feature

Ливерпул се откажува од идејата за ангажман на Мбапе

Првите луѓе на Ливерпул одлучиле да се откажат од обидите да потпишат договор со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Ова го објави новинарот Флоријан Плетенберг на социјалната мрежа Икс.

Според Плетенбург, во моментов единствен европски клуб кој сериозно е заинтересиран за францускиот фудбалер е Реал Мадрид.

Да потсетиме, актуелниот работен договор на Мбапе со парискиот клуб е со важност до летото следната година. Претходно во медиумите се појави информација дека Реал Мадрид ќе инсистираат 24-годишниот фудбалер да потпише договор со нив во првите месеци од 2024 година. Оваа сезона Мбапе учествуваше на 17 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 17 гола и две асистенции.


Кварацхелија има понуда од неколку премиерлигаши

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Грузиецот беше еден од најзасилужните за освоеното скудето на Наполи, а сега сериозен интерес за него покажуваат клубовите од Премиер лигата.

Челзи, Ливерпул и Арсенал внимателно го следат Кварацхелија и се спремни да испратат богата понуда за него на крајот на сезоната.

Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот и нема да го пушти за помалку од 100 милиони евра.


Алегри најново име кое се поврзува со клупата на Манчестер Јунајтед

Иако на Јувентус не му оди лошо во Серија А сезонава се погласни се шпекулациите дека Масимилијано Алегри ќе си замине.

Медиумите веќе пишуваат која би можела да биде негова следна дестинација. Според најавите, на „Дејли Експрес“, Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да го ангажира стратегот на Јувентус на местото на Ерик Тен Хаг.

Алегри наводно би размислил за преселба на Островот. Јунајтед сезонава игра променливо, меутоа се уште поголем дел од фановите се незадоволни со работата на Тен Хаг.

Кога во прашање е местото во Јувентус, претходно се шпекулираше дека Антонио Конте би можел да се врати.


Надал се пријави за настап на турнирот во Бризбејн

Рафаел Надал официјално објави дека се враќа на терените.

Надал ќе се врати на турнирот во Бризбејн кој служи како загревање за Австралија Опен. Освојувачот на 22 грен-слем титули не играл официјален меч откако се откажа од второто коло на Австралија Опен поради проблеми со колкот.

„По една година надвор од терените, време е да се вратам.  Ќе биде во Бризбејн, првата недела во јануари. Се гледаме таму“, зборува помеѓу другото во видеото објавено на социјалните мрежи, шпанскиот тенисер.

Надал претходно изрази желба уште еднаш да настапи на Ролан Гарос и да ја претставува Шпанија на Олимписките игри во Париз.


Легендарниот Клосе почнува тренерска кариера, ќе го води австриски Алтах

Мирослав Клосе кој важи и за еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот како што стојат работите ќе се врати на тренерската работа.

Клосе од март е без ангажман откако доби отказ во австрискиот клуб Алтах.

Според информациите на германскиот „Скај“, Клосе е еден од кандидатите за нов тренер на германскиот второлигаш „Скај“. На клупата на овој тим светскиот шампион од 2014 година би го наследил Дирк Шустер.

Во овој момент Кајзерслаутен е на 11. место на табелата со 18 бодови и серија од три порази во низа. В сабота ги очекува натпреварот против Магдебург на гостински терен.


Белингам се здоби со нова повреда, се жали на болки во зглобот

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем има нов проблем. Англичанецот има болки во скочниот зглоб уште од мечот со Наполи, пишува „Кадена Сер“.

Играчот од средниот ред се појави на денешниот тренинг на мадриѓани, но не учествуваше во тренингот со главната група. Наместо тоа, трчаше сам, а потоа се врати во соблекувалната.

Според тренерот Карло Анчелоти, Белингем е под лекарски надзор и ќе биде на располагање за претстојниот натпревар со Гранада.


Нико Вилијамс го продолжи договорот со Атлетик Билбао

Шпанскиот репрезентативец и член на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, потпиша нов договор со клубот. Офанзивниот фудбалер се обврза на верност кон Баскијците до летото 2027 година.

Актуелниот договор на 21-годишниот играч беше до лето. Интерес за него имаше од повеќе клубови, меѓу кои и Барселона, но тој реши да им остане верен на Баскијците.


Чалоба ги лекува раните во одбраната на Милан

Милан се соочува со голем број на повредени фудбалери, особено во дефанзивата, па приоритет во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец.

Прв на листата желби е младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба кој не добива голема минутажа на „Стенфорд Бриџ“.

Тој не добива голема минутажа кај Почетино, па Челзи е спремен да слушне понуди за него.

Миланскиот гигант веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го доведе на позајмица со право на откуп.


Ндиди од Лестер интересен за големата Барселона

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивниот играч за врска на Лестер, Вилфред Ндиди, пренесуваат медиумите на Островот.

Чави сака еден играч од средниот ред со дефанзивни карактеристики, но клубот нема голем буџет на располагање. Ндини игра одлична сезона со Лестер во Чемпионшип, а договорот со Лестер му истекува на крајот на сезоната, па Барселона сака да го доведе во јануари за симболична сума.

Нигериецот своевремено беше доведен како наследник на Канте, а и минатата сезоната беше една од ретките светли точки во тимот.


Евертон ризикува нова казна со одземање бодови

Евертон неодамна беше казнет со одземање на 10 бодови поради регулативите за финансиски фер-плеј а до крајот на годинава ќе треба да испрати финансиски извештај за сезоната 2022/23.

Ако се утврдат нови нерегуларности, „карамелите“  повторно ќе бидат казнети со одземање на бодови.

Евертон во период од три години ја помина дозволената финансиска граница на Премиер лигата кога станува збор за негативно салдо.