feature

Се повреди капитенот на Саудиска Арабија, заврши Мундијалот за Фарај

Капитенот на Саудијска Арабија, Салман Ал Фарај, кој се повреди на мечот со Аргентина во првото коло на Мундијалот во Катар, ја напушти селекцијата и се врати во татковината.

„Ерве Ренард му даде дозвола на капитенот Салман Ал Фарај официјално да го напушти кампот по проценката на лекарскиот тим дека повеќе нема да може да игра“, се вели во соопштението на националната федерација објавено на Твитер.

Саудиска Арабија ќе мора да го победи Мексико во последниот натпревар од групата в среда за да обезбеди пласман во осминафиналето без разлика на исходот од натпреварот меѓу Полска и Аргентина.


Тадиќ: Мора да останеме позитивни до крај

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Душан Тадиќ, после ремито со Камерун 3:3, истакнува дека има работи кои треба да се поправат во играта на селекцијата, но постојат и добри елементи во играта на српските фудбалери.

„Примивме два гола за две минути. Мораме да ги подигнеме главите и да бидеме позитивни до крај. Имаше доста добри работи, но и работи кои треба да ги поправиме. Се надевам дека во последното коло од групната фаза се ќе биде во нашите раце. Радува офанзивната игра и големиот број на постигнати голови“, изјави Тадиќ.

Србија својот последен натпревар од групната фаза ќе го има против Швајцарија.


Чалоба го продолжи договорот со Челзи до 2028 година

Дефанзивецот на Челзи, Тревор Чалоба го продолжи договорот со клубот до 2028 година. Чалоба ги помина сите младински категории на клубот од Стенфорд Бриџ, а после позајмиците во Ипсвич, Хадерсфилд и Лоријен, тој стана стандарден играч во првата екипа на Челзи, и оваа сезона има одиграно 13 натпревари.

Чалоба настапува на позициите десен бек и централен дефанзивец.


Модриќ: Сега полесно се дише

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ, после победата над Канада изјави дека сега полесно се дише.

Хрватска оствари победа над Канада со 4:1, во натпревар од второто коло во групата Ф на СП во Катар.

„Беше одличен натпревар за нас. Првите неколку минути лошо влеговме во дуелот, но потоа покажавме квалитет и карактер. Направивме се она за што се договаравме, и она што го трениравме го пренесовме на теренот. Имавме добра игра и остваривме добар резултат“, изјавува Модриќ.

Хрватска после две кола води во групата Ф со четири бода колку што има и Мароко. Белгија има три а Канада е без бодови. Во последното коло Хрватска ќе игра против Белгија, и ќе и треба најмалку еден бод за пласман во наредната фаза.


Луис Енрике: Нема да калкулираме против Јапонија

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике после ремито од 1:1 со Германија, изјави дека е задоволен од првото полувреме на средбата, и додава дека во вториот дел неговата екипа направила грешки кои инаку не ги прави.

„Тоа беше натпревар од кој сум задоволен со првото полувреме. Во продолжението правевме грешки кои инаку не ги правиме. Не го контролиравме дуелот до крај, а Германците одлучија да одат на се или ништо. Во последниот меч против Јапонија нема да калкулираме и одиме само на победа“, изјави Енрике.


Меси: После победата над Мексико за Аргентина почнува друго Светско првенство

Капитенот и најдобар играч на Аргентина, Лионел Меси, изјави дека за неговата екипа после победата над Мексико во второто коло од групата Ц, започнува друго Светско првенство.

„Денес почнува друго Светско првенство за Аргентина. Секогаш им велам иста работа на луѓето, да продолжат да веруваат. Во првото полувреме не одигравме како што треба, но во второто се смиривма и започнавме да напаѓаме и да ги постигнавме головите“, истакнува Меси во изјава за Скај.

Фудбалерите на Аргентина го совладаа Мексико со 2:0, во натпревар од второто коло од групата Ц. Победата е многу важна бидејќи аргентинците во првото коло беа поразени од Саудиска Арабија со 1:2, и мораше да го победат Мексико за да останата во игра за пласман во следната фаза на Мундијалот. Стрелци за гаучосите беа Лионел Меси и Енцо Фернандез.

Во последното коло Аргентина ќе игра против Полска, а Мексико против Саудиска Арабија.


За Роналдо сега е прифатлива понудата од Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо ја заврши играчката епизода во Манчестер Јунајтед и повторно се најде на фудбалскиот пазар. Претходно протугалскиот репрезентативец посакуваше кариерата да ја продолжи во клуб кој има високи натпреварувачки цели, меѓутоа сега работите можат да бидат поинакви.

Според информациите од медиумите, Роналдо не би имал ништо против да ја прифати високата понуда од преку 200 милиони евра и да заигра во Саудиска Арабија за екипата на Ал Наср. За Роналдо ова ќе биде голема шанса да направи уште еден огромен финансиски трансфер во кариерата.


Дешамп: Ја исполнивме нашата прва цел

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, не го крие задоволството од играта на своите фудбалери во победата над Данска со 2:1.

Со оваа победа бранителот на светската титула од 2018 година, се пласира во осминафиналето на Мундијалот во Катар.

„Успеавме да направиме одлична работа, и им честитам на моите играчи. Оваа победа и пласман во наредната фаза ни носи мир и остварување на првата цел бидејќи најверојатно ќе завршиме први во нашата група“, потенцира Дешамп.

Во последното коло од групната фаза, Франција ја чека натпревар со Тунис, а Данска ќе игра против Австралија.


Виси настапот на Сакаи против Костарика

Хироки Сакаи еден од најдобрите дефанзивци во редовите на селекцијата на Јапонија на Мундијалот во Катар, може да го пропушти денешниот меч против Костарика во рамките на второто коло. Тој се соочува со повреда на бутот и затоа ќе мора да се сочека одлуката на лекарите дали ќе може да настапи за „самураите“. Јапонија по првата рунда направи сензација со победата против Германија и има шанса да избори пласман во нокаут фазата.

„Не се чувствувам лошо но, конечната одлука ќе ја донесе тренерот. Ќе разговарам со него и со лекарите“, беа зборовите на Сакаи.


Ленадро Тросард ќе го засили Челзи во зимскиот преоден рок

Челзи е силно заинтересиран за ѕвездата на Брајтон, Леандро Тросар и сака да го донесе во зимскиот преоден рок. Тросар игра фантастично од почетокот на сезоната и го привлече вниманието на многу европски клубови. До овој момент тој има 7 гола и 3а aсистенции на 14 меча за Брајтон. 27-годишниот белгиски репрезентативец има договор со крајот на сезоната, па Брајтон сака да го продаде после Мундијалот. Челзи е фаворит за неговиот потпис бидејќи тренерот Потер одлично го познава и имаа добра соработка во Брајтон. „Сините“ во него гледаат идеална замена за Зијех, кој е на излезна врата од „Стенфорд Бриџ“.