feature

Прв репрезентативен повик, големи амбиции за Гаштаров и Мелиќи

Македонската репрезентација го имаше првиот собир во пресрет на новиот циклус од Лигата на нации. Нашата репрезентација во сегментот Б ќе одигра четири натпревари, против Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Првиот предизвик е дуелот со Швајцарија на 26 септември во Скопје, по што следуваат гостувањето кај Словенија на 29 септември, повторно натпревар со Швајцарија на 6 октомври во Луцерн и мечот со Шкотска на 3 октомври во Скопје.

Меѓу првите кои пристигнаа на репрезентативниот собир беа и дебитантите, а во фокусот се најде 19-годишниот Матеј Гаштаров. Младиот фудбалер зад себе има одличен период во дресот на Црвена звезда, каде успеа да се избори за првотимски статус и значајна минутажа. За Гаштаров, повикот во А репрезентацијата е остварување на детскиот сон. Иако признава дека не очекувал тоа да се случи толку брзо, младиот фудбалер пристигнува со голема желба и јасна цел.

„Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години. Очекувам да настапам и се надевам на позитивни резултати. Секако, одиме на победа без разлика кој е противникот. Имаме голема почит кон Швајцарија, Шкотска и Словенија, но нашиот тим има голем квалитет и одиме на победа. Ќе оставиме срце на терен, како што се очекува од овој дрес“, вели Гаштаров.

Неговиот период во Црвена звезда е исполнет со напорна работа, која му донесе место во стартниот состав.

„Многу работев и давав се од себе за да бидам во првиот состав на Црвена звезда. На крајот тоа дојде. Спремен сум да играм на повеќе позиции, тоа не ми е проблем. Како што ќе бара селекторот, така ќе исполнам се што се очекува од мене. Верувам во тоа што го работам. Дали очекував дека сето ова ќе се случи толку брзо? Можеби не, но секогаш сум спремен за ваков предизвик“, додава младиот репрезентативец.

Прв повик во А репрезентацијата доби и Анес Мелиќи, фудбалерот на Шкендија. За него, дебито во најдобриот национален тим е голема чест, но и обврска.

„За мене е привилегија да бидам дел од овој тим. Имаме четири многу тешки натпревари, но мислам дека прво треба да мислиме на Швајцарија. Сите знаеме каков противник е Швајцарија. Дај Боже, со Господ напред, да оствариме позитивен резултат. Нормално дека очекувам настап и секоја минута што ќе ми ја даде селекторот ќе дадам максимум“, вели Мелиќи.

Првата можност за потврда на амбициите, македонските фудбалери ќе ја имаат на 26 септември, кога Македонија во Скопје ја пречекува Швајцарија.


Гаштаров: Чест е да се биде тука во националниот тим

Македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше собирот во пресрет на новиот циклус од Лигата на нации, каде нашите најдобри фудбалери ќе се натпреваруваат во сегментот Б и за противници ќе ги имаат селекциите на Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Меѓу првите кои пристигнаа на собирот беа и дебитантите, а во центарот на вниманието се најде Матеј Гаштаров. 19-годишниот фудбалер зад себе има одличен период во дресот на Црвена Звезда.

„Секако дека сум пресреќен што сум овде. Чест и привилегија е да се биде тука. Дали очекував се ова да ми се случи за само еден месец. И клупска минутажа, првотимски статус, Европа, а еве сега и А репрезентација. Искрено не. Но, кога ете сето тоа ми се случи, со цела сила се посветувам на предизвикот. За ова работев сиот овој период. Не чека тешка задача но подготвен сум. Сигурен сум дека одлично ќе бидам прифатен од страна на постарите“, изјави Гаштаров.


Мареска: На добар пат сме, но мора да останеме фокусирани

Манчестер Сити вчера во крајно ефикасен меч успеа да го совлада Сандерленд со 5-3 а тренерот на домаќините, Енцо Мареска, вели дека играчите се обидуваат да научат како да напредуваат.

„Мора да научите да се подобрувате. Денов не беше исклучок но, најдовме начин да го добиеме мечот. Задоволен сум од настапот“ – вели Мареска.

Неговите избраници по пет мечеви имаат максимален ефект и го држат првото место на табелата во елитната конкуренција на Англија.


НОВО НИВО НА НАГРАДИ ВО ЕВРОТИП – НАЈГОЛЕМИОТ ИЗБОР ДОСЕГА!

Евротип Лојалти Производи

Евротип продолжува да го унапредува искуството за своите лојални играчи и го збогатува Лојалти маркетот со нова, атрактивна палета производи – од најнова технологија и гејминг, до спортска опрема, практични производи и ваучери за патување.

Во моментов, Евротип Лојалти Маркетот располага со најголем број производи во споредба со кој било друг лојалти маркет, нудејќи им на корисниците уште поголема слобода сами да изберат како ќе ги искористат своите собрани LP.

Од Apple iPhone 17 Pro Max 512GB, Samsung S26 FE 256GB, PlayStation Portal и Meta Quest VR, преку Adidas спортски производи и маса за фудбал, па сè до ваучери од 10.000 и 25.000 денари со кои сами ја избирате вашата следна дестинација – изборот никогаш не бил поголем.

