feature

Салах спремен да потпише нов договор со Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах по се изгледа ќе потпише нов договор со англискиот клуб.

Според новинарот Екрем Конур, Ливерпул е заинтересиран да го продолжи договорот со Салах до летото 2027 година.

Египетскиот фудбалер во Ливерпул се пресели од Рома во 2017 година. Сезонава одигра 26 натпревари на сите турнири, на кои постигна 16 гола и реализираше осум асистенции.


Ѓоковиќ: Алкараз ќе доминира во следните десет години

24-кратниот победник на Грен слем собирите и лидер на ранг-листата на Здружението на тениски професионалци (АТП), српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, го искажа  мислењето за вториот рекет на светот, 20-годишниот Шпанец, Карлос Алкараз.

„Тој ќе биде еден од најголемите лидери во тенисот во наредните 10-15 години. Дефинитивно ќе продолжиме да гледаме многу работи од него на големите турнири. Надал не играше во 2023 година, Федерер се пензионираше. Нашата генерација си заминува а тоа што се појавува во Алкараз е одлично“, изјави Ѓоковиќ.


CASHOUT опција во Евротип!

Cashout е опција која им дава можност на клиентите за предвремена исплата на тикетите.

Cashout опцијата може да биде достапна за сите видови на тикети без разлика на кој спортски натпревари или други настани се обложувал учесникот.

Евротип нуди единствена можност за предвремена исплата на тикет.

Доколку сте погодиле повеќе натпревари или коефициент кој наближува до вкупниот на тикетот, алгоритмот на Евротип ви нуди одредена сума од потенцијалната добивка која можете да ја повлечете без да чекате на исходот на последните натпревари или имате можност и да не ја прифаќате истата и да се решите да ризикувате за крајната добивка.

Искористете ја можноста за предвремена исплата на Вашиот активен тикет, #CashOut во Вашата омилена локална #Евротип спортска облоложувалница.


Тонали со најголем пад на вредноста во 2023 година

Сандро Тонали е играч кој има најголем пад на вредноста во англиското првенство.

На ажурираната листа на порталот „Трансфермаркт“, Италијанецот загуби 20 милиони евра од вредност. Сега неговата вредност е 40 милиони. Првите тројца на листата се Мејсон Маунт (Манчестер јунајтед) чија вредност падна од 60 на 45 милиони евра и Ентони (Манчестер јунајтед) чија вредност падна од 50 на 35 милиони евра.

Тонали по доаѓањето во Њукасл се соочи со суспензија поради нелегално обложување додека беше фудбалер на Милан.


Крамариќ по осум сезони се сели од Германија во Италија

Андреј Крамариќ би можел по осум години да го напушти Хофенхајм и кариерата да ја продолжи во Италија. Неговиот агент Винченцо Каваљере истакна дека 32-годишниот напаѓач има понуди од Апенините и веќе во јануари би можел да заигра во Италија.

„Крамариќ ги следи случувањата во Италија и е убеден дека може да биде стартер во било кој тим. Хофенхајм сака да го задржи, но се може да се случи“, изјави Каваљере и додаде:

„Профилот на Андреј е привлечен за големите клубови, многу брзо би можело да се случи да ја промени средината“, изјави неговиот агент.

Во изминатите осум години Крамариќ испиша историја во Хофенхајм постигнувајќи 123 гола на 267 натпревари, покрај тоа додаде и 51 асистенција.


Брера го врати Даниел Миловановиќ во Струмица

Даниел Миловановиќ, кој пред две сезони играше за првиот тим на Академија Пандев, по краткиот престој во Унгарија повторно се врати во Струмица. Како што објавија од екипата на Брера Струмица, Миловановиќ ќе биде ново засилување за прволигашот.

Тој спогодбено го раскина договорот со унгарскиот прволигаш Залаегерсег. 25 годишниот Миловановиќ е на Тиквеш од Кавадарци и ќе биде одлично освежување на десната крилна позиција.


Јанц се повреди, Словенија без големиот ас на Европското првенство

Ракометната репрезентација на Словенија има голем проблем затоа што на Европското првенство кое ќе се игра во јануари ќе мора без најдобриот играч Блаж Јанц.

Десното крило кое е член на Барселона во последниот месец има проблеми со грбот. Поради нив го пропушти стартот на подготовките, а иако имаше оптимизам, сепак, нема да може да помогне на ЕП 2024.

„Да играм за репрезентацијата за мене е чест така што навистина ми е жал што ќе го пратам ЕП 2024 во улога на навивач. Иако срцето сака да биде поинаку, паметот вели дека не смее да се брза со работите кога повреда е во прашање. Им благодарам на сите за поддршката и на сите кои ми помогнаа на прегледите“, изјави Јанц.

Играчот дебитираше за репрезентацијата во 2016 година, а досега забележа 96 настапи на кои постигна 344 гола.


Саудијците го зголемуваат бројот на странци, нови звезди наскоро ќе пристигнат

Саудиската про лига во текот на летото стана побогата за бројни светски ѕвезди, но се чини дека немаат намера да застанат.

Напротив. Според британски „Телеграф“, раководството на саудиската професионална лига планира да ја зголеми границата за странски играчи на 10. Тие сметаат дека зголемувањето на лимитот за странски фудбалери ќе го подобри имиџот на натпреварувањето и ќе му даде на саудиското првенство поголема моќ на светскиот пазар.

Во моментов клубовите од Саудиска Арабија можат да имаат осум фудбалери од странство.

Во јануари 2023 година, португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо се пресели во Ал Наср и ја отвори вратата за пристигнувањето на бројни светски ѕвезди во арапската земја.

Веќе во летниот период тамошните клубови потрошија вкупно една милијарда евра за ангажирање нови играчи!

Меѓу играчите кои дојдоа во Саудиска Арабија се Марез, Бензема, Митровиќ, Сергеј Милинковиќ Савиќ, Малком, Нејмар, Менди, Фабињо, Мане, Лапорте, Брозовиќ, Фереира Караско, Кулибали, Рубен Невес, Хендерсон, Вајналдум… но и бројни, скапо платени тренери.


Симон Аман ќе скока на новогодишната турнеја и на 42 години

Швајцарскиот ски-скокач Симон Аман на 42-годишна возраст ќе настапи на својата 25 Новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

Тој се наоѓа на списокот на репрезентацијата што го објави Швајцарската скијачка федерација.

Четирикратниот олимписки шампион од 2002 и 2010 година ќе биде на скокалниците во Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен во тим со Грегор Дешванден, Килијан Пејер и 20-годишниот Рем Имхоф.

Многумина очекуваа дека ланската олимписка сезона ќе биде последна за Аман, но тој повторно беше вклучен во репрезентацијата пред новата сезона.

Светски првак стана во 2007 година во Сапоро, има 23 индивидуални победи на Светското првенство и 80 пати бил на подиумот.

Новогодишните празници тешко се замислуваат без „Четирите скокалници“, традиционално натпреварувањето започнува во двата германски зимски центри Оберстдорф (29 декември) и Гармиш-Партенкирхен (1 јануари), а потоа најдобрите светски натпреварувачи се селат во Австрија, односно Инсбрук (3 јануари) и Бишофсхофен (6 јануари).


Рајан Черки интересен за Наполи и Јуве

Наполи и Јувентус покажуваат сериозен интерес за младиот талент на Лион, Рајан Черки, пренесуваат француските медиуми.

20-годишниот офанзивен играч за врска игра одлична сезона за Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.

Черки на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лион е спремен да слушне понуди, а италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација.

Лион за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која Наполи и Јувентус се спремни да ја платат.