feature

Лаутаро Мартинез фаворит за испразнетото место на Бензема во Реал

После заминувањето на Карим Бензема, приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Најновото име во списокот на Анчелоти е ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година, но Интер не ја исклучува можноста за продажба доколку стигне понуда повисока од 100 милиони евра. Лаутаро игра фантастична сезонa, а Реал наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент и е спремен да испрати богата понуда.

Самиот Лаутаро не ја исклучува можноста за трасфер во Мадрид, но за својата иднина ќе размислува после финалето во Лигата на шампиони.


Данецот Нилсен потпиша за Еурофарм Пелистер

Андреас Јохан Нилсен потпиша договор на една сезона со Еурофарм Пелистер со опција за продолжување за уште една ако двете страни дадат согласност. 25-годишниот дански кружен напаѓач доаѓа во Македонија од данскиот прволигаш Морс, висок е 198 сантиметри, тежок 107 килограми и со своите настапи во земјата на светскиот првак во последните неколку години значително се наметна.

Пред да дојде во Морс, Нилсен го носеше дресот на Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим.

„Особено задоволство ни е што покрај Кисум, нашиот дрес ќе го носи уште еден дански ракометар во сезоната 2023/24, незаборавајќи ги убавите денови кои во нашата земја ги минаа Себастијан Хенеберг и Ларс Валтер“, соопштија од битолскиот клуб.

Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола.


Салиба добива нов договор на „Емирати“

Арсенал постигна договор со дефанзивецот Вилијам Салиба за продолжување на договорот. Клубот ќе потпише четиригодишен договор со својот фудбалер,а останува само да се комплетира документацијата, пишуваат медиумите во Англија.

Многу клубови од врвните европски лиги беа во игра за дефанзивецот, а во последните денови се шпекулираше дека Арсенал планира да се збогува со Французинот, но „топчиите“ сепак успеаја да го задржат Салиба.

Вилијам Салиба оваа сезона одигра 27 натпревари во Премиер лигата , постигна два гола и даде една асистенција.

Арсенал ја заврши сезоната 2022/23 на второто место во Премиер лигата. Пет бода ги делеа лондончани од првото место кое го зазеде Манчестер Сити (вкупно тимот освои 84 поени). Во 38 првенствени натпревари, Арсенал имаше 26 победи, шест порази и шест нерешени.


Дејвис во Реал е нереална опција ова лето

Алфонсо Дејвис е еден од играчите кои се поврзуваа со трансфер во Реал Мадрид, а сега неговиот агент проговори на оваа тема и многу отворено кажа како стојат работите.

Реал Мадрид на лето сака да се засили на позицијата лев бек, а еден од играчите за кои е заинтересиран овој клуб е Алфонсо Дејвис.

Канадскиот репрезентативец е член на Баерн, но се може да се промени многу брзо и тоа да биде преку Давид Алаба. Запрашан за ситуацијата на Дејвис, неговиот агент рече дека не одлучил ништо за иднината на Канаѓанецот.

„Имаме уште две години со Баерн. Сега бараме време да видиме како ќе се развиваат работите во следните неколку недели или месеци бидејќи во моментов не сме донеле конечна одлука за ништо, па не можам да потврдам ништо и не можам ништо да негирам.

Реал Мадрид е голем клуб. Отсекогаш сум бил фан. Реал е големо име, голем бренд, со 14 титули во Лигата на шампионите. Кога ќе слушнете гласини за интерес за играч што го застапувате, тоа ве прави горд, изјави агентот на Дејвис.

Дејвис минатата сезона играше 38 пати за Баерн и постигна три гола со осум асистенции.


Марез доби неморална понуда од Саудиска Арабија

Саудискиот клуб Ал-Ахли е подготвен да му понуди на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Ријад Марез, договор на две сезони со плата од 100 милиони евра, пренесува ESPN.

Според изворот, Ал-Ахли изразил подготвеност да му плаќа на алжирскиот фудбалер 50 милиони евра годишно плус бонуси за двегодишен договор со опција за продолжување на една сезона.

Актуелниот договор на Марез со Манчестер Сити истекува летото 2025 година, но се забележува дека играчот од средниот ред е фрустриран од недостигот на минутажа во Манчестер Сити, што Ал Ахли се надева дека ќе го искористи.

