спремен да ги сослуша понудите за Киеза

Раководството на Јувентус ќе ги разгледа понудите за Федерико Киеза ова лето, пренесуваат италијанските медиуми.

„Тутоспорт“, весник кој е близок до торинскиот гигант клубот се уште не ги започнал преговорите околу новиот договор и е спремен да го продаде на лето. Киеза исто така не е задоволон од својот статус во клубот и е спремен да ја промени средината.

Наводно за услугите на Киеза сериозно биле заинтересирани Ливерпул и Њукасл, па можен е трансфер во Премиер лигата ова лето.


Касемиро донесе одлука за својата иднина

Бразилскиот репрезентативец Касемиро не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во Манчестер Јунајтед и на лето ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Тој не е во добри односи со тренерот Тен Хаг и жали што го напушти Реал Мадрид за да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој и оваа сезона има слаби резултати. Манчестер Јунајтед исто така ја разгледува можноста да го продаде Бразилецот и да заработи на негово заминување.

Најсилен интерес за Касемиро покажуваат клубовите од Саудиска Арабија, кои нема да жалат пари да го доведат на лето.

Сепак, не се исклучува можноста Касемиро да остане во Европа, бидејќи за него интерес покажуваат клубови од Серија А и Ла Лига.


Милер најави пензија во јуни 2025 година

Томас Милер наредната година ќе стави крај на својата голема кариера.

Милер одлучил да се пензионира летото 2025 година, тврди германскиот „Кикер“. Најавите на познатиот медиум се дека 34-годишниот репрезентативец по крајот на кариерата ќе добие улога во клубот.

Дресот на Баерн, Милер го носи од 2000 година и досега одигра повеќе од 700 натпревари во кои постигна 240 голови и подели 265 асистенции.

Во актуелната сезона, Милер собра 35 натпревари во кои постигна пет гола и подели девет асистенции.


Хрватски криминалци го ограбиле Александар Исак

Хрватски државјани на возраст од 22, 27, 31 и 42 години биле приведени во Англија како осомничени дека го ограбиле најскапиот фудбалер на Њукасл, напаѓачот Александар Исак.

Како што информираше британскиот инспектор, Шон Форди, полицијата реагирала брзо по пријавениот грабеж и успеала да ги пронајде сторителите.

„Имавме извонредна полициска операција која е само уште еден показател дека нема да го толерираме криминалот во нашиот регион“, кратко изјави инспекторот.

Во грабежот биле украдени скапа облека, накит и автомобил кој е пронајден. Инаку, Њукасл за Исак плати сума од 70 милиони евра на шпански Реал Сосиедад што го прави најскапиот фудбалер на овој клуб.


Миланските клубови лицитираат за Бонџорно од Торино

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Милан и Интер, пренесува „Калчомеркато“.

Бонџорно важи за еден од најголемите италијански таленти и веќе е стандарден во италијанската репрезентација.

Милан во јануари понуди 40 милиони евра за неговиот потпис, но Торино одби да го пушти на средина на сезоната. Сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Интер, а Торино е свесен дека нема  да може да го задржи во своите редови.

24-годишниот Италијанец е спремен да направи чекор напред во кариерата и го известил раководството дека сака трансфер во Милано.


Ајнтрахт нема да го откупи Ван Де Бек од Манчестер Јунајтед

Ајнтрахт Франкфурт нема да го купи играчот од средниот ред Дони ван де Бек , кој настапува во нивните редови како позајмен од Манчестер Јунајтед. Ова го пренесува новинарот Фабрицио Романо на своите социјални мрежи .

Според изворот, Ајнтрахт не планира да ја активира опцијата за откуп на холандскиот фудбалер за 11 милиони евра по завршувањето на тековната сезона Се очекува Дони ван де Бек да се врати во Манчестер Јунајтед од каде следното лето ќе бараат нови опции за продолжување на кариерата.

Ајнтрахт ја објави позајмицата на Дони во јануари оваа година. Рокот на позајмица на холандскиот играч за врска е до крајот на оваа сезона.

Да потсетиме, Ван де Бек се пресели во Манчестер Јунајтед од Ајакс во летото 2020 година за 39 милиони евра. Неговиот актуелен договор со англискиот тим е до јуни 2025 година.


Реал се откажал од купување на Дани Олмо

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, имал идеја да го 

купи напаѓачот на РБ Лајпциг, Дани Олмо но, се откажал откако се договорил со Французинот, Килијан Мбапе, наведуваат дел од медиумите.

Шпанскиот интернационалец кој е проценет на околу 60 милиони евра, веројатно во текот на летото ќе си замине од Бундес-лигата.

За неговите услуги, наводно е заинтересиран тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.