feature

Дрес на Леброн продаден за 1,3 милиони евра

Дресот на Леброн Џејмс кој го носел како средношколец е продаден за неверојатни 1,3 милиони долари, објавија медиумите во САД.

Станува збор за дресот од „Сент Винсент-Сент Мери“ кој во последните пет години по трет пат е е продаден на аукција.

Со овој дрес Леброн во последната сезона постигна дури 32 поени во натпревар кој беше еден почеток на неговиот пат кон НБА лигата.


Дембеле влезе во конфликт со Луис Енрике

Според последните информации кои пристигнуваат од Франција, Усман Дембеле бил отстранет од тимот на Пари Сен Жермен поради расправија со тренерот Луис Енрике.

Дембеле како што се најавува нема да биде дел од составот на францускиот гигант за утрешниот натпревар во Лигата на шампионите.

Од почетокот на сезоната Дембеле настапи на сите шест натпревари во Лига 1 и во нив оствари учинок од четири гола и четири асистенции. Беше асистент Дембеле и во натпреварот против Рен во петокот навечер (3-1).

Во оваа ситуација за ПСЖ е добра вест што во составот по повредата се враќа Витиња и тој ќе може да настапи во Лондон.


Погачар стана светски првак и ги обедини велосипедските круни

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана светски шампион, откако ја обезбеди титулата на шампионатот што се одржа во Цирих, Швајцарија.

Тој ја комплетираше „тројната круна“, бидејќи покрај оваа титула претходно беше победник на Тур Д’Франс и на Џиро Д’Италија.

Погачар оваа сезона собра вкупно 589 поени, што ја прави најдобра во историјата на велосипедизмот.

Досега најдобрите сезони, дури шест во периодот од 1969 до 1974 година, ги извезе Белгиецот Меркс.


Ограбен тенискиот комплекс „Ролан Гарос“

Во Париз е извршен грабеж на тенискиот комплекс „Ролан Гарос“.

Француските медиуми објавија дека инцидентот се случил ноќта четврток кон петок. Сторителите на делото влегле во комплексот, и упаднале во неколку канцеларии. Украле 11 илјади евра готовина и накит од 20 илјади евра.

Француската тениска федерација соопшти дека полицијата во моментов го истражува грабежот.

Комплексот „Ролан Гарос“ се наоѓа во 16. округ на Париз. Секоја година таму се одржува еден од четирите Грен слема во светот – Отвореното првенство на Франција.


Матија Мирков си замина од Шкупи

Матија Мирков, по денешниот пораз од Работнички, поднесе оставка од позицијата главен тренер на Шкупи, имајќи ги предвид резултатите и сметајќи дека за клубот во овој момент е најдобро да се повлече, објави прволигашот од Чаир.

Управниот одбор на клубот известува дека ја прифатил оставката на тренерот Матија Мирков, благодарејќи му за досегашниот придонес како помошен тренер, но и како главен тренер, и му посакува многу успех во неговата кариера.

Матија Мирков секогаш ќе остане дел од нашето семејство. Ти Благодариме, стои во соопштението на Шкупи.

Тренерот Мирков, во образложението на оставката вели дека дал максимално се залагал за време на тренерската работа во Шкупи и му посака на тимот повеќе успех во понатамошниот дел од сезоната.


Три европски клубови во полуфиналето на Светското клупско првенство во ракомет

По одигрувањето на сите натпревари од двете групи на Светското ракометно клупско првенство, познати се сите полуфиналисти на оваа натпреварување.

Магдебург, кој по победата над Ал Калеј од 35:28, прв избори полуфинале, за пласман во финалето ќе се бори против Ал Ахли.

Второто полуфинале ќе биде помеѓу Барселона и унгарскиот гигант Веспрем. Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 1 октомври, а завршниот ден е резервиран за 3 октомври.


Тен Хаг не се плаши од отказ во Јунајтед

Манчестер Јунајтед го претрпе третиот пораз во шестиот лигашки меч во оваа сезона и тоа против Тотенхем кој го освои „Олд Трафорд“ со 3-0.

Овој резултат дефинитивно го зголеми притисокот врв менаџерот Ерик Тен Хаг, но Холанѓанецот не стравува од отказ и порачува дека сите се заедно во оваа приказна.

„Сите заедно донесовме оваа одлука да останеме заедно ова лето. Исто така, донесовме одлука со јасна идеја што треба да подобриме и како сакаме да изградиме тим, но знаевме дека ќе потрае некое време. Сите сме таму на иста страница, во ист брод – јас, играчите, раководството. Сите сме заедно“; подвлече стратегот.


Мидлтон уште не е спремен за враќање на терените

НБА кошаркарот Крис Мидлтон продолжува со рехабилитација откако имаше две операции на скочните зглобови.

Операциите беа неопходни за да му помогнат на Мидлтон да се ослободи од болките кои ги чувствуваше во текот на минатата сезона.

„Крис сè уште не е подготвен за целосен тренинг пет на пет“, оцени медицинскиот персонал на тимот.


Преодниот рок во најсилните европски лиги ќе се затвора на 15 август

Шпанската Ла Лига постигна договор со другите големи европски лиги за затворање на летниот преоден рок пред почетокот на сезоната 2025/26. Претходно, клубовите во Европа побараа од нивните национални лиги да работат заедно на договор за промена на сегашните правила, објави „Тајмс“.

„Ла Лига и другите водечки европски лиги се договорија за датумот на затворање на трансфер прозорецот во 2025 година“, се вели во соопштението на „Фудбал Шпанија“.

Според „Тајмс“, летниот преоден рок сега ќе се затвори на 15 август. Како такви, трансферите ќе бидат затворени до почетокот на најдобрите пет европски домашни лиги, вклучувајќи ги Ла Лига, Премиер лигата, Бундеслигата во Германија, Лига 1 во Франција и италијанската Серија А.

Нема планови за какви било промени во вонсезоната. Така, во 2025 година, Ла Лига ќе се отвори на 2 јануари и ќе се затвори на 3 февруари, заедно со четирите главни лиги.


Халанд е најдобар напаѓач во светот за минатата сезона

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд се најде на врвот на листата на најдобри напаѓачи во светот според специјализираниот портал за фудбал „FourFourTwo“.

Норвежанецот го зазеде првото место меѓу првите десет најсилни напаѓачи во моментов.

Во Топ 10 се најдоа:

1. Ерлинг Халанд (Манчестер сити)

2. Килијан Мбапе (Реал Мадрид)

3. Хари Кејн (Баерн)

4. Лаутаро Мартинез (Интер)

5. Виктор Осимен (Галатасарај)

6. Александар Исак (Њукасл)

7. Виктор Ѓекереш (Спортинг)

8. Оли Воткинс (Астон вила)

9. Каи Хаверц (Арсенал)

10. Хулијан Алварез (Атлетико).