feature

Локатели добива договор до 2028 година во Јувентус

Играчот од средниот ред на Јувентус, Мануел Локатели го продолжи
договорот со клубот до летото 2028 година. Јувентус го купи
Локатели од Сасуоло во јули 2023 година по двегодишна позајмица,
во трансфер кој изнесуваше 30 милиони евра.
Оваа сезона 25-годишниот играч од средниот ред одигра 11
натпревари, постигна еден гол и имаше една асистенција. Вкупно,
Италијанецот одигра 103 натпревари за торинскиот клуб.


Обамејанг ги повреди препоните, го чека нова долга пауза

Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг нема да биде
во составот за натпреварот против АЕК Атина утре во Лига Европа,
објави францускиот клуб.
Тој има повреда на препоните и не замина со тимот во грчката
престолнина. Така, тимот од Марсеј ќе остане без услугите на својот
најдобар стрелец во Европа, кој има 4 гола од почетокот на сезоната.
Уште не е јасно колку долго 34-годишниот репрезентативец на Габон
ќе биде надвор од терените, бидејќи ќе му бидат извршени нови
прегледи за да се процени тежината на повредата.


Леао: Мбапе е најдобриот во светот, сакам да бидам како него

Mилан се врати во игра за место во нокаут фазата во „групата на смртта“ во Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните беше Португалецот, Рафаел Леао кој постигна еден од головите во триумфот од 2-1.

На табелата во групата Милан е трет со пет бода, ПСЖ има шест на второто место, Борусија е прва со седум, додека Њукасл четврти со четири, па така во последните две кола сите екипи имаат шанса за место во следната фаза.

„Не знам како да го опишам ова чувство, немам зборови. Одлично работиме со мојот тим, знаевме дека ова е натпревае кој може да ја промени ситуацијата. Бодовите кои ги искористивме и ситуацијата во која се наоѓаме ни даваат голема мотивација“, изјави Леао.

Октри Леао и кој е за него најдобриот фудбалер во светот.

„Мбапе е најдобриот фудбалер во светот, сакам да бидам како него“, истакна португалскиот фудбалер.


Ричарлисон: И самиот не би се повикал во репрезентацијата

Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон не беше повикан во репрезентацијата на Бразил за претстојните ноемвриски натпревари во квалификациите за Мундијалот 2026 година. Повремениот селектор, Фернандо Диаз кој е привремено решено го изостави од списокот.

Самиот Ричарлисон реално и искрено ја прокоментираа таа одлука, истакнувајќи дека е свесен за својата лоша форма.

„Секако дека бев тажен кога дознав дека не сум на списокот. Но го разбирам Диниз, доколку бев на негово место и јас не би се повикал. Не бев во форма. Секако дека напредував во последните неколку натпревари, но се уште е долг патот да го облечам дресот на репрезентацијата“, изјави Ричарлисон.

Од почетокот на сезоната, Ричарлисон постигна два гола и три асистенции, сметајќи ги сите натпревари.


Сити е „машина“ за офанзивен фудбал: Никој порано не стигнал до 250 гола во ЛШ

Манчестер Сити го постигна својот 250. гол во најпрестижното натпреварување во европскиот куп во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите со Јанг Бојс (3-0). За да дојде до оваа бројка на постигнати голови, на Манчестер Сити му беа потребни да одигра 119 натпревари – помалку од кој било друг тим.

Актуелниот победник во Лигата на шампионите синоќа го совлада Јанг Бојс со 3-0, а по овој натпревар од четвртото коло во групната фаза, тимот на Пеп Гвардиола освои 12 поени и се пласираше во плејофот од Лигата на шампионите на две кола пред крајот натпреварите од оваа група.

Манчестер Сити на крајот на ноември ќе игра против Лајпциг во натпреварот од 5. коло, а кон средината на декември ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза – против Црвена звезда. 


Пепе го сруши рекордот на Тоти, стана највозрасен стрелец во ЛШ

Фудбалерите на Порто победија со 2:0 против Ројал Антверпен, а на тој меч легендарниот Португалец Пепе испиша историја.

Во судиското надополнување, Франциско Консеикао нафрли во шеснаесетникот, а Пепе погоди за конечни 2-0. Така со 40 години и 254 дена стана најстариот фудбалер кој постигнал гол во Лигата на шампионите.

Претходен рекордер беше Италијанецот Франческо Тоти, кој во 2014 година постигна гол во најсилното европско натпреварување со 38 години и 59 дена.


Сан Франциско домаќин на викендот на сите ѕвезди во НБА лигата

Голден Стејт Вориорс ќе бидат домаќини на НБА „Ол-стар“ натпреварот во 2025 година, што значи дека 74-тата средба на најдобрите светски кошаркари ќе се одржи во „Чејс центарот“ во Сан Франциско, соопшти НБА.

Ова ќе биде третпат „Воините“ да бидат домаќини на „Ол стар“ викендот, откако првпат беа домаќини на „Ол стар“ викендот во 1967 година кога сè уште се нарекуваа Сан Франциско Вориорс, а натпреварот се играше во „Дејли Сити“, додека вторпат беа домаќини во 2000 година, кога играа во Оукленд.


Ибра се врати во Милан, но сега во нова улога

Италијанските медиуми од претходно најавуваат враќање на Ибрахимовиќ со некоја функција во клубот, a сега Швеѓанецот веројатно и го најави со мистериозна порака на социјалните мрежи.

Работата би требало да е веќе договорена, а тоа може да се претпостави по објавената фотографија на Ибрахимовиќ на која напиша: „тик-так, тик-так“. Ова фановите го протолкуваа како одбројување до официјалната објава за негово враќање.

Најавите на медиумите се дека Ибрахимовиќ ќе добие улога во спортскиот дел на клубот, официјална потврда се очекува да има во наредните денови.


Пеп загрижен: Стоунс и Аканжи се повредија на дуелот со Јанг Бокс

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Џон Стоунс заработи нова повреда на вчерашниот натпревар со Јанг Бојс (3-0). Англискиот репрезентативец ги пропушти првите седум натпревари сезонава поради повреда на бутот, а вчера заработи повреда на мускулот која според Пеп Гвардиола ќе го оддалечи извесно време.

На натпреварот против Јанг Бојс повреда заработи и Мануел Аканжи.

„Ману има проблем со грбот. Се надеваме дека проблемот не е премногу голем и дека ќе биде подготвен за недела. Жал ми е за Џон Стоунс бидејќи тој е неверојатен професионалец и неговото отсуство ќе биде голема загуба. Тој е многу важен, но ќе се опорави и ќе се врати посилен“, коментираше Гвардиола.

Манчестер Сити влегува во многу важен период, во кој на „граѓаните“ им претстојат натпревари против Челзи, Ливерпул, Тотенхем и Астон Вила во Премиер лигата, како и меч со РБ Лајпциг.


Португалецот Нуно доби отказ од кормилото на Ал-Итихад

Нуно Еспирито Санто повеќе не е тренер на Ал-Итихад. Клубот од Саудиска Арабија му врачи отказ на португалскиот стручњак поради незадоволителни резултати.

Во националното првенство, Ал-Итихад исто така не игра според очекувањата и е без победа во 5 последователни натпревари, се наоѓа на шестото место на табелата. Еспирито Санто минатата сезона го предводеше Ал-Итихад до титулата во Саудиска Арабија.

Во летото клубот донесе ѕвезди како Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо, но тие играат далеку од очекуваното, а со тоа и резултатите не се как што очекуваше раководството на клубот.