feature

Познати групите од четврфиналната фаза на Купот на Македонија во ракомет

Ракометната федерација во своите простории ја одржа ждрепката за групната фаза во Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот Алкалоид имаше среќа да налета на второлигаш и тоа неговиот втор тим Мулти Есенс. Вардар од фаворитите доби најтешка задача бидејќи ќе игра полуфинале со Бутел, пелистерци ќе се судрат со Куманово а Охрид ќе оди на мегдан со Прилеп.

Група 1
Алкалоид – Мулти Есенс
Партизан 2016 – Пролет 62

Група 2
Еурофарм Пелистер – Куманово
Радовиш – Струга

Група 3
Вардар 1961 – Бутел Скопје
Фруит Ленд Борец – Еурофарм Пелистер 2

Група 4
Прилеп – ГРК Охрид
Тиквеш – Аеродром

Во групната фаза ќе се одиграат две полуфиналиња а потоа преку финалето ќе се одреди патникот на завршниот турнир.


Алкараз се врати на второто место на АТП листата

Карлос Алкараз по освоеното прво место на турнирот во Монте Карло, од денес ќе биде на втората позиција на АТП листата на најдобрите светски тенисери.

„Видов дека треба само да уживам. Затоа не размислувам за рејтингот. Пласманот повеќе не е приоритет“ – рече Шпанецот. „

Во наредните неколку месеци од сезоната на земјени терени, ќе се обидам да продолжам во истиот дух“, потенцираше Алкараз.


Мусети: Бев заморен и не бев подготвен за ова финале

Тенисерот, Лоренцо Мусети, го коментираше поразот од Шпанецот, Карлос Алкараз, во финалето на турнирот во Монте Карло.

„Знаев што сакам но, беше физички тешко. Дојдоа до израз моите проблеми, заморот и стресот, наталожени во последните неколку денови. Не можев да играм.

Карлос е легенда на нашиот спорт иако е помлад од мене. Тој руши рекорди, да бев 100% физички подготвен ќе можев да издржам подолго“, рече Мусети.


Севиља го смени тренерот Гарсија Пимиента

Гарсија Пимиента повеќе не е тренер на Севиља, соопштија од клубот.

Утрово тој беше известен за одлуката на раководството, донесена неколку часа по четвртиот последователен пораз во Ла Лига од Валенсија. Тимот се наоѓа на 13. место во поредокот со 36 бодови.

„ФК Севиља му се заблагодарува на Гарсија Пимиента за неговата работа во последните неколку месеци, како и за неговиот професионализам и му посакува успех во неговите идни напори“, напишаа од клубот.


Барони: Лацио заслужи да победи во римското дерби

Градското дерби на „Олимпико“ меѓу фудбалерите на Лацио и Рома заврши нерешено 1-1 а тренерот на лацијалите, Марко Барони, вели дека неговиот состав заслужил да победи.

„Рома не стави под притисок кога поведовме но, не создаде многу шанси. Штета што не победивме. Можеби ни недостигаше малку среќа да дојдеме до заслужена победа.

Мислам дека не попречи заморот од гостувањето во Норвешка. Навивачите беа неверојатни. Нашиот тим е млад и се развива. Играме добар фудбал“, вели тренерот на Лацио.


Вињалес остана без подиум во Катар

Возачот на тимот Тех3 КТМ тимот, Маверик Вињалес, доби жестока казна по завршувањето на трката за Големата награда на Катар. Шпанецот беше преместен од второто на 14-тото место, поради притисок во гумите.

Вињалес возеше сензационална трка на патеката Лусаил, каде што водеше неколку круга, а потоа го освои првиот подиум на КТМ во сезоната. Пред него беше само возачот на Дукати, Марк Маркез, а зад него заврши Франческо Бања.

Сепак, веднаш по трката, дирекцијата на трката објави дека Вињалес е под истрага поради притисок во гумите, бидејќи неговиот тим сигурно не очекуваше тој да заврши на подиумот.