Со награди достапни уште од 500 LP, секој собран поен ве носи поблиску до нешто што навистина го посакувате.

Повеќе производи. Повеќе избор. Повеќе причини да собирате LP.

ИГРАЈ. СОБИРАЈ LP. ИЗБЕРИ ШТО САКАШ.

Евротип – секогаш и повеќе!


ГРК Тиквеш сензационално елиминиран од Еш од Луксембург

ГРК Тиквеш испадна во првата рунда од натпреварувањето на ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот тим не успеа да ја мине пречката наречена Еш од Луксембург.

Два меча се одиграа во два дена, а по поразот на првиот дуел од три гола (27-30), тимот во драматичен финиш успеа да победи со еден гол (33-32), но недоволно за место во следната рунда.

Мохамед Азиз Бен имаше девет постигнати гола кај Тиквеш, пред Мики Лазов кој имаше осум гола, додека кај Еш, Алфонсо Дуарте Клементе даде осум, а Енес Аговиќ пет гола.


Првиот човек на ПСЖ под истрага на обвинителството

Обвинителството во Франција води истрага против Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ел-Келаифи, поради наводен незаконски судир на интереси поврзан со правата за емитување на натпреварите од Лига 1.

Истрагата се однесува на преговорите за правата за емитување на Лига 1 и на улогите на Eл-Келаифи како претседател на ПСЖ и претседател на управниот одбор на „beIN Media Group“.

Од компанијата наведуваат декла прелиминарна истрага не значи дека има одредени нерегуларности.


Мурињо: Потребен е искусен судија за вакво дерби

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај градскиот ривал Атлетико Мадрид, а во гостинскиот табор воопшто не се задоволни од критериумот на судијата Ортиз Аријас, но и неговите колеги од ВАР собата.

„Тоа се два чисти црвени картони. Потоа имавме многу проблеми со играч помалку, а јас само сакам да ги прегрнам моите играчи, кои одиграа одлично прво полувреме, покажувајќи класа и карактер.

Покрај Атлетико, луѓето што треба да бидат задоволни се оние од Комисијата за делегирање судии. Сè беше многу чудно. Уште пред една недела се знаеше кој ќе суди, иако вообичаено тоа се дознава 24 часа пред натпреварот. Судијата има 41 година и не е меѓународен судија, па според тоа, не може да се очекува дека е врвен судија.

Кутриот човек не се пожали на притисокот. Тука е и господинот Трухиљо, ВАР судијата кој го повика за првиот црвен картон – но мислам дека не и за вториот – а кој има долга и сложена историја со Реал Мадрид. Само минатата година: Осасуна, Реал Сосиедад, Џирона… Кутриот судија, кој досега судел само помали натпревари и ВАР судијата со долга историја со Реал Мадрид,“, потенцирал Мурињо, покажувајќи ја фотографијата со двете спорни ситуации на „Метрополитано“.


Романија приреди сензација и ја исфрли Украина од Европското првенство

Репрезентацијата на Романија направи големо изненадување на ЕП во одбојка и за првпат во историјата се пласираше во четвртфиналето.

Романците во осминафиналето во „Арена Софија“ убедливо ја совладаа Украина со 3-0, по сетови 25-22, 25-21 и 30-28.

Александру Раца беше најефикасен кај победникот со 16 поени, додека Кристијан-Даниел Кицигој додаде 11 поени.

Финска е исто така во четвртфиналето, откако во драматичен осминафинален натпревар ја совлада Грција со 3:2. Грците двапати имаа водство, со 1-0 и 2-1 во сетови, но Финците успеаја да направат голем пресврт. По пет сета резултатот беше 22-25, 26-16, 22-25, 25-23 и 15-13 за Финска.

Браќата Лука и Ноа Мартила беа клучни за победата и заедно освоија дури 42 поени.


Халанд погоди против Сандерленд и сега погоди против сите премиерлигаши против кои играл

Ерлинг Халанд испиша нова страница во историјата на Премиер лигата. Норвешкиот голгетер со погодокот против Сандерленд го комплетираше неверојатниот „албум“ и постигна гол против секој тим со кој се соочил во англиското првенство.

Откако го облече дресот на Граѓаните, Норвежанецот играл против 25 различни екипи во Премиер лигата и успеал да ја затресе мрежата на секоја од нив.

Уште еден доказ за неверојатната голгетерска ефикасност на Халанд, кој продолжува да руши рекорди во англискиот фудбал.


Педро Поро се повреди, Де ла Фуенте го повика Фреснеда

Десниот бек, Педро Поро, поради повреда, нема да биде дел од репрезентацијата на Шпанија на стартот на Лигата на нации.

Селекторот, Де ла Фуенте на негово место го повика младиот Иван Фреснеда од Спортинг Лисабон. Поро беше принудно заменет на саботниот натпревар меѓу Тотенхем и Астон Вила.

„Фуријата“ ја очекуваат мечеви против Англија на 26 септември и три дена подоцна против Хрватска во Севилја. Потоа, ќе бидат домаќини на Чешка а на 6 октомври повторно ќе играат против „коцкестите“ во Сплит.