feature

Лудо баскиско дерби, Реал Сосиедад во последната секунда го доби Атлетик Билбао

Фудбалерите на Реал Сосиедад го победија Атлетик Билбао со 3-2 во 11. коло од шпанската Ла Лига.

Дербиот на Баскија се играше во Сан Себастијан, на стадионот „Реале Арена“ пред околу 30.000 луѓе. Натпреварот беше интензивен, Атлетик два пати се враќаше во натпреварот, на крајот херој на Сосиедад е Горотачеги.

Во 38-та минута Браиз Мендес ја затресе мрежата на Билбао, но радоста на домашните траеше само четири минути. Горока Гурусета изедначи на 1-1.

На почетокот од вториот дел од натпреварот, веднаш по почетниот удар, Португалецот Гонзало Гуедеш, со прекрасен потег се ослободи од својот чувар и им ја врати предноста на домашните.

Сепак, половина час подоцна, откако беше поништен голот на Закаријан за 3-1, Наваро успеа да погоди за 2-2 и да внесе дополнителна драма во баскиското дерби.

Реал Сосиедад победата ја обезбеди во втората минута од судиското надополнување на времето, на асистенција на Ојарсабал, Горочатеги го постигна голот за победа од 3-2.

Сосиедад го забележа третиот триумф, со 12 бодови се наоѓа на 13. место. Атлетик го доживеа третиот пораз во последните пет натпревари, со 14 бодови на табелата се наоѓа на 10-то место.


Кузмановски и Митревски главни лауреати за ракометната 2025 година

Ракометната федерација на Македонија вечерва на гала вечера организирана во хотелот „Хилтон“ во Скопје ги избра најдобрите за сезоната 2024/2025 година. За најдобар македонски ракометар е избран Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер, додека признанието за најдобра кај дамите го доби Катерина Дамјановска од Ѓорче Петров.

Церемонијата почна со громогласен аплауз за прерано починатите Александар Јовиќ и Илија Темелковски. Исто така, Темелковски постхумно е добитник на наградата за посебен придонес во ракометот, за сето она што го стори за овој спорт во својот живот, најпрвин како играч, а потоа и како тренер и селектор. Големото признание на бината го прими сопругата на Темелковски заедно со неговите двајца внуци.

Признанија за најдобрите за сезоната 2024/25:
Најдобар ракометар и ракометарка: Филип Кузмановски и Катерина Дамјаноска
Најдобар тренер во машка и женска конкуренција: Кирил Лазаров и Симе Симовски
Најдобар млад ракометар и ракометарка: Димитар Узунчев и Марија Јанкуловска
Најдобри странци: Дмитро Хориха и Ана Вранчиќ
Најдобри стрелци: Давид Димевски и Марија Анчева
Најдобар ракометар и ракометарка (социјални мрежи): Никола Митревски и Теодора Гулицоска
Најдобри судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов


Лазаров: Јапонците играат речиси совршен ракомет, попладнево заслужено победија

Лазаров: Јапонците играат речиси совршен ракомет, попладнево заслужено победија

ајдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Јапонија во вториот контролен натпревар, а во рамките на ЕХФ неделата. Откако пред два дена во Скопје, зад затворени врати, Македонија славеше со 29:27, денеска пред кумановската публика загуби со 31-32.

Селекторот Кирич Лазаров по натпреварот во Куманово рече:

„Сакам да кажам дека имавме екстра квалитетен противник за тестирање пред Европското првенство и самите се уверивте во нивниот квалитет. Се одигра натпревар во висок ритам сите шеесет минути, а Јапонците покажаа дека играат речиси совршен ракомет без разлика на своите физички предиспозиции. Еден натпревар победивме, а сега загубивме. Се обидов да ги освестам момците дека ова е сериозна репрезентација која секогаш игра на Олимписки игри. Со самото тоа што ќе се погледнат имињата на кој е или бил селектор докажува дека вложуваат и сакаат да одат напред. Можам слободно да кажам дека дури и заслужено победија според прикажаното”.

Пријателските дуели со Јапонците се дел од подготовки за настап на Европското првенство што ќе се одржи во јануари следната година. Селекторот Лазаров преку овие натпревари се стреми да го изгради најдобриот можен состав за континенталниот собир.


Јапонија за еден гол подобра од Македонија на тестот во Куманово

Македонската машка ракометна репрезентација загуби од Јапонија со 31-32 во вториот пријателски натпревар одигран во Куманово. Ова беше втор дуел, по првиот затворен натпревар одигран во Скопје на 30 октомври, кој Македонија го доби со 29-27.

Во еден динамичен, израмнет дуел гостите од Азија излегоа како победници на оваа втора контролка на двете селекции со тоа што првата беше затворена за јавноста и истата им припадна на избраниците на Кире Лазаров.

Двете репрезентации имаа свои моменти, минути на пресметката со Куманово, ние успеавме да го добиеме првиот дел со 17-16, меѓутоа „самураите” одговорија во вторите 30 минути, направија серија по кои македонските ракометари потоа бркаа, се обидуваа да останат барем непоразени, но тоа не го остварија иако го имавме последниот напад преку Кузмановски.

Најефикасни во македонската репрезентација беа Серафимов со седум и Костески со пет гола, а кај Јапонија се истакна Енамото со седум погодоци.


