feature

Валенсија и Димитриевски добија третолигаш во осминафиналето на Купот

Најмасовното шпанско натпреварување Купот на кралот дојде до осминафиналето, а веќе се познати паровите за оваа фаза.

Среќата посака македонскиот голман Столе Димитриевски и Валенсија да налетаат на третолигашот Оуренсе. Барселона и Реал Мадрид добија ривали од Ла Лига, а има неколку интересни пресметки. Сите натпревари се на програмата на 15 јануари.

Осминафинале во Купот на кралот:
Оуренсе – Валенсија
Барселона – Бетис
Реал Мадрид – Селта
Атлетик Билбао – Осасуна
Елче – Атлетио Мадрид
Реал Сосиедад – Рајо Ваљекано
Понтеверда – Хетафе
Алмерија – Леганес

Можеби ќе ве интересира


Мусиала бара клаузула во новиот договор со Баерн

Како што пренесува „Спорт Билд“, Џамал Мусиала побарал откупна клаузула од 175 милиони евра за да стави потпис на нов договор, во моментов, ниту еден друг фудбалер на Баерн Минхен нема откупна клаузула.

Пред неколку недели, медиумите од Германија објавија дека Џамал Мусиала е блиску до потпис на нов договор со Баерн Минхен вреден помеѓу 100 и 125 милиони евра.

Но како што пренесува „Спорт Билд“, преговорите запнале откако агентите на Џамал Мусиала побарале откупна клаузула од 175 милиони евра.

Раководството на „баварците“ секогаш било против ваквата пракса и не сакаат откупни клаузули во договорите на своите играчи со цел тие да бидат во целосна контрола при продажба.

Ниту еден фудбалер во сегашниот состав нема откупна клаузула, па останува да се види дали Баерн Минхен е подготвен да направи компромис за да го задржи Џамал Мусиала, кој треба да биде носителот на играта во следните години.


Јуве сака да го позајми Араухо од Барса

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Роналд Араухо може да се пресели во Јувентус на позајмица, пренесува „Газета дело спорт“.

Според италијанскиот весник, 25-годишниот Уругваец веќе се согласил на трансферот за да добие поголема минутажа на натпреварите.

Барселона сè уште не ја прифатила понудата на торинскиот тим, но може да се согласи поради високата плата на дефанзивецот.

Араухо се пресели во Барселона во 2018 година. Сезонава поради повреда одигра само еден натпревар за Каталонците во Купот на Шпанија, постигнувајќи една асистенција.

Вредноста на Араухо на порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 55 милиони евра. Неговиот договор со Барселона е до летото 2026 година.


Винициус доби минимална казна, ќе отсуствува само два натпревари

Винициус Жуниор е суспендиран на два натпревари откако доби директен црвен картон на првенствениот натпревар против Валенсија, во кој Реал победи со 1-2.

Во 80. минута при водство на Валенсија од 1-0, крилниот напаѓач на Реал Мадрид го удри противничкиот голман Столе Димитриевски.

Бразилецот потоа се расправаше со судиите, а соиграчите едвај успеаја да го смират. Реал Мадрид најави жалба на суспензијата на Вини бидејќи тврдат дека тој само одговорил на нападот на Димитревски.

Сè додека ова не се реши, гореспоменатата казна останува во сила за еден од најдобрите играчи на денешницата. Суспензијата ќе ја одработи во Ла Лига против Лас Палмас и Ваљадолид.

Бразилецот може да игра во шпанскиот Суперкуп кој од среда се игра во Саудиска Арабија. Винициус во четврток ќе игра против Мајорка. Реал доколку победи, во финалето ќе се соочи со победникот од пресметката Барселона-Атлетико Билбао.


Неготино доби современо фудбалско игралиште

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов, денеск го пушти во употреба реконструираното фудбалско игралиште, уште еден во рекордно време реализиран проект на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура.

Реконструираното фудбалско игралиште во Неготино направено е по сите стандарди на ФИФА и ќе биде достапно за граѓаните во секој период од годината.

„Над петнаесет вакви игралишта планираме да бидат готови до крајот на летото. Еден убав проект, една убава работа што почнавме да ја правиме, а тоа е да создадеме услови за најмладите што е особено важно. Ние не можеме да бараме резултати, ниту пак зголемување на интересот на децата за спортот, во конкретниов случај за фудбалот, доколку не им создадеме услови. Ова е една наша акција што ќе продолжи и во иднина, ќе реконструираме што е можно повеќе спортски игралишта низ целата држава. Цениме дека тоа е патот по кој треба да се развива спортот затоа што ова има значење за сите граѓани, прво на локално, а потоа и на централно ниво. Затоа што прво ние треба да направиме масовност кај дечињата, да создадеме услови за што повеќе дечиња да се занимаваат со спорт, а потоа од таа масовност и квантитет да добиеме и квалитет“, истакна Ристовски.

