feature

Мандрагора добива нов договор со Фиорентина

Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Роландо Мандрагора, би можел да ја продолжи соработката со клубот.

Раководството на „виолетовите“ сака да потпише нов договор со 28-годишниот Италијанец. Тој во претходната сезона одигра 43 натпревари со ефект од 9 голови и 6 асистенции.

Тековниот договор на играчот е валиден до 2026 година. Според непотврдени информации, за неговиот потпис се заинтересирани Болоња и Бетис.


Работнички го претстави Виктор Велкоски

Работнички продолжува со засилувањата пред настапот во квалификациите за Конференциската лига, а најново име во тимот е Виктор Велкоски повторно ќе го носи дресот на „романтичарите“.

29-годишниот дефанзивец се враќа во клубот каде настапуваше во сезоната 2019/2020, а сега пристигнува како слободен играч по заминувањето од казахстански Туран, каде што последен пат настапуваше до јануари.

Велкоски својата кариера ја започна во Вардар, а во Македонија беше дел уште од: Љубанци, Победа, Скопје и Брегалница. Искусниот дефанзивец има интернационално искуство и од настапите за грчки Егиниакос и албански Лачи.

Работнички во првото коло од Квалфикациите за Конференциската лига го очекува двомеч против белорускиот Торпедо Белаз. Првиот натпревар ќе се игра на 10 јули во Белорусија, а реваншот е закажан седум дена подоцна, на 17 јули, на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.


Вардарци потпишаа со Нигериецот Олаесебикан

Вардарци продолжуваат со креирање на ростерот за новата сезона, а најново име во тимот е нигерискиот офанзивец Ибрахим Олаосебикан, кој во Вардар доаѓа од редовите на Брера.

25-годишниот фудбалер за врска веќе две сезони е дел од македонскиот фудбалски шампионат, а во последната сезона забележа 28 настапи, еден постигнат гол и четири асистенции во првенството. Покрај тоа, одигра и пет меча во Купот на Македонија, каде што успеа уште еднаш да се запише меѓу стрелците.

Олаосебикан претходно настапуваше и во Литванија, носејќи ги дресовите на Судува и Хегелман, додека своите први фудбалски чекори ги направи во татковината, во клубот Реал Сафире.


Атлетико плати богатство и го доведе Алекс Баена

Атлетико Мадрид продолжува со сериозна реконструкција на составот, по ангажманот на Руџери од Аталанта, денеска беше потврден уште еден голем трансфер.

Шпанскиот репрезентативец Алекс Баена и официјално е ново засилување на „јорганџиите“, кои постигнаа целосен договор со Виљареал. Мадридскиот клуб ќе плати 50 милиони евра за неговиот потпис 45 милиони веднаш, додека пет милиони се предвидени преку бонуси.

Баена е фудбалер што може да покрие повеќе позиции во офанзивниот дел, игра како офанзивен играч за врска, но и по крилото, а Диего Симеоне го гледа како наследник на Антоан Гризман. Французинот ќе остане во клубот уште една сезона, што ќе му овозможи на Баења време за адаптација и постепено преземање на неговата улога.

Младиот фудбалер, кој беше дел од сите младински категории на Вилјареал, една сезона мина и како позајмен играч во Џирона.


Санчо пред вратите на Серија А

Џејдон Санчо е близу заминување од „Олд Трафорд“, а нова дестинација за него би можел да биде Јувентус.

Јувентус започнал конкретни чекори и се обидува да го договори трансферот на Санчо.

Санчо е свесен дека во Јунајтед нема иднина, а и самиот не сака да остане, додека Јувентус му нуди шанса да се бори за титули и да игра во Лигата на шампионите.

Сепак, за да заигра за Јувентус ќе мора да прифати значително помала плата, бидејќи во Англија заработува неверојатни 300.000 евра неделно.

Минатата сезона Санчо ја помина на позајмица во Челси, но ниту таму не успеа да се докаже, па „сините“ се откажаа од можноста за откуп.


