feature

Даци отпадна од комбинација за дуелите со Молдавија и Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари против Молдавија и Црна Гора во наредниов период, натпревари за кои отпадна напаѓачот Ердон Даци.

Даци се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски, но тој се повреди на последниот меч за неговиот Беверен и токму поради ова е во „аут“ за кампот и натпреварите во Анталија закажани за 22 (Молдавија) и 25 март (Црна Гора).

Ова значи дека Милевски во офанзивната линија ќе смета на Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Димитар Митровски и новиот член на националниот тим Лирим Ќамили.


Јуве загреан за две ѕвезди на Баерн

Спортскиот директор на Јувентус имал средба со колегите од Баерн Минхен, бидејќи „старата дама“ е заинтересирана за двајца фудбалери на баварскиот гигант.

Главна цел на „бјанконерите“ е Леон Горецка, кој изминатите години се наметна како еден од најважните играчи на Баерн. Меѓутоа, во моментов не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината. Германските медиуми пренесуваат дека и Баерн Минхен е спремен да се раздели со играчот доколку пристигне добра понуда.

Договорот на Леон Горецка со Баерн е до летото 2026 година, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.

Другиот играч е Мазрауи, Јувентус е во потрага по засилување на десната бековска позиција и наскоро ќе испрати понуда до Баерн.


Рабио бира меѓу Барса и Манчестер Јунајтед за следната сезона

Барселона и Манчестер Јунајтед ја сакаат ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми.

Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент. Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска и гледа шанса да донесе големо засилување без обештетување.

Поради тоа Каталонците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Рабио, бидејќи сакаат да ја победат конкуренцијата.

Манчестер Јунајтед уште минатото лето го сакаше Французинот и не се откажува од негов ангажман.


Марота бесплатно го носи Марсијал во Интер

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал на лето готово сигурно ќе си замине од „Олд Трафорд“.

Договорот на 28-годишниот Марсијал со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2024 година, па Интер гледа шанса да го доведе без обештетување.

Марота веќе работи на трансферот и имал неколку средби со агентот на Марсијал, кој е отворен за преселба во Милано.


Пеп Гвардиола очекува враќање на Грилиш по репрезентативната пауза

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја коментираше повредата на клупскиот играч за врска Џек Грилиш.

„Имаме натпревар сега и потоа две недели во кои тој ќе работи колку што е можно напорно и паметно за да биде подготвен да се врати. Ова не е повреда на мускулот, туку повреда на тетивата. Лекарот рече дека нема многу оштетување, па закрепнувањето е побрзо. Последните два-три дена тренираше многу добро. Тој се чувствува добро и има позитивен став. Можеби ќе ни треба денес, а особено во овие две недели – треба добро да работи и да се врати. Тогаш можеме да го добиеме Џек, кој, за жал го имавме многу малку од оваа сезона“, изјави Гвардиола за „Манчестер Ивнинг Њуз“.

Да потсетиме, Џек Грилиш се повреди на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Лутон, кој се одигра во осминафиналето на ФА Купот. Средбата заврши со победа на „граѓаните“ со резултат 6-2. Оваа сезона англискиот играч за врска одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и забележа две асистенции.


Дани Алвес може привремено да излезе од затвор

Поранешниот дефанзивец на Барселона и Бразил, Дани Алвеш би можел да добие привремено ослободување од затвор, каде што е притворен откако беше прогласен за виновен за силување девојка кон крајот на 2022 година, ова го пренесува „Мундо Депортиво“.

Се известува дека на 19 март, ќе се одржи сослушување за да се разгледа барањето на Алвеш за негово привремено ослободување. 

Доколку ова барање биде прифатено, бразилскиот фудбалер ќе остане на слобода до правосилноста на пресудата.

Да потсетиме, Алвеш е осуден на затворска казна во времетраење од 4,5 години. Претходно, адвокатот на Бразилецот поднесе жалба за ублажување на оваа казна.


Манчестер Јунајтед го сака Бруно Петковиќ од Динамо

Хрватскиот репрезентативец и напаѓач на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ е на мета на Манчестер Јунајтед. Искусниот 29-годишен голгетер игра фантастична сезона во која со седум постигнати голови е најдобар стрелец на Конференциската лига.

Скаутите на Манчестер Јунајтед го следат веќе подолго време и на лето сакаат да го доведат на „Олд Трафорд“.

Динамо Загреб се соочува со финансиски проблеми па е спремен да го пушти за 10 милиони евра.


Арсенал се интересира за Хуго Ларсон од Ајнтрахт

Весникот„Билд“, тврди, дека луѓето од Арсенал се заинтерсирани за
19-годишниот играч од средниот ред на Ајнтрахт Франфурт, Хуго
Ларсон.
Германскиот состав ќе мора да се раздели со неколку играчи во текот
на летото доколку не успее да се пласира на европските турнири.
Тоа сакаат да го искористат „топчиите“ и да го привлечат
Швеѓанецот на стадионот – „Емирати“. Ларсон има договор до 2028
година.


Руските спортисти нема да ги бојкотираат Олимписките игри во Париз

И покрај низата несфатливи ограничувања кои ги добија руските
спортисти за настап на ЛОИ во Париз, Русија нема да ги „бојкотира“
Олимписките игри, изјави рускиот министер за спорт, Олег Матицин .
„Не смееме да се свртиме, да го затвориме, да го бојкотираме ова
движење“, рече министерот, мислејќи на Олимписките игри.


Изјавата ги отфрли повеќемесечните шпекулации за одговорот на
Русија на драстичните услови поставени од ИОК за учество на Русите
и Белорусите на Летните игри.
Не само што ИОК бара од спортистите од двете земји да се
натпреваруваат под неутрално знаме, туку додаде и невиден сет на
критериуми.

Така, руските и белоруските спортисти ќе можат да се натпреваруваат
само како поединци и само ако активно не ја поддржуваат руската
офанзива во Украина. Дополнително ќе треба да поминат и
квалификации.


Килијан Мбапе неизвесен за Олимписките игри во Париз

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе може да ги пропушти
Олимписките игри во Париз годинава, пишува весникот „Екип“.
Според изворот, Французинот има напорен распоред, што претставува пречка.

Од 14 јуни до 14 јули напаѓачот ќе игра за француската
репрезентација на Европското првенство во Германија. Олимписките
игри ќе започнат на 26 јули и ќе траат до 11 август.
Во исто време, според „ЕСПН“, еден од условите за трансфер на
играчот во Реал Мадрид на лето е отсуството на забрана за учество на
Олимписките игри.


25-годишниот Мбапе одигра 36 натпревари оваа сезона,
постигнувајќи 35 гола и 7 асистенции.
Ѕвездата на францускиот фудбал му соопштил на раководството на
ПСЖ дека ќе си замине на крајот од сезоната 2023/24. Неговиот
договор со клубот истекува на лето.