feature

Шортс е МВП на ноември во Евролигата

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, по извонредните настапи за Париз, е избран за МВП за месец ноември во Евролигата.

Шортс го доби признанието МВП откако во пет натпревари оствари просек од 19,6 поени и 8,4 асистенции по натпревар.

Со таквите настапи, тој го предводеше францускиот тим до пет победи.

Најдобриот настап го постигна против Барселона кога Париз победи, а тој забележа 24 поени и девет асистенции.


Неочекувана оставка: Саво Милошевиќ си замина од Партизан

Саво Милошевиќ денес поднесе оставка на тренерското место во белградски Партизан. Какошто објави агенцијата Танјуг, Милошевиќ решил да поднесе оставка, бидејќи не успеа да се договори со челниците на клубот околу намалувањето на платата.

На крајот на септември, по четири години, тој се врати на клупата на Партизан и го замени Александар Станојевиќ како тренер на црно-белиот тим. Партизан моментално е на второто место во Супер лигата на Србија со 31 бод од 15 натпревари.


Последните две есенски кола во Првата лига пред празни трибини

Комисијата за натпревари која работи во рамките на Фудбалската федерација на Македонија ги извести клубовите од ПМФЛ и јавноста за одлуката поврзана со натпреварите од 17. и 18. коло кои се закажани за оваа седмица.

По барање на Министерството за внатрешни работи ФФМ донесе одлука сите преостанати натпревари во 2024 година да се одираат пред празни трибини. Освен средбите од одложеното 17. коло кои се закажани за во вторник, дуелите викендот кој следи исто така ќе бидат без публика.

Комисијата објаснува дека одлуката е донесена поради проценката на МВР по неодамнешните случувања во Македонија со палењето на државното знаме, а со цел да се избегне насилство и недолично однесување за време на натпреварите.


Дел Потро со победа над Ѓоковиќ ја заврши кариерата

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро и официјално стави крај на кариерата.

Иако нема играно тенис од 2022 година, Дел Потро реши последниот меч да го одигра против Новак Ѓоковиќ во салата „Мери Теран де Вејс“ во Буенос Аирес.

Пред нешто повеќе од 15.000 навивачи, Дел Потро успеа да ги надмине проблемите со болките во коленото и да слави по два сета со резултат 6-4, 7-5.

Не му беше лесно на Де Потро, можеби ќе се откажеше пред крајот, доколку српскиот тенисер не ја предводеше публиката на трибините.

Резултатот не беше важен, и покрај то што играа сонгл, но на почетокот на вториот сет друштво на двајцата им правеа поранешните аргентински тенисерки Жизела Дулко и Габриела Сабатини.

На крајот, солзи на Аргентинецот, но и емотивната реакција на Новак Ѓоковиќ.

Аргентинецот, против Ѓоковиќ, во кариерата победи на четири од 20 дуели. Но Дел Потро на Ѓоковиќ му нанесе два тешки порази, на Олимписките игри, прво во 2012 година, а потоа и во 2016 година.

Дел Потро ја освои својата единствена Грен слем титула во 2009 година во Њујорк, победувајќи го Роџер Федерер.


Далиќ нов селектор на катарската репрезентација?

Катарскиот портал „Ал Раја“, тврди дека хрватскиот селектор Златко Далиќ постигнал договор со репрезентацијата на Катар. Споменатиот извор тврди дека Далиќ ќе го замени досегашниот селектор Феликс Санчез Лопез и веднаш ќе почне со работа бидејќи репрезентацијата на Катар овој месец ќе игра во Голф купот, кој се игра во Кувајт.

Далиќ има договор со ХНС до лето 2026 година, треба да ја води репрезентацијата во завршницата во Лигата на нации, квалификациите за СП 2026 година, но и самото Светско првенство во Северна Америка, доколку Хрватска избори пласман. Но, информациите од Катар велат дека се е договорено и дека наскоро Далиќ ќе биде претставен како нов селектор на Катар.