Министерот Ристовски изрази задоволство од брзата реализација на уште еден инфраструктурен проект на Министерството за спорт упатувајќи благодарност до градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов за добрата соработка.


Илон Маск сака да го купи Ливерпул, нуди луда сума од преку 7 милијарди!

Илон Маск, контроверзниот милијардер, наводно размислува да го купи Ливерпул, за кој е подготвен да издвои повеќе од седум милијарди евра. Ова го потврди неговиот татко Ерол во интервју за Радио Тајмс.

Маск постариот првично одби да ги коментира гласините бидејќи тоа може да ја зголеми цената на клубот од „Енфилд“, но на инсистирање на водителот призна дека Илон навистина сака да го купи славниот фудбалски клуб, а објасни и зошто токму Ливерпул.

„Точно е дека Илон изрази желба да го купи Ливерпул, но тоа не значи дека тој навистина ќе го направи тоа. Дали тој сака да го направи тоа? „Секако, кој не би сакал, би сакал и јас да го направам тоа“, изјави Ерол Маск. „Баба му е родена во тој град, таму имаме роднини, а Битлси пораснаа со некои од моето семејство“, објасни Ерол за мотивацијата на неговиот син, кој се поврзал со градот кога татко му го однел во Ливерпул како момче.

Теоријата за интересот на Илон Маск за купување ја лансираше Weekend Sport, според кој цената би била 7,2 милијарди евра, што е помалку од два отсто од богатството на Маск, кое се проценува на 400 милијарди евра.

Маск е сопственик на поранешниот Твитер, сега познат како платформа Х, како и фабриката за автомобили Тесла.


Дориан Бабунски се раздели со Грасхоперс

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски од денес не е повеќе играч на швајцарскиот клуб Грасхоперс.

28-годишникот беше дел од „скакулците“ од месец август 2023 година, но не успеа да се наметне. Иако тргна добро и успеа да постигне голови, следеше една повреда која го сопре. И оттогаш, немаше голема минутажа.

Оваа сезона во швајцарската Суперлига, Бабунски одигра два натпревари без гол, додека во Купот на Швајцарија даде гол во единствениот настап.

Низ кариерата Дориан Бабунски настапуваше и за Дебрецен од Унгарија, Ботев Враца од Бугарија, Мачида и Кагошима од Јапонија, потоа Радомље и Олимпија од Словенија, како и Фуенлабрада и младинските категории на Реал Мадрид во Шпанија.


Ефес има нов тренер, Банки го менува Мијатовиќ

Анадолу Ефес реши да доведе замена за Томислав Мијатовиќ и тоа ќе биде италијанскиот стручњак Лука Банки.

Банки и самиот неодамна доби отказ и тоа од Виртус Болоња, но многу бргу успеа да најде нов ангажман и сега ќе се обиде да ги подобри резултатите на турската екипа.

Мијатовиќ прифатил да остане во клубот, односно во иднина да биде дел од стручниот штаб на Банки и сигурно ќе му биде од помош на италијанскиот тренер.

Ефес во домашното првенство заостанува само два бода зад лидерот Фенербахче, додека во Евролигата врза два пораза и сега има ефект 10:9 за место на средината на табелата.


Се повреди Блонц, Норвешка без битен ракометар на Мундијалот

Норвешката ракометна репрезентација ќе биде ослабена за едно големо име на престојното ракометно СП откако репрезентативниот повик го одби искусниот Александар Блонц, најдобриот стрелец на Норвежаните на последните две големи првенства.

Причината е повреда на коленото и други потешки околности поради која стрелецот на 29 голови на Олимписките игри и 37 голови на последното Европско првенство, овој пат нема да настапи во репрезентативниот дрес.

„Нема да можам да играм на Светското првенство, тоа е јасно. Жал ми е, но се случија разни работи“, изјави Блонц кој не сакаше да ја откри конкретната причина за одлуката, најавувајќи дека во иднина сака да остане дел од најголемите собири.


Хјуит го врати Кирјиос во австралиската репрезентација

Селекторот на тениската репрезентација на Австралија, Лејтон Хјуит го повика Ник Кирјос во екипата за дуелот против Шведска во Стокхолм.

Австралија на 31 јануари и 1 февруари ќе игра против Шведска, а освен Кирјос се повикани и Алекс Де Минор, Џордан Томпсон и Танаси Кокинакис.

Контроверзниот Кирјос нема настап во Дејвис Купот уште од 2019 година, а на спортот му се врати на почетокот на годинава по проблемите со повреди.