feature

Алисон и Жота повредени по дербито со Манчестер Сити

Ливерпул скапо го плати бодот на „Итихад“ затоа што остана без двајца важни фудбалери, а тоа го потврди Клоп на прес-конференцијата по мечот.

„Го изгубивме Диого Жота поради повреда на мускулот, но и Алисон кој исто почувствувал болка во ногата“, вели Клоп.

Ливерпул во моментов е трет во Премиер лигата со 28 бода, односно еден помалку од „граѓаните“ и два помалку од лидерот Арсенал.


Анчелоти: Верувам во Лунин, но Кепа е нашиот прв голман во моментов

Реал Мадрид рутински славеше против Кадиз и се искачи на првото место на табелата во шпанското првенство, а ова гостување се покажа како уште една одлична шанса за Андреј Лунин.

Украинскиот голман доби шанса за докажување по повредата на Кепа Аризабалага, па откако се прикажа во навистина добро светло, дел од фановите на Реал отворија една дилема за стартното место меѓу стативите.

Дел од навивачите веруваат дека Лунин ја искористил укажаната доверба и заслужува да остане прв голман пред Кепа, но со тоа сепак не се согласува Карло Анчелоти.

Италијанецот не се двоуми и разјасни дека Кепа ќе се врати на голот како стартер, и тоа на натпреварот против Гранада кој се игра следниот викенд.

„Најважно од се е тоа што Лунин покажа дека е подготвен да му помогне на тимот кога не е тука Кепа. Покажа дека може да нуди партии на највисоко ниво. Сепак, кога ќе биде добар, прв голман ќе биде Кепа. Мислам дека ќе се врати против Гранада“, изјави Анчелоти.


Шекил: Јас сум најдоминатниот кошаркар во НБА-историата

Четирикратниот НБА шампион Шекил О’Нил во интервју за „Релево“ изјави дека ќе доминирал на теренот дури и во ерата на кошарката со три поени.

„Освоив четири прстени и три пати бев МВП на финалето. Луѓето можат да кажат што сакаат, но јас секогаш го покажував нивото кога се бараше. Јас сум најдоминантниот играч кој некогаш стапнал на кошаркарскиот терен. Сè уште не сум видел некој кој би можел да ме спречи. Сега би бил исто толку доминантен кошаркар. Со тоа колку се промени играта, со сите тројки и шутери, просторот би ми била многу поотворен“, изјави О’Нил.


Гестикулацијата може да му донесе казна на Александар-Арнолд

Александер-Арнолд би можел да биде казнет за неговите постапки против Манчестер Сити.

Стрелецот на единствениот гол за Ливерпул во големото дерби го замолкна „Етихад“, а по мечот изјави дека му било „забавно“ и тоа е она што е проблематично.

„Имаше ситуации кога игравме многу подобро против Манчестер Сити, а потоа го загубивме натпреварот. Да бидам искрен, бодот е реалност и добар резултат за нас“, изјави Александер-Арнолд.

Медиумите во Англија напоменуваат дека секое провокативно однесување кон противничките навивачи е казниво прво од судиите, а потоа и од организацијата.

Ќе видиме дали Александар-Арнолд ќе биде казнет, ​​или ќе се извлече…


Модриќ собори уште еден „кралски“ рекордо

Лука Модриќ постави рекорд по бројот на настапи за Реал Мадрид како фудбалер кој е повозрасен од 35 години.

Вчерашниот натпревар против Кадиз во Ла Лига (3:0) беше 161-ви за 38-годишниот Хрват со мадридскиот клуб откако веќе направи 35 години. Модриќ статистички го надмина голманот Франциско Бујо, кој играше за Реал Мадрид од 1986 до 1997 година.

На натпреварот против Кадиз, Модриќ мина 67 минути на теренот и направи една асистенција за еден од двата гола на Родриго.


Милан сака да го позајмаи Кивиор од Арсенал

Милан започнал преговори со екипата на Арсенал за потписот на полскиот репрезентативец Јакуб Кивиор. Според новинарот Николо Шира, агентите на дефанзивецот на Арсенал моментално се во Италија и ќе одржат состанок со претставниците на Милан во наредните денови.

Кивиор е подготвен да го напушти Арсенал бидејќи сака да добие поголема минутажа. Милан веќе сакаше да потпише со Полјакот минатата година, откако Кивиор се пресели во Арсенал во јануари за 25 милиони евра од Специја.

Оваа сезона, 23-годишниот дефанзивец одигра 4 натпревари во Премиер лигата.


Сари споменува оставка по лошите резултати на Лацио

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, по вчерашниот пораз на теренот на Салернитана, најави, дека размислува за заминување од Рим.

Неговиот тим го има дури десетто место на табелата со само 17 бодови што претставува најслаб почеток на сезоната во последниве десет години.

„Во наредните денови ќе размислам за ситуацијата и ако најдам докази дека јас сум виновен за тоа што се случува, прв ќе разговарам со претседателот и ќе си поднесам оставка“, изјави Сари пред мечот со Селтик во Лигата на шампионите.


Италија по половина век го освои Дејвис Купот

Италијанската тениска репрезентација го освои Дејвис купот, откако вечерва во двата сингл-дуели славеше над Австралија.

Јунак на „аѕурите“ е Јаник Синер, кој победи на сите натпревари на турнирот, а последниот беше достоен за трофеј. Синер денеска го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 2-0, во сетови 6-3, 6-0 и на својата земја и ја донесе втората титула во ова натпреварување по онаа од 1976 година.

Првиот поен за Италија го донесе Матео Арналди кој славеше против Алексеј Попирин.


Барса ќе го стави Рафиња на трансфер-листа

Рафиња минатото лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра.

Меѓутоа, шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го стават на трансфер листа. Со заминувањето на Дембеле, Рафиња требаше да биде стартер на десната крилна позиција, но не ги оправда очекувањата.

Барселона со неговата продажба сака да обезбеди средства за купување на квалитетен играч за врска во јануари, поради повредата на Гави.

Најсилен интерес за Рафиња покажува Њукасл, кој е спремен да понуди 50 милиони евра.


Анчелоти: Посебно ми се допаѓаат Чаби Алонсо и Тиаго Мота

Карло Анчелоти повторно зборуваше за својата иднина, но и за еден од главните кандидати за негов наследник.

Анчелоти нагласи дека ќе го чека Флорентино Перез и Реал Мадрид до последна секунда за продолжување на договорот, но нема да има никаков проблем доколку биде заменет од Чаби Алонсо.

„Не мислам на иднината. Мислам на ова што се случува сега. Јас ќе го чекам Реал Мадрид до последниот ден, до последната секунда. Чаби беше сензационален како играч, а сега е импресивен и како тренер. Ги има сите предиспозции за да биде перфектен тренер. Многу ми се допаѓа како работи, тој и Тиаго Мота се двајцата млади тренери кои најмногу ми се допаѓаат. Нивните методи се добри и Чаби е профил на тренер кој би бил одличен за Реал Мадрид. Добро познава се што се случува во клубот, а истовремено е многу сакан од сите“, изјави Анчелоти.