feature

Нова крводарителска акција на КС групација под мотото “Дарувај крв – Спаси живот”

Евротип, Голд Слот, Голд Фелиција, КС Сервис, Премиум Сефти Солушн како општествено одговорни компании ги негуваат хуманитарните вредности во чиј дух денес ја спроведија 11та по ред крводарителска акција на која се приклучија и вработените од ЈК Травел, Минт Финтек Груп и СН Финансии.

 Во канцелариите на Евротип се одржа крводарителската акција на која беа собрани 40 крвни единици. Според бројот на собрани единици оваа акција е најмасовната од досегашните акции. Акцијата наиде на голем одзив помеѓу вработените на КС групацијата.

На оваа акција покрај вработените од Битола, течност која живот значи даруваа и вработени од градовите Ресен, Прилеп и Охрид.

Организаторите на оваа акција сакаат преку личен пример да ги поттикнат и другите компании во Македонија да се охрабрат и да организираат крводарителски акции бидејќи преку ваков тип на акции не само што ја докажуваме нашата хуманост туку и даруваме “можност” за продолжување на нечиј живот.


Милан спремен да го откупи договорот на Лука Јовиќ

Лука Јовиќ ова лето пристигна во Милан на позајмица од Фиорентина, но „росонерите“ имаат опција да го задржат на крајот на сезоната.

Јовиќ лошо ја отвори сезоната, но како што одминуваше сезоната Србинот игра се подобро и моментално е во одлична форма.

Раководството на Милан е задоволно од неговиот учиник во тимот и е спремно да му понуди тригодишен договор, па двете страни се блиску до договор.


Ветеранот Ворнок е нов тренер на Миовски во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски доби нов тренер во Абердин. Се работи за легендарно фудбалско име на Островот, Нил Ворнок.

Тој има 75 години, неговата менаџерска кариера трае речиси 45 години, а ги има предводено и Лидс, Кристал Палас, Шефилд јунајтед и Мидлсборо.

Нил Ворнок доаѓа на местото на Бери Робсон, кој замина од клупата на Абердин минатата седмица, по ремито со Данди на домашен терен во Премиер – лигата.


Отворена истрага против првиот човек на Ред Бул

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, барем според пишувањата на светските медиуми е под истрага поради неприкладно однесување кон една девојка во тимот.

Да потсетиме дека Хорнер е оженет со позната пејачка Гери Халовеј, некогашна членка на мега – популарната група “Спајс грлс“.

Портпаролот на Ф1 ги потврдил овие наводи и дека е покрената истрага за однесувањето на Хорнер. Инаку тој демантира се она што е поврзано со овој случај.

Исто така и членовите на тимот со кои новинарите контатирале се шокирани од се ова во врска со Хорнер.


Икарди се враќа во Серија А, Рома и Наполи фаворити за неговиот потпис

Мауро Икарди ја оживеа кариерата во Галатасарај и на лето сака да се врати во Серија А.

Аргентинецот е врвен напаѓач со искуство во големи клубови, па иако сите го отпишаа додека беше во ПСЖ сепак тој покажа дека уште игра на врвно ниво. Икарди оваа сезона има постигато 18 гола, а силен интерес за него покажуваат Рома и Наполи.

Икарди сака да се врати во Италија и веќе стапил во контакт со овие два клуба.


Тен Хаг може да здивне, повредата на Мартинез не е сериозна

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, нема да оди на операција но, ќе биде надвор од терените околу шест до осум недели, објавија медиумите во неговата татковина – Аргентина.

Дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ заработи потешка повреда на последниот меч со Вест Хем а олеснителна околност е што нема потреба да оди во болница.

Доколку тоа се потврди и со дополнителните лекарски прегледи, тоа значи дека бекот ќе може да се врати на стадионите кон крајот на месец март.


Дембеле ја залечи повредата, се враќа и Нуно Мендеш

Фудбалерот, Осман Дембеле, ја санираше повредата и се врати во тренинг процес во составот на ПСЖ, велат последните информации од Франција.

Крилниот напаѓач мораше да го „скокне“ мечот со Стразбур одигран во петокот поради мала повреда на бутот на ногата но, денеска тренираше во клупската база. Се претпоставува дека Дембеле ќе може да игра на мечот со Брест закажан за в среда во рамките на Купот на Франција.

Тренерот, Луси Енрике, веројатно за тој меч ќе може да го користи и португалскиот бек, Нуно Мендеш.


Германците ги одбраа градовите домаќини на СП за ракометарки

За женското Светско првенство во ракомет, кое ќе се одржи во 2027 година, Германците ги одбраа градовите Трир, Дортмунд и Штутгарт, додека за машкото СП за три години ќе има осум града што ќе бидат домаќини, со оглед на тоа што ќе играат 32 селекции.

Пет од нив веќе беа домаќини на ЕП 2024, а ќе има плус три дополнително.Покрај Берлин со „Мерцедес Бенц Арена“, Манхајм, Хамбург, Келн и Минхен, Германците ги планираат и Хановер, Бремен и Штутгарт за домаќини на најдобрите светски репрезентации во јануари 2027 година.


Сака се повреди во победата на Арсенал против Ливерпул

Лондонски Арсенал го победи Ливерпул вчера во мечот од 23. коло на Премиерлигата со 3-1, а крилото на „топчиите“, Букајо Сака кој го постигна првиот гол, на крајот на мечот пријавил повреда. Во 77. минута од натпреварот, 22-годишниот Англичанец со рака му посочи на стручниот штаб дека му е потребна лекарска помош, покажувајќи на пределот на глуждот.

Засега нема информација за сериозноста на повредата и дали тој ќе биде во тимот за следниот меч на Арсенал. Артета по мечот само напомена дека се надева дека Сака ќе биде добро.

Следниот натпревар тимот на Артета е на 11 февруари против Вест Хем Јунајтед.


Луис Енрике: Целиме на сите титули оваа сезона

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по синоќешната победа над Стразбур (1-2) во натпреварот од 20. коло од францускиот фудбалски шампионат, зборуваше за амбициите задачите на Парижаните оваа сезона.

„Дали најдов начин како тимот да напредува? Полошо ќе биде во март, подобро во април, не толку добро во мај, најдобро во јуни. Целта е да се освојат сите трофеи до 1 јуни. Ете колку сме храбри“, изјави Енрике за „L’Equipe“.

Пари Сен Жермен е прв на табелата во Лига 1 со освоени 47 бода на 20 натпревари.

Следни предизвици за тимот на Енрике се средбите со Брест во Купот на Франција на 7 февруари, а на 14 февруари е првиот дуел со Реал Сосиедад во плејофот на Лигата на шампионите.

ПСЖ е актуелен шампион на Франција.