Стефан Савиќ по осум години го напушта Атлетико Мадрид
Црногорскиот фудбалер Стефан Савиќ по осум успешни години е пред заминување од Атлетико. Поранешниот играч на Партизан, Манчестер сити и Фиорентина оваа сезона падна во втор план кај тренерот Чоло Симеоне и одигра само 972 минути во сите натпреварувања.
Турските медиуми пишуваат дека Фенербахче инсистира на трансферот на официјално најдобриот црногорскиот фудббалер во 2023 година.
Дека Атлетико е подготвен да се раздели со Савиќ покажува и податокот дека клубот за него нема да бара обесштетување.
Вуко Борозан потпиша за клуб од Саудиска Арабија
Црногорскиот ракометар Вуко Борозан, по настапот на Европското првенство си обезбеди трансфер во Саудиска Арабија и во следните шест месеци ќе го носи дресот на Ал Хада.
Левиот бек на почетокот на оваа сезона беше претставен како големо засилување во црногорскиот шампион Ловќен, но двете страни спогодбено го раскинаа договорот.
Јуве го договори Филипе Андерсон од Лацио
Јувентус е во напредни преговори со ѕвездата на Лацио, Филипе Андерсон, пренесуваат италијанските медиуми. Имено, договорот на Филипе Андресон со Лацио истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.
Алегри многу ги цени квалитетите на Бразилецот и сака да го има во својот тим, па Јувентус сака да ја искористи ситуацијата.
„Бјанконерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент и двете страни се блиску до договор.
Филипе Андерсон ќе биде првото засилување за Јувентус за следната сезона и тоа бесплатно.
Реал пред Сити на листата на клубови со најголеми приходи
Реал Мадрид го надмина Манчестер Сити по приходи за сезоната 2022/2023, според годишниот финансиски извештај на „Делојт“..
Кралевите минатата сезона оствариле вкупни приходи во висина од 831,4 милионин евра и по пауза од шест години, се вратија на врвот на листата на „Делојт“. Веднаш зад Реал Мадрид се наоѓа актуелниот европски и англиски шампион Манчестер сити со приходи од 826 милиони евра.
Границата од 800 милиони евра заработка ја надминаа само уште два тима, ПСЖ со речиси 802 милиони и Барселона со 800,1 милиони евра.
Во извештајот на „Делојт“ се наведува и дека најголем приход за клубовите доаѓа од спозорски договори, додека приходиѕе од ТВ правата пораснале за скромни 5%.
Пеп жестоко одговори на обвинувањата на Чеферин
Пеп Гвардиола изрази незадоволство поради изјавите на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
Чеферин пред неколку дена зборуваше за обвинувањата за прекршување на Финансискиот фер-плеј од страна на премиерлигашот потенцирајќи дека УЕФА била во право кога го казнила со две години суспензија од европските натпреварувања.
Таа одлука подоцна беше поништена од Спортскиот арбитражен суд, меѓутоа сега Сити повторно е под истрага.
Гвардиола смета дека Чеферин како адвокат по професија треба да знае дека не треба да дава такви коментари.
„Како адвокат и како претседател на УЕФА треба да знае дека за такви коментари треба да се покаже. Мора да знае дека треба да ја почитува процедурата и дека ние имаме право на одбрана“, изјави Гвардиола.
Инаку, Манчестер Сити е обвинет по дури 115 точки за прекршување на финансискиот фер-плеј, а судењето би требало да се заврши во текот на оваа или почетокот на следната година.
Зиелински и Тареми бесплатно доаѓаат во Интер
Интер постигна договор со две големи увезди кои на лето треба да пристигнат на „Џузепе Меаца“ без обештетување.
Станува збор за плејмејкерот на Наполи, Пјотр Зиелински и напаѓачот на Порто, Тереми, чии договори со клубовите истекуваат на крајот на сезоната.