Манасков доби нов договор во Еурофарм Пелистер

Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер. Шампионот на Македонија и левото крило постигнаа договор за продолжување на соработката за уште една сезона и Манасков и во сезоната 2025/26 ќе го носи зелено-белиот дрес.
Ни причинува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Еурофарм Пелистер во домашните натпреварувања и Лигата на шампионите.

Манасков има две титули шампион на Македонија со Еурофарм Пелистер, а зад себе остави дури четиринаесет сезони во европските клупски натпреварувања. Пред да дојде во Битола, 32-годишното лево крило настапуваше за: Борец, Металург, Вецлар, Вардар, Рајн-Некар Левен, Веспрем…


Болоња и Чиро Имобиле си подадоа рака, голгетерот се враќа во Италија

Чиро Имобиле се сели во Болоња, трансферот е договорен и останува уште да биде официјализиран.

Италијанскиот напаѓач ќе го раскине договорот со Бешикташ и ќе потпише едногодишен договор со Болоња, со опција за продолжување на уште една сезона.

Покрај Имобиле, редовите на Болоња ќе ги засили и Федерико Бернардески, како што беше најавено уште вчера.

Клубот што избори историско учество во Лигата на Европа гради силен состав за европските предизвици, а ангажманите на двајцата поранешни репрезентативци се потврда на амбициите.


Алкараз брзопотезно во третото коло на Вимблдон

Carlos Alcaraz of Spain celebrates after beating Fabio Fognini of Italy during their first round men’s singles match at the Wimbledon Tennis Championships in London, Monday, June 30, 2025. (AP Photo/Alastair Grant)

Двократниот победник на Вимблдон Карлос Алкараз од Шпанија без поголеми проблеми оствари победа во мечот од второто коло. Тој го совлада домашниот тенисер Британецот Оливер Тарвет со 3-0 во сетови (6-1, 6-4 и 6-4).

По доминацијата во првиот сет Британецот Тарвет (733.место АТП) на моменти бодрен од домашните навивачи поведе со 2:0 во гемови на стартот од вториот сет, а потоа и водеше и со 4:3, но Алкараз освои три гема и го доби сетот со 6:4. Во третиот сет беше нерешено до 3:3, но до крајот шпанскиот тенисер без многу напори го потврди сетот.

Во следната рунда Карлос Алкараз ќе игра со победникот од мечот Феликс Оже Алиасиме (Канада) и Јан – Ленар Штруф (Германија).


Квитова загуби од Наваро и се збогува со Вимблдон

Двократната шампионка Петра Квитова загуби од Ема Наваро со 6-3 6-1 во првото коло на Вимблдон.

Тенисерката од Чешка беше ѕвезда по мечот, бидејќи се збогува со Вимблдон, има намера да посвети повеќе време на своето семејство.

„Честитки Ема. Жал ми е што не можевме да играме уште малку. На ова место се најубавите спомени што можев да ги посакам. Среќна сум што можев да играм на ова посебно место уште еднаш“, рече Квитова.

„Никогаш не сонував дека ќе го освојам Вимблдон, а го освоив двапати… Ќе ми недостига Вимблдон, ќе ми недостига тенисот. Но, подготвена сум за следното поглавје во мојот живот. Дефинитивно ќе се вратам тука како член на клубот“, заклучи Квитова.

Таа го освои Вимблдон во 2011 и 2014 година и заработи над 37 милиони долари само од тенисот


Атлетико се засили со Матео Руџери

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид потпиша денес петгодишен договор со левиот бек Матео Руџери.

Италијанскиот дефанзивец доаѓа во редовите на Атлетико од Аталанта во трансфер вреден околу 17 милиони евра.

Руџери потекнува од академијата на Аталанта и го имаше своето деби на 18-годишна возраст во Лигата на шампиони против Ливерпул во 2020 година. Следната сезона ја помина на позајмица во Салернитана, а една година подоцна стана стандарден во клубот од родниот град Бергамо.

Во март оваа година, Руџери доби дебитантски повик во италијанската репрезентација за завршницата во Лигата на нации, но не настапи во четвртфиналето против Германија