feature

Јунајтед пак потопен, Вулверхемптон со гол од корнер до победа

Вулверхемптон вечерва го совлада Манчестер jунајтед на домашен терен за прв пат од 2019 година. Во 18. коло од Премиер лигата, Волвс победиja со 2-0, со головите на Матеус Куња и Хи-Чан Хванг, на кого Куња несебично асистираше во последните секунди од натпреварот.

Со оваа победа, Волвс го прескокна Лестер на 17. место на табелата во Премиер лигата и ја напушти зоната за испаѓање со втората последователна победа. Манчестер јунајтед, пак, го претрпе третиот последователен пораз во последната недела и моментално е на 14. место во англискиот шампионат.


Милан сака да го врати Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и одигра солидна сезона, но во последно време добива мала минутажа.

Дијаз блескаше во дресот на „росонерите“, па Реал одлучи да го врати како замена за Асенсио минатото лето.

Меѓутоа, Дијаз добива мала минутажа, а на лето конкуренцијата на неговата позиција додатно ќе се зголеми, па е спремен да ја промени средината.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е спремен да го пушти на лето, а најсилен интерес покажува Милан, кој сака да ја исправи грешката и да го врати на „Сан Сиро“.


Самуеле Ричи од Торино е зимската желба на Милан

Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Торино и италијански репрезентативец, Самуеле Ричи, пренесуваат италијанските медиуми.

23-годишниот Ричи игра одлично и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Веќе го доби питетот „новиот Пирло“, а неговата цена во моментов е помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Милан е во потрага по квалитетен играч за врска и го означил Ричи како примарна трансфер цел, но ќе мора да ја победи конкуренцијата.

Торино не сака да ја пушти својата ѕвезда на среде сезона, па овој трансфер е многу поверојатен следното лето.


Макс Верстапен го напушта Мекларен?

Сепак Холанѓанецот успеа да одолее на нападот на Норис иако имаше три месеци без победа, но триумфираше кога беше најпотребно – во Лас Вегас во ноември. Очигледно тоа го загрижи шампионот и сега размислува да си замине од тимот. Тој има договор до 2028 година, но Формула 1 експертот Марк Пристли не мисли го одработи целиот договор во тимот.

Пазарот на возачи во моментов е комплициран затоа што сите чекаат да видат како се менуваат правилата од 2026 година. Треба да го изберете тимот што мислите дека ќе го направи најдобриот болид, а тоа би можело да биде некој како Вилијамс. Тешко е да се каже дали Макс Верстапен, ќе го гледаме во Мекларен, тие имаат двајца млади и перспективни возачи, но очекувањата на тимот е големи. Знам дека се подготвуваат да се натпреваруваат со најдобрите тимови и можеби тоа е можност за Верстапен, посочи Пристли.


Дончиќ се повреди во божиќниот натпревар на Маверикси

Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ, поради повреда го пропушти вториот дел од натпреварот од регуларната сезона во НБА лигата против Минесота.

Дваесет и петгодишниот Словенец три минути пред крајот на првото полувреме го напушти теренот со накривнување. Клубот на социјалните мрежи објави дека кошаркарот имал истегнување на мускулот на левата потколеница.

На овој натпревар Дончиќ за 16 минути на паркетот постигна 14 поени, забележа пет скока и две асистенции.

Словенечкиот кошаркар ги пропушти претходните два натпревара поради повреди на петицата.

Далас со биланс 19 победи и 11 порази во моментов се наоѓа на 4. место во Западната конференција на најсилната кошаркарска лига на светот.


Кардинале го претстави планот за развој на Милан

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, изјави дека не бара да го американизира клубот. Неговата компанија – „RedBird Capital Partners“ го купи италијанскиот клуб во 2022 година.

„Не сакам да го американизирам Милан иако се обидувам да имплементирам некои американски практики кои можат да го однесат Милан на ново ниво. Се фокусирам и на бизнисот.

Во САД, односот меѓу сопствениците на клубовите и лигите е различен. Тука има повеќе различни нивоа – Серија А, Италијанска фудбалска Федерација, ФИФА, УЕФА, За мене е тоа процес на учење“ – изјави Кардинале.


Кимих е сонот на Флорентино за наследник на Крос

Дефанзивниот играч за врска на Баерн Минхен и германската репрезентација Џошуа Кимих може да се приклучи на тимот на Реал Мадрид.

Ова го објави новинарот Флоријан Плетенберг на својата страница на социјалната мрежа Х.

Според изворот, раководството на Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата во Баерн и е подготвено да му понуди договор на Германецот. Реал Мадрид верува дека играчот може да стане замена за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, кој ја заврши кариерата во јули оваа година.

Претходно се дозна дека Баерн го чека Кимих да донесе одлука за продолжување на договорот во јануари. Актуелниот договор на играчот од средниот ред со клубот трае до крајот на тековната сезона.


Салах се согласил на нов договор со Ливерпул

Мохамед Салах е блиску до потпишување на нов договор со клубот од „Енфилд“. Новиот договор ќе важи до 2027 година со опција за продолжување на уште 12 месеци. Ова го објави познатиот новинар и инсајдер Николо Шира на социјалната мрежа Икс.

Салах игра за Ливерпул од летото 2017 година. Како дел од клубот од „Енфилд“, Египќанецот ја освои англиската Премиер лига, домашните купови, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство на ФИФА.

Претходно, Салах стана првиот играч во историјата на англиската Премиер лига кој постигнал 10 или повеќе голови и дал 10 или повеќе асистенции во четири последователни сезони од англискиот шампионат. Напаѓачот стана и првиот играч кој успеа да постигне 15+10 во системот „гол+асистенција“ пред Божиќ во првенството.

Севкупно, оваа сезона напаѓачот одигра 24 натпревари за клубот во сите натпреварувања, во кои постигна 18 гола и даде 15 асистенции.


Артур добива нова шанса во Шпанија, ќе игра за Бетис

Бразилскиот фудбалер кој е член на Јувентус, Артур Мело наскоро би можел да се врати во Шпанија и тоа во екипата на Реал Бетис со која е блиску до договор.

Информациите од Шпанија се дека преговорите се во завршна фаза и наскоро се би можело да биде официјализирано. Артур во Бетис би пристигнал на позајмица, но клубот сака да обезбеди и откупна клазула во неговиот договор.

Личните услови фудбалерот ги договори и според најавите ќе потпише на четири години. Ќе потсетиме, Артур во Европа пристигна од Гремио, но во Барселона не успеа да ги исполни очекувањата.

Слично беше и по преселбата во Јувентус во размена со Ливерпул, а не се истакна и во Ливерпул и Фиорентина каде што „старата дама“ го испраќаше на позајмици.


Тотенхем сака по секоја цена да потпише нов договор со Сон

Тотенхем сака да ја активира опцијата за продолжување на договорот на една година со напаѓачот Сон Хеунг-Мин, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс.

Актуелниот договор на корејскиот фудбалер е до летото 2025 година.

Претходно се појавија информации за интерес за фудбалерот од страна на Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед.

Оваа сезона 32-годишниот Сон настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола и беше творец на шест асистенции.