Италијанските медиуми тврдат дека договорот е постигнат, и дека Зиелински ги договорил личните услови со „нероаѕурите“. Со Интер тој ќе потпише соработка на три години со опција за продолжување на уште една сезона.
Што се однесува до Тереми, тој веќе ставил потпис на преддоговор и исто така на лето ќе пристигне во Милано како слободен агент.
Ристе Јанков е нов чувар на мрежата на штипска Брегалница.
За 25-годишниот голман ова е враќање во македонскиот фудбал каде што бранеше за Работнички. Во редовите на Брегалница Јанков пристигнува од романскиот тим Политехника Јаши.
Со овој клуб Јанков успеа од втората да стигне до првата лига во Романија, но потоа го загуби првотимскиот статус. Во потрага по клуб каде што ќе има редовно место помеѓу стартерите, Јанков побара предвремен раскин на договорот и се врати во ПМФЛ.
Јанков е дете на Работнички и неколку сезони беше прва „единица“ на клубот од Дебар маало. По Работнички имаше кратка епизода во Каспија од Казахстан, а во Романија пристигна во август 2022 година.
Своевремено беше дел од У21 репрезентацијата на Македонија, но добиваше повик и во А селекцијата со која беше дел и од Европското првенство во 2021 година како трет голман.
Шпанците сакаат да го срушат рекордот, поодготвуваат ракометно финале пред 80.000 луѓе
Рекордот што го поставија Германците на првиот ден од Европското првенство во Диселдорф и бројката од 53.586 гледачи, најверојатно нема да трае долго време.
Шпанска „Марка“ пишува дека претседателот на тамошната федерација, Франциско Блазкез открил дека планот е финалето на Европското првенство во 2028 што ќе се игра во Швајцарија, Португалија и Шпанија е да се игра на стадион.
Разговараме со шпанската федерација за финалниот викенд наЕП 2028 да се игра во Мадрид и би било убаво ако тоа е стадионот „Сантијаго Бернабеу“. До пред некое време стравувавод идејата за финале на стадион бидејќи секогаш постои ризик нешто да не функционира како што треба. Но сега верувам дека ако постои добраорганизациска подготвеност тоа е сосема реално. Името „Бернабеу“ звучи навистина добро. 2028 е далеку, но интензивно ги разгледуваме сите аспекти заоваа идеја да се реализира, изјави претседателот наЕХФ, Михаел Видерер за германскиот „Билд“.
Станува збор за стадионот „Сантијаго Бернабеу“, кој има капацитет од 83.000 гледачи кога се работи за фудбалски натпревари, но како и да биде адаптиран за ракометен натпревар би имало повеќе гледачи отколку во Диселдорф.
Претходно ЕП 2026 година ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка, но скандинавците веројатно нема да експериментираат со играње ракометни средби на фудбалски стадиони.
Ако не го доведе Трипие, Баерн ќе го купи Бое од Галатасарај
Баварците веќе неколку недели се обидуваа да го доведат Мукиеле од ПСЖ и Трипие од Њукасл, но без успех, па се насочија кон други цели.
Сега информациите велат дека почнале преговори со Галатасарај за 23-годишниот Французин, Саша Бое.
Двата клуба се во напредни преговори, а играчот веќе се договори со клубот од „Алијанц Арената“. Се очекува утре Бое да пристигне во Минхен на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот.
Повредата на Балде е сериозна, се враќа дури следната сезона
Барселона беше елиминирана од Копа дел реј, но уште поголем проблем за тренерот Чави е тешката повреда што ја заработи левиот бек Алехандро Балде, пред кого сега е долга пауза од фудбалските терени.
Деталните прегледи покажале дека станува збор за повреда на бицепсот на десната нога, но иако вообичаено при повреди на мускулите паузата не е подолга од два месеци, овојпат ситуацијата е многу посериозна.
Балде ќе мора да замине на хируршки зафат, по што ќе претстои пауза од најмалку четири месеци, што би значело дека за офанзивниот лев бек оваа сезона предвреме е завршена.