feature

Киеза прв пик за новиот Ливерпул

Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул имаат желба да го ангажираат крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза, како евентуална замена за Мохамед Салах кој со едната нога е надвор од „Енфилд“.  

26-годишниот играч кој се соочи со серија на повреди, не влегува во плановите на тренерот, Алегри и лесно може да си замине од Торино.

Трансферната сума би била околу 40 милиони евра. Киеза има 119 натпревари, 29 голови и 22 асистенции за „старата дама“ .


Тотенхем сака да го откупи Тимо Вернер

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, кој игра како позајмен од Лајпциг, може да остане во лондонскиот клуб, пренесуваат медиумите од – „колевката на фудбалот“.

Според изворот, управата на „Спарси“ е задоволна од настапот на 28-годишниот Германец и планира да му понуди перманентен договор.

Вернер кој одигра 23 натпревари за англискиот тим  со ефект од 4 голови и 3 асистенции, има пазарна вредност од околу 17 милиони евра.


Милитао започна со тренинзи, Анчелоти доби засилување во одбраната

Милитао доживеа тешка повреда и подолго време беше надвор од стројот, но сега конечно се враќа во тренажен процес и наскоро се очекува неговиот „кам-бек“ на терените.

„Милитао конечно се врати и тренира со тимот. Ќе биде во составот за следниот натпревар, но не знам дали ќе добие минутажа. Првичните тренинзи поминаа одлично и наскоро го очекуваме повторно со неговите вообичаени настапи“, рече Анчелоти.

Неодамна Милитао доби и нов договор од „кралевите“, што само ја потврдува довербата од управата на најтрофејниот европски клуб.


Унгарски Ѓер ја повлече „осумнаесетката“ на Аморим

Ракометарката Едуарда Аморим Талеска ќе добие уште едно признание за нејзината големина.

На почетокот на мај, Ѓер, клубот во кој мина најголем дел од својата кариера и со кој петпати во низа ја освои Лигата на шампионите ќе го „пензионира“ нејзиниот број на дрес.

„Во Ѓер ќе го повлечат од употреба мојот дрес. Тоа ќе се случува во четвртфиналето од Лигата на шампионите, на натпревар кој ќе се игра на 4 или 5 мај. Тоа е голема чест. Верувам дека ќе биде многу емотивно и убаво повторно да се биде таму“.


Колинс го освои турнирот во Мајами

Американската тенисерка Даниеле Колинс го освои трофејот во Мајами, откако славеше со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-3 против Елена Рибакина.

Првиот сет беше решен со брејк во 12. гем, кога Колинс го нападна сервисот на противничката и ја искористи третата брејк-топка за да стигне до 7-5 во сетот.

Колинс и Рибакина водеа голема битка во вториот сет, но Американката со два брејка на противнички сервис стигна до 6-3 и трофејот на турнирот.


Супер глоуб по неколку години се враќа во Европа

Ракометното светско клупско првенство, Супер Глоуб, најверојатно ќе се игра повторно во Европа.

Договорот меѓу Светската ракометна федерација и Саудиска Арабија, кој беше потпишан на четири години заврши и нема да биде продолжен, а шпекулациите велат дека Супер Глоуб би можел да се игра на европскиот континент.

Со оглед на тоа што Саудијците се откажаа од можноста да организираат Мундијал, јасно е дека интересот за ракометот не се зголеми и ќе се концентираат на други спортови.

Првото издание на Супер Глоуб, кое беше и последно во Европа, се одржа во Виена во 1997 година, а потоа се играше во Доха и во Каиро во 2002 и 2007 година.

Без прекин почна да се одржува од 2010 година до 2023 година, а два домаќини беа Катар и Саудиска Арабија. Последните три трофеи на ова натпреварување ги освои бундеслигашот Магдебург.


Зидан одбил да седне на клупата на Баерн

Зинедин Зидан нема да го води Баерн на крајот од актуелната сезона, објави новинарот Флоријан Плетенберг.

Според Плетенберг, раководството на тимот од Минхен не е заинтересирано за потпис со францускиот фудбалски стручњак.

Под водство на 51-годишниот Зидан, Реал три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а два пати стана шампион на Шпанија. Баерн претходно објави дека главниот тренер Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот од сезоната 2023/24.

По 26 кола во германското првенство, тимот од Минхен е на второто место со 60 бодови. Заостатокот од водечкиот Баер Леверкузен е 10 бода.


Меси и натаму е поврeден, нема да игра ни на првите априлски мечеви за Интер Мајами

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси нема да игра против Њујорк Сити во натпреварот од регуларната сезона на МЛС лигата.

36-годишниот Аргентинец веќе ги пропушти натпреварите против ДЦ Јунајтед (3-1) и Њујорк Ред Бул (0-4).

„Лео работи со физиотерапевти. Тој е надвор од групата за викенд мечот. Тој нема да биде достапен бидејќи се обидуваме да направиме се што е можно за да може да игра на домашен терен следната среда против Монтереј“, изјави членот на стручниот штаб на Интер Мајами, Хавиер Моралес.

Оваа сезона Меси одигра 5 натпревари во сите натпреварувања, постигна 5 гола и имаше уште 2 асистенции.


Ајнтрахт го враќа Ван де Бек на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги оправда очекувањата.

Ван Де Бек не докажа дека е достоен за дресот на гигантот од „Олд Трафорд“ освен што не се вклопи, туку имаше и проблеми со повредите, а во меѓувреме пристигнаа и други играчи, па за него немаше место.

Јунајтед го испрати на позајмица во Ајнтрахт, каде исто така не се снајде, стартуваше само 4 натпревари во вториот дел од сезоната и германскиот клуб нема намера да го откупи неговиот договор, па така тој ќе се врати во Јунајтед со кој има договор до јуни 2025 година.

Клубот сака да се ослободи од неговата плата и најавите се дека ќе сео биде да го продаде за десет милиони евра, па и помалку. Ајакс од каде што пристигна во Јунајтед, наводно веќе ги направил првите контакти.


Ембид спремен да се врати на терените за плеј-офот

Џоел Ембид на 30 јануари против Голден Стејт го повреди менискусот на коленото, а постоеа шанси да го пропушти остатокот од сезоната.

Најдобриот играч нза 76ерси беше опериран на шести февруари, а според најавите од Соединетите Американски Држави, би можел многу порано од планираното да се врати во тимот.

Овие информации ги потврди и тренерот Ник Нурс, кој само кратко ја прокоментира ситуацијата околу повредата на најдобриот играч.

Филаделфија без Ембид го загуби фаворитскиот статус во лигата, меѓутоа доколку тој успее да се врати пред почетокот на плеј-офот, може да направи разлика.