feature

Адејеми се повреди, се враќа на крајот од јануари

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карем Адејеми, ќе мора да биде надвор од терените подолг период, објави вечерва германскиот состав.

Офанзивниот играч за врска се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и засега не се знае колку време ќе мора да оди на рехабилитација.

Оптимистичките прогнози велат дека играчот на „милионерите“ може да му се стави на располагање на тренерот, Един Терзиќ, некаде кон средината на јануари.


Лапорта му изрече доверба на тренерот Чави

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за иднината на главниот тренер на каталонскиот клуб Чави. Претходно почнаа шпекулации дека Шпанецот може да биде разрешен од функцијата.

„Ние целосно му веруваме на Чави. Нема ништо од тие гласини“, рече Лапорта.Во моментов Барселона е на третото место во поредокот на шпанскиот шампионат со 35 бодови.

Тимот заостанува девет бода зад водечката Џирона. Актуелниот договор на Чави со каталонска Барселона е до јуни 2025 година.


Роберто Карлос седнува на клупата на косовската репрезентација

Репрезентацијата на Косово е во потрага по нов селектор, а откако не успеа опцијата со Блаж Слишковиќ сега медиумите во оваа земја пишуваат за две имиња.

Едната опција е легендарниот турски стратег Шенол Ѓунеш кој во 2002 година ја водеше репрезентацијата на Турција до третото место на Светското првенство, додека втората е уште попознато име.

Наводно, во игра е легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос. Карлос долги години како фудбалер го носеше дресот на Бразил, а на клупски план најголемите успеси ги оствари во Реал Мадрид.

Се истакнува дека раководството на Косово го преферира Ѓунеш кој имал и понуда од Азербејџан.


Рикелме пред промоција за прв човек на Бока Јуниорс

Хуан Роман Рикелме убедливо победи на изборите одржани во претходниот ден.

Рикелмер кој досега беше потпретседател освои 64% од гласовите на вкупно 43.367 гласачи кои се појавија на „Ла Бомбониера. Противник на Рикелме му беше Андрес Ибара кој доби поддршка и од аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, но ниту тоа не му помогна.

Претходно токму Милеи предизвика многу контроверзии предложувајќи Бока да биде приватизирана, тој предлог беше месовно одбиен од навивачите. Веројатно и таа ситуација е една од причините за убедливата победа на Рикелме.

Сега пред Рикелме е тежок период на реконструкција во клубот кој играше финале на последното издание на Копа Либертатодрес, но во новата нема да учествува во елитното натпреварување во Јужна Америка.


Доминик Соланке на пат кон „Емирати“

Арсенал е спремен да се засили со фудбалер на Ливерпул. Се работи за 26-годишниот фудбалер на Бурнмаут, Доминик Соланке, за кого се подготвени да платат 50 милиони евра.

Фудбалерот кој има еден настап за репрезентацијата на Англија, во 2017-тата година од Челзи како слободен агент се пресели во Ливерпул, но не се прослави.

За две години одигра само 21 натпревар, а постигна погодок и тоа во купот. Во 2019-тата година за 19 милиони евра беше купен од Бурнмаут, што претставуваше вистински потег во неговата кариера, бидејќи за “црешите“ одигра 177 натпревари и постигна 61 гол.


Алаба ги скина лигаментите, го чека долга пауза

Давид Алаба заработи повреда и мораше да биде заменет со Начо уште во 35. минута, а клубот два часа подоцна ја потврди најлошата верзија од која стравуваа и фановите.

Австрискиот репрезентативец ги оштетил лигаментите на левото колено и ќе мора да биде опериран, што значи дека за него сезоната е веќе завршена.

Повредата на лигаментите бара долга рехабилитација и јасно е дека Реал загуби уште еден првотимец, кој само го надополни списокот на играчи во составот на Карло Анчелоти, кои сезонава се испратени на принудна пауза.


Навивачот расист на Олимпијакос доби доживотна суспензија од терените

Навивачот на Олимпијакос што го навредуваше евролигашкиот судија Жозеф Бисанг од Франција, доби доживотна суспензија од натпреварите во Евролигата и во Еврокупот, додека тимот од Пиреја веднаш му го одзеде сезонскиот билет.

По тој повод, итно реагираше Евролигата, објавувајќи соопштение.

Евролигата изрече забрана за навивач и доживотно му забрани влез на кој било натпревар организиран од Евролигата (вклучувајќи го и Еврокупот) и на кој било негов настан, поради расистички коментари упатени кон еден од членовите на нашиот судиски тим на натпреварот Олимпијакос – Валенсија, одигран на 15 декември 2023 година – се вели во соопштението на Евролигата.


Мурињо му се извини на Ренато Санчез за необичната измена

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо му се извини на играчот од средниот ред Ренато Санчез за замената вчеравечер на дуелот со Болоња во 16. коло од Серија А.

„Сакам јавно да му се извинам на Ренато бидејќи тоа што требаше да го направам беше многу тешко, но ова е уште потешко за тренерот. Мислам дека тоа го направив три или четири пати во кариерата и се извинувам, изјави Мурињо.

Санчез на теренот влезе во 46. минута, а по само 18 минути Мурињо го повлече од игра. Рома го загуби мечот со 2-0.

По 16 кола Рома се наоѓа на 7. место во поредокот на италијанскиот шампионат со 25 бодови. Лидер е Интер (41 бод).


Анчелоти: Има време за нов договор со Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека има уште
многу време да одлучи дали ќе потпише нов договор со Реал Мадрид.
Во последната година 64-годишниот Италијанец постојано се
поврзуваше со селекторската функција во репрезентацијата на Бразил, а договорот со Реал му истекува на крајот на јуни следната година.
„Мојот божиќен подарок е дека сум тука во Реал Мадрид и можам да
работам“, изјави Анчелоти.
„Сè уште има време да размислам дали сакам да ми биде продолжен
договорот. Во моментов сакам само да ги добиеме нашите наредни
два натпревари за да имаме мир на Божиќ“, додаде Италијанецот.


Клоп го посакува Сане на „Енфилд“

Ливерпул веќе почнува да размислува за наследник на Салах, бидејќи
на крајот на сезоната Ливерпул ќе биде спремен да го продаде
Египќанецот.
Најголема желба на Клоп е ѕвездата на Баерн Минхен, Лерој Сане и
нема да жали пари да го доведе на „Енфилд“.
Сане има договор со 2025 година и на лето ќе влезе во последната
година од договорот, па Баерн е спремен да слушне понуди. Наводно
Ливерпул е спремен да понуди 80 милиони фунти за потписот на 27-
годишниот Германец.
Сане има искуство во Премиер лигата каде настапуваше за Сити, а
оваа сезона игра одлично во дресот на Баерн. Клоп веќе разговарал со
својот сонародник и го убедива да се пресели во Ливерпул.