Се верува дека 32-годишниот фудбалер е отворен за преселба во Саудиска Арабија, но не е јасно дали Манчестер Сити ќе го пушти да си замине ова лето.

Во сезоната 2022/2023, Марез одигра 30 натпревари во англиската Премиер лига, постигна пет гола и 10 асистенции.


Баерн се вклучи во трката по Софијан Амрабат

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен почнал преговори за ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат.

Имено, Тухел сака да го засили средниот ред, а Амрабат е на врвот на листата желби.

Мароканецот вчера потврди дека ова лето ќе ја напушти Фиорентина, а Баерн Минхен сака да ја победи конкуренцијата. Амрабат беше желба на неколку европски гиганти во јануари, после одличните настапи на Мундијалот, но Фиорентина одлучи да го задржи до крајот на сезоната.

Сега за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која нема да биде проблем за Баерн Минхен.


Мегваер не отстапува ни евро од својот договор во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Хари Мегваер, кој не е повеќе во плановите на тренерот Тен Хаг.

Мегваер веќе подолго време пружа лоши партии, па е трет избор кај Тен Хаг, а клубот сака да се ослободи од него ова лето. Меѓутоа, тоа нема да биде лесно бидејќи Англичанецот одбива да си замине од „Олд Трафорд“.

Дефанзивецот има договор со „црвените ѓаволи“ до 2026 година и плата од 10 милиони фунти годишно, сума која ниту еден друг клуб не може да му ја гарантира.

Тен Хаг бил бесен на ваквиот став на Мегваер бидејќи сакаше со неговата продажба да отвори простор за доаѓање на нов дефанзивец.


Кефран Турам пред вратите на „Енфилд“

Откако вчера и официјално го објави потписот со Алексис Мек Алистер, Ливерпул е блиску до трансфер и на втор играч од средниот ред. Според некои извори, „црвените“ имаат устен договор со Кефрен Туран, играчот од средниот ред на фрнцуска Ница.

Францускиот интернационалец од јануари е „таргет“ на Јирген Клоп, но во последните недели преговорите напредуваа и двете страни практично постигнаа договор. Сега останува Ливерпул да се договори со Ница за трансферната цена на Турам. Се вели дека францускиот клуб бара околу 55 милиони фунти за него, но би прифатил и помала понуда.


Претседателот на Милан: Малдини повеќе не ни е потребен

Бурни реакции предизвика во јавноста заминувањето на Паоло Малдини од Милан, а сега за првпат во јавноста се огласи претседателот Паоло Скарони.

Малдини беше човек кој според многумина беше еден од најважните луѓе во клубот поради добрата работа во спортскиот сектор. По неговото заминување навивачите бараа оставка од газдите.

Скарони сега уште повеќе го навлече бесот на фановите изјауввање дека Малдини повеќе не му бил потребен на Милан.

„Имавме само пофални зборови за Паоло, тој е голем господин и поврзан со Милан, добро работеше за овој клуб. Но, ние следиме поиновативен модел, барем за Италија и начинот на кој тука се водат клубовите.

Таквиот начин на работа не води до тоа сите да работиме како тим. Имаме чувство дека Малдини не се чувствуваше најдобро во таа организација и најдобро беше да се разделими. Секако дека имаше голем удел во успесите на Милан и сме му благодарни, но повќее не му беше потребен на Милан“, изјави Скарони.


Првото засилување за новиот Реал доаѓа од Рајо Ваљекано

Реал Мадрид официјално го промовираше Фран Гарсија за следната сезона.

Во понеделеник напладне Гарсија ќе ја има и официјалната презентација на „Сантијаго Бернабеу“. Потписот на Гарсија не е изненадување затоа што него го најави Карло Анчелоти уште пред завршувањето на сезоната.

Изминатата сезона Гарсија ја помина во Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски, а со Реал Мадрид сега потпиша договор на четири години. Гарсија во минатото беше член на младинската академија на Реал Мадрид каде што пристигна на само 14 години и се задржа до 2020 година. Дебито за сениорскиот тим го имаше во 2018-та.