feature

Два премиерлигаши го сакаат Кварацкелија

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Грузиецот беше еден од најзасилужните за освоеното Скудето на Наполи, а сега сериозен интерес за него покажуваат клубовите од Премиер лигата и ПСЖ.

Кварацхелија оваа сезона не игра на нивото на минатата сезона, едноставно се вклопи во сивилото на Наполи, но европските гиганти продолжуваат да покажуваат сериозен интерес.

Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Арсенал внимателно го следат Кварацхелија и се спремни да испратат богата понуда за него на крајот на сезоната.

Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда, но Челзи и Ливерпул се спремни да понудат 100 милиони евра за неговиот потпис.


Астон Вила нема да го откупи Заниоло, напаѓачот се враќа во Италија

Италијанскиот репрезентативец, Николо Заниоло после одлични шест месеци во дресот на Галатасарај, во летниот преоден рок се пресели во Премиер лигата. Астон Вила плати 3 милиони евра за едногодишна позајмица со право  на откуп на крајот на сезоната.

Иако Италијанецот пружи солидни партии во Премиер лигата, сепак Астон Вила донела одлука да НЕ го откуп неговиот договор на крајот на сезоната.

Ситуацијата будно ја следат клубовите од Серија А, пред се Милан, Јувентус и Наполи, кои сакаат на лето да го доведат во своите редови.

Самиот Заниоло сака да се врати во Италија, па само прашање е кој дрес ќе го облече.


Саудијците го сакаат и Бруно Фернандеш

Ал Хилал тргнува во акција за купување на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, пренесува британски „Дејли Стар“.

29-годишниот португалски репрезентативец, кој од јануари 2020 година го носи дресот на „црвените ѓаволи“, наводно веќе одбил една понуда од првиот човек на Ал Хилал, но раководството на клубот од Ријад не сака така лесно да се откаже од негов ангажман.

„Тренерот на Ал Хилал, Жорж Жесус, е сериозно заинтересиран за Фернандеш, со кого веќе со кого веќе соработуваше во Спортинг во сезоната 2017/2018. Па нема да се откажат од обидот за ангажман, веќе на крајот од актуелната сезона“ – пишува „Дејли стар“.


Димитријевиќ се враќа во репрезентацијата на Македонија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Дмитријевиќ нема да настапи на олстар-мечот во ВТБ-лигата на 18 февруари затоа што ќе биде на подготовки со Македонија.

Тренерите Емил Рајковиќ и Велимир Перасовиќ ги избраа кошаркарите за натпреварот.

„Знам дека Димитријевиќ во тој период ќе биде на подготовки со Македонија и не сум луд да го потрошам мојот избор на него“, кажа Перасовиќ.

Македонија треба да игра квалификациски натпревари против Естонија и Полска.


Познат новиот термин за борбата Усик – Фјури

Презакажаната пресметка меѓу шампионот на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури и шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија Олександр Усик ќе се одржи на 18 мај.

Новиот датум го објави принцот саудискиот принц Турки Ал аш-Шеик, во поткастот „The MMA Hour“.

Борбата меѓу Британскиот боксер Фјури и Украинецот Усик требаше да се одржи на 17 февруари во Ријад, Саудиска Арабија. Причина за откажувањето на мечот беше тоа што британскиот боксер доби сериозна расекотина на окото при спаринг.

Фјури вчера се извини за откажувањето на првичниот датум за боксерскиот спектакл.


Ново уплатно место на Евротип во Гостивар

Дел од атмосферата на вчерашното свечено отворање на ЕВРОТИП спортската обложувалница во ГОСТИВАР, ул. ЈНА бр.288 (Нов Монтенегро).
Посетителите и гостите ја почувствуваа атмосферата на одличната забава, на која беа доделувани многу награди и ваучери.


Aлфонсо Дејвис се повреди пред дербито во Леверкузен

Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис се повреди во 85. минута при победата од 3-1 над Борусија Менхенгладбах. Баварците потврдија дека дефанзивецот има повреда на страничните лигаменти на левото колено.

Клубот не откри колку долго ќе паузира канадскиот интернационалец, но според печатот во Германија, Алфонсо Дејвис речиси сигурно нема да му биде на располагање на Томас Тухел за битката против лидерот Баер Леверкузен во следното коло.

23-годишниот бек оваа сезона забележа 27 настапи за Баерн Минхен во сите натпреварувања. Притоа постигна еден гол и четири асистенции.


Дубаи ќе биде новиот клуб на Еди Таварес

Новиот кошаркарски клуб кој ќе се појави на кошаркарската сцена Дубаи сака прво да го доведе најдобриот центар на европската кошарка, Еди Таварес, од Реал Мадрид и да го направи еден од најплатени играчи.

Според информациите на мадридскиот портал „Релево“, Дубаи ќе му плаќа на Таварес дури осум милиони евра бруто за сезона, за разлика од 1,7 милиони евра што ги заработува во редовите на Реал, според договорот што му истекува на крајот од сезоната.


Фелаини стави крај на богатата кариера

Белгискиот фудбалер Маруан Фелаини дефинитивно ја завршува својата богата играчка кариера.

Славниот Белгиец реши да ги „обеси копачките на клин“ по осумнаесет години активен фудбал, а последните четири години ги мина како играч на кинескиот Шандонг Тајшан.

„Со овој пост би сакал да се заблагодарам на сите и да објавам дека ја завршувам мојата успешна 18-годишна фудбалска кариера. Патувањето беше навистина неверојатно“, напиша поранешниот белгиски репрезентативец на својот Инстаграм профил.


Сораиндо го напушти Динамо Букурешт и потпиша во Турција

Легендарниот француски ракометар Седрик Сорaиндо го напушти романскиот Динамо Букурешт и ќе има нов предизвик во кариерата.

Кружниот напаѓач потпиша договор со турскиот Бешикташ и ќе игра во овој клуб најмалку до крајот на сезоната.

Во Бешикташ на линијата настапуваат полскиот интернационалец Матеуш Пиечовски и Алжирецот Хишем Кабеше.