Далиќ ја презеде Хрватска на 7 октомври 2017 година. Досега ја водеше репрезентацијата на 93 натпревари и оствари 50 победи, 19 нерешени и 24 порази. Освои сребро и бронза медали на Светските првенства во 2018 и 2022 и сребро во Лигата на нации. Во својата кариера ги водеше и Риека, Динамо, Славен Белупо, Ал-Фајсали, Ал-Хилал У-23, Ал-Хилал и Ал-Аин.


Лапорта очајно бара пари и начин да го регистрира Дани Олмо за 2025 година

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, наводно работи напорно на плановите да го регистрира Дани Олмо за остатокот од сезоната. Како што стојат работите, Олмо е регистриран само до крајот на календарската година, што значи дека е потребно решение – и тоа брзо.

„Марка“ сега известува дека Лапорта има голем број идеи да ги собере потребните средства за да се осигура дека Олмо може да игра за првиот тим во 2025 година.

Барса веќе потпиша нов договор со „Најк“, иако тоа не е доволно за да се регистрира Олмо. Сепак, Барса „доставува документација за Ла Лига“ за да покаже дека приходот е поголем од првично очекуваното, што може да помогне. Трет план е да се организира турнеја во Азија во текот на летото. Клубот планира да одигра неколку натпревари во Азија, откако реши да не оди во САД поради Светското клупско првенство.


Валдемир Антон се повреди, Борусија Дортмунд еден месец без дефанзивецот

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Валдемар Антон, се здобил со кинење на мускулните влакна на препоните, поради што го очекува пауза од најмалку еден месец.

Антон сигурно ќе ги пропушти претстојните натпревари на „жолто-црните“ против Борусија (Менхенгладбах) во Бундеслигата и против Барселона во Лигата на шампионите.

Тој се повреди во првото полувреме на дербито против Баерн (Минхен) и мораше да биде принуден заменет. Од тимот од Дортмунд се надеваат дека дефанзивецот ќе биде на терен кон крајот на годината.


Ањелка: Мбапе мора да се адаптира на новата позиција во Реал

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Николас Ањелка, проговори за проблемите на Килијан Мбапе кој по доаѓањето од ПСЖ во текот на летото, не успева да ја покаже голгетерската вредност.

„Не му е лесно, тоа е негово прво искуство со настап во странство. Дојде во клуб кој освои се. Мислам дека ќе бидат трпеливи бидејќи Мбапе треба да се адаптира на новата позиција“ – вели Ањелка.

„Кога го гледам Мбапе, се гледам јас пред 25 години. Ги имав истите потешкотии, бев многу млад. Многу работи се случија во текот на сезоната а јас одбрав да си заминам“ – нагласи поранешниот член на Реал.


Бове се освести, се подобрува неговата здравствена состојба

Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове се освести во болница откако изгуби свест на денешниот натпревар од 14. коло од италијанското првенство против Интер.

На 22-годишниот фудбалер му се слоши во 17. минута од играта и се струполи на тревникот. Натпреварот поради оваа причина беше прекинат.

Лекарите се обидоа да го реанимираат на теренот, а Бове подоцна беше однесен со брза помош.

Забележано е дека играчот од средниот ред во моментов е свесен и дише самостојно. Според пишувањата на странските медиуми, Бове доживеал срцев удар и епилептичен напад. Тој ќе биде подложен на тестови за да се утврди причината за здравствените проблеми.


Хајдук пак го надигра Динамо и му побегна на врвот на ХНЛ

Хајдук во вечното дерби на хрватскиот фудбал го победи Динамо со 1-0. По 15 рунди во Хрватска, Хајдук е лидер, има седум бода повеќе од третопласираниот Динамо, а три од Риека.

Голот за победа го постигна Нико Сигур во 54. минута.

Хајдук ја имаше најдобрата шанса во преостанатиот дел од натпреварот, во 60. минута Ливаја можеше да го реши мечот, но голманот на Динамо Загорац го одбрани неговиот удар.

Динамо на крајот од мечот остана со играч помалку, поради груб фаул над Кровиќ, а по прегледувањето на видеото од ВАР, судијата го исклучи Рог.

Бурно беше и на трибините, на крајот од мечот гостинските навивачи, популарните „Бед Блу Бојс“ го преплавија теренот на Пољуд со факели.