Час и половина по трката беше објавено соопштение во кое се наведува дека притисокот во гумата на Вињалес е помал од пропишаниот, поради што тој е казнет со додавање на 16 секунди на постигнатото време.

Ваквиот исход значи дека Бањаја напредуваше на второто место, додека трофејот за третото место му припадна на Франко Морбидели од тимот ВР46, кој во директен дуел беше подобар од Жоан Зарко на ЛЦР Хонда.

Следната трка од Мото ГП шампионатот се вози за Големата награда на Шпанија во Херез од 25 до 27 април.


Гросо го врати Сасуоло во Серија А

Фудбалерите на Сасуоло по едногодишно отсуство обезбедија враќање во Серија А. На пет кола до крајот на сезоната во Серија Б, Сасусоло стекна недостиѓна предност во однос на ривалите.

Сасуоло, предводен од клупата од поранешниот италијански репрезентативец Фабио Гросо, има недостижни 16 бода предност пред третопласираната Специја. Директен пласман во Серија А ќе изборат најдобрите две екипи од Серија Б, а екипите од третото до шестото место ќе играат плеј-оф и потоа ќе биде познат и третиот патник во најфисокиот ранг на италијанскиот фудбал.

Минатата сезона Сасуоло заврши претпоследен, 19-ти во Серија А, а Гросо го презеде клубот во јуни 2024 година.

Претходно, Гросо го водеше Олимпик Лион три месеци (септември – ноември 2023 година), а во тој период забележа со само една победа во седум првенствени натпревари и повреда што ја заработи кога клупскиот автобус беше каменуван на патот кон стадионот во Марсеј.

Гросо во 2006 година со репрезентацијата на Италија го освои светскиот шампионат во Германија.

Оваа сезона Гросо го предводи тимот до 23. победи и само четири порази во Серија Б.


Бруно: Разочаран сум од себе и соиграчите

Капитенот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, не крие дека е крајно разочаран по тешкиот пораз на вчерашното гостување кај Њукасл во меч од Премиер лигата на Англија.

„Речиси сите голови беа резултат на нашите грешки. Разочаран сум од моите соиграчи само затоа што знам колку е тешко да се претставува овој клуб“, рече Португалецот.

„Црвените ѓаволи“ в четврток ги очекува реваншот со Лион во четвртфиналето на Лига Европа. Првиот натпревар во Франција заврши 2:2.


Вардар се спаси од пораз против Тиквеш, Брера го освои Пелистер

Водечките екипи во домашниот шампионат, Шкендија и Силекс забележаа убедливи победи во 27. коло во дуелите со Воска спорт, односно Беса. Разликата на табелата одтана четири поени во корист на Шкендија. Дербито во Скопје донесе победа на актуелниот првак над Работнички. Вардар неочекувано киксна против Тиквеш, од пораз се спаси во 93. минута.

Резултати, 27.коло:

Гостивар-Шкупи 3-1
Шкендија-Воска спорт 3-0
Пелистер-АП Брера 1-2
Работнички-Струга 0-1
Силекс-Беса 5-0
Вардар-Тиквеш 2-2


Мбапе „поцрвене“, Реал со победа се враќа од Виторија

Фудбалерите на Реал го совладаа Алавес со резултат 0-1 во натпреварот од 31. коло на шпанскиот шампионат.

Мадриѓаните успеаја да победат и покрај тоа што од 38. минута играа со играч помалку по исклучувањето на Килијан Мбапе.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот четири минути претходно беше Едуардо Камавинга.

Федерико Валверде му додаде на Французинот, кој од работа на шеснаесетникот со прецизен удар постигна гол. Мбапе набрзо доби директен црвен картон поради неговиот непромислен старт и со тоа внесе неизвесност на овој натпревар.

Четврти пат во кариерата францускиот репрезентаивец доби црвен картон, прв пат по пет години кога беше исклучен како играч на ПСЖ.

Домашниот тим имаше одлична можност да направи нешто повеќе со играчот против фаворизираниот ривал, но сите надежи паднаа во вода кога во 70.минута Ману Санчез беше исклучен.