feature

Анчелоти мерка засилување од Милан за Реал Мадрид

Карло Анчелоти сака во зимскиот преоден рок да ја засили
одбраната на Реал Мадрид, а позната е најголемата желба.
Милитао ќе ја пропушти целата сезона поради повреда, па
„кралевите“ имаат потреба од дефанзивец, а прво име на
списокот е Малик Тиао од Милан. 21-годишниот Германец
импресионира со своите настапи во последно време и веќе
дебитираше за германската репрезентација.


Тој се зацврсти во стартниот тим на „росонерите“, па веќе важи за
еден од најголемите таленти.

Реал Мадрид сака да го доведе во јануари спремил понуда од 20
милиони евра, но ќе биде тешко да се убеди Милан да го пушти
својот „бисер“.


Конте негира дека ќе го преземе Наполи

Трофејниот италијански стручњак Антонио Конте денеска ја
отфрли можноста да го преземе шампионот во Серија А, Наполи
во случај италијанскиот шампион да ја прекине соработката Руди
Гарсија поради серијата лоши резултати.
„Слушам упорни гласини за трансфери кои ме поврзуваат со
разни клубови, но повторувам, единствена желба ми е да се
одморам и да уживам со семејството“ објави Конте на Инстаграм.
Претходните денови медиумите пишуваа дека Французинот
Гарсија ќе биде сменет како тренер на Наполи, но тоа не се
случи. Наполи претрпе два порази на домашен терен, од Реал во
Лигата на шампионите и Фиорентина во Серија А. По осум
одиграни кола, шампионот на Италија има седум бода помалку од
лидерот Милан.


Винчиќ ќе суди во дуелот меѓу Украина и Македонија

Словенечкиот судија, Славко Винчиќ ќе ја дели правдата на
саботниот дуел со Украина во Прага. УЕФА ги одреди судиите за
престојните квалификациски натпревари, а на Винчиќ ќе му
помагаат неговите сонародници Томаж Кланчник и Андраж
Ковачиќ.
Саботниот натпревар меѓу Украина и Македонија се игра во Прага
со почеток од 15:00 часот.


Барса го враќа Тиаго Алкантара?

Тиаго Алкантара наскоро би можел да се врати во Барселона.
Шпанецот од Ливерпул континуирано го мачат повреди, а сега во
конкуренција со Доминик Собослај и Алексис Мекалистер тешко
дека ќе добие прво место во тимот.
Неговиот договор со Ливерпул е до 2024 година, па тој следното
лето станува слободен агент.
Алкантара ја напушти Барса во 2013 година.


Миовски: Украина е најважниот натпревар во групата

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски, на еден
од последните тренинзи во Скопје пред дуелот со Украина во
Прага, вели дека нашата репрезентација ја очекува најважниот
меч во овие квалификации.
„Имавме позитивни резултати на последните два меча со Италија
и Малта. Има една одлична атмосфера и треба да го задржиме
тој моментум и да го искористиме на најдобар можен начин.
Играме со Украина во еден од најбитните натпревари во оваа
група. Ако победиме ќе ги закомпликуваме работите во групата, и
секако имаме шанси за тоа второ место во групата. На секој меч
целиме на победа на три бода, но тоа што се случува на терен не
можеме секогаш да биде како што треба. Но, се надевам дека
сите што е истрчаат на терен ќе бидат сплотени како екипа, ќе
дадеме се од себе да го израдуваме македонскиот народ. Сега
сме фокусирани само на овој натпревари и на овие три бода“,
вели напаѓачот на шкотски Абердин.


Арсенал во јануари го носи Виктор Осимен ?

Арсенал наводно е подготвен да направи сè за во јануари да го купи фантастичниот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен.

Медиумите од Островот пишуваат дека Арсенал е подготвен да го понуди Габриел Жесус плус да додаде десетина милиони евра за Нигериецот. Осимен во моментов вреди околу 120 милиони евра, иако претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кажа дека нема да го продаде ниту за 200 милиони евра.

Ова се проблеми за Челси, кој веќе неколку пати покажа интерес за Осимен и сака да тргне по неговите услуги во јануари, но сега мора да се соочи со конкуренција од градскиот ривал.


Тодибо нова желба на управата на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед не се откажува од трансферот на францускит дефанзивец, Жан Клер Тобидо, пренесува „Екип“.

23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици. Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Манчестер Јунајтед се обиде да го доведе во летниот преоден рок, но  не успеа да постигне договор со Ница.

Тен Хаг бара нов дефанзивец и верува дека Тобидо одлично ќе се вклопи во тимот, па „црвените ѓаволи“ ќе испратат нова понуда во јануари.


Роналдо ќе игра и на следното Светско првенство

Кристијано Роналдо сака да го продолжи договорот со клубот од Саудиска Арабија до јуни 2027 година.

Роналдо, кој веќе има 38 години, на крајот на минатата година потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година.

Роналдо сега им порачал на клупските челници дека сака да остане. Тој планира да игра на Светското првенство во 2026 година како играч на Ал Наср. Неговата намера според најавијте е да стави крај на кариерата по тој Мундијал. Кога е клупската кариера во прашање, Роналдо е среќен во Ал Наср и задоволен од животот, па не размислува за промена.

Во репрезентативната пауза која следи Роналдо ќе ја предводи селекцијата на Португалија во квалификациските натпревари за ЕП 2024 против Словачка и Босна и Херцеговина.


Баерн ги обнови преговорите со Палиња

Во последниот ден од преодниот рок на на Баерн Минхен му пропадна трансферот на играчот на Фулам, Жоао Паљиња, но Баварците не се откажуваат од Португалецот.

Фулам во август не успеа да најде соодветна замена, па клубот од Лондон не дал зелено светло за комплетирање на трансферот вреден 65 милиони евра. Баерн има комплетен договор со играчот, но и со Фулам и понудата од 65 милиони евра се уште стои на маса, па се надева дека ќе го комплетира трансферот во јануари.

Џошуа Кимих не е во плановите на тренерот Тухел, кој инсистира да го засили средниот ред токму со Паљиња.


Јуве ја спасува кариерата на Џејдон Санчо

Џејдон Санчо е во центарот на вниманието откако влезе во конфликт со тренерот Тен Хаг и сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Англичанецот влезе во расправија со тренерот Тен Хаг и јасно е дека нема да добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината. Најсилен интерес за него покажуваше Борусија Дортмунд, но „милионерите“ се откажаа бидејќи се загрижени за неговата дисциплина.

Јунајтед сака по секоја цена да се ослободи од Санчо и е спремен да го пушти на позајмица плајќајќи дел од неговата плата.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус, кој е спремен да го доведе Англичанецот во јануари на позајмица со можност за откуп.