Погба повторно надвор од терен со нова повреда

Paul Pogba in training for Monaco

Пол Погба нема да дебитира за Монако овој викенд, откако на тренинг доби повреда на глуждот. Французинот требаше да се врати на терен против Париз ФК во Лига 1, но извитканиот глужд ќе го задржи надвор од составот.

Иако повредата не е сериозна, клубот од Азурниот Брег одлучи да не ризикува, очекувајќи Погба да биде целосно подготвен по репрезентативната пауза.

Навивачите и стручниот штаб со нетрпение го очекуваа неговото враќање, прво по повеќе од две години отсуство од натпреварувачки фудбал поради повреди и суспензија за допинг.

Во Монако остануваат оптимисти дека 32-годишниот играч ќе биде подготвен за настап наскоро и конечно ќе го облече дресот на клубот во официјален натпревар.


Голманот на Тотенхем се пензионира на 26 години и започнува кериера како режисер

Alfie Whiteman with the Europa League trophy

Поранешниот голман на Тотенхем, Алфи Вајтмен, на 26 години објави дека се повлекува од професионалниот фудбал за да ја следи својата креативна страст, режијата и фотографијата.

Вајтмен му се приклучи на Тотенхем кога имал само 10 години и помина цели 16 сезони во клубот, вклучувајќи и период на позајмица во Шведска. Иако ретко добиваше минути во првиот тим, беше дел од составот што минатата сезона го освои трофејот во Лига Европа, со што го заокружи своето долго патување од дете маскота до професионален играч со европски медал.

Покрај фудбалот, Вајтмен отсекогаш негувал интереси во уметноста. Посетувал часови по глума, се занимавал со фотографија и водел свое инди радио шоу. Наместо во луксузен автомобил, често патувал на тренинзи со јавен превоз, симбол на неговиот посебен пристап кон животот и спортот.

Во едно искрено признание, тој откри дека уште на 17 или 18 години почнал да се преиспитува дали фудбалот навистина е неговиот повик. Таа мисла со текот на годините созреала во одлука, да го напушти спортот и целосно да се посвети на креативните уметности.

Сега е потпишан со лондонско-лосанџелеската продукциска куќа „Somesuch“ и веќе работи на неколку филмски и фотографски проекти кои ги спојуваат раскажувањето и визуелната уметност.

Приказната на Вајтмен е инспиративен пример дека и спортистите можат успешно да преминат во сосема поинакви кариери, следејќи го она што навистина ги исполнува.


Украинецот Довбик од Рома се сели во Милан?

Артем Довбик оваа сезона не игра на завидно ниво за Рома.

Тимот на Гасперини е водечки на табелата на Серија А, го дели првото место со Наполи по девет кола, а како што пренесуваат италијанските медиуми големиот ривал Милан го сака Украинецот во своите редови.

Имено, големото засилување на „росонерите“ Сантјаго Хименез, кој стигна за 32 милиони евра минатиот јануари од Фејенорд, досега не постигна ниту еден гол во Серија А. Тој беше стрелец во Купот на Италија и тоа е се од него, па управата на клубот реши да доведе нов напад.

Довбик минатата година дојде во Рома од Џирона за 30 милиони европски парички.


Кристал Палас принуден да игра три меча во пет дена

Кристал Палас може да биде принуден да игра три натпревари во само пет дена, згуснатиот распоред им создава главоболки на популарните „орли“.

Кристал Палас забележа голема победа на Енфилд, го совлада Ливерпул со 0-3 во Лига купот, но ова им донесе многу главоболки на момците на Оливер Гласник.

Натпреварите од четвртфиналето против Арсенал треба да се играат на 16. или 17. декември, но проблем е тоа што Кристал Палас на 18. октомври имаат пресметка во Конференциската лига, а на 14. декември е закажан дуелот против Манчестер Сити во Премиерлигата.

Па сега се бара компромис за Кристал Палас да не треба да игра три натпревари во пет дена.

На оваа тема денес говореше и Микел Артета, и одговараше на прашање дали можеме да дојде во ситуација кога клубовите ќе мора да се откажат од некое натпреварување поради згуснатиот распоред.

„Доколку во преден план ни е здравјето на фудбалерите и нашите навивачи, мислам дека нема да дојдеме во таква ситуација. Се надевам дека нема да дојдеме во ситуација кога ќе се откажуваме од одредено натпреварување. Но доколку ги игнорираме фудбалерите и навивачите, тогаш се е можно“.


Тирана е новиот клуб на Ардијан Нухиу

Поранешниот стратег на Шкендија и Шкупи, Ардијан Нухиу, ја продолжува својата тренерска кариера во Албанија, каде што го презема кормилото на екипата на Тирана. Тој на клупата ќе го замени Италијанецот Роберто Бордин, кој беше отпуштен поради серијата разочарувачки резултати.

Раководството на клубот од главниот град одлучи шансата да му ја довери токму на Нухиу, кој последно работеше во косовската Дрита. Тоа беше и неговиот единствен ангажман надвор од Македонија, по епизодите и со Шкендија и Шкупи.

Тирана моментално се наоѓа во тешка ситуација на деветтото, претпоследно место на табелата, со само еден бод повеќе од Фламуртари.


Минхен единствен кандидат за домаќин на финалето на ЛШ во 2028 година

УЕФА ја претстави листата на градови кои изразиле интерес да бидат домаќини на најголемиот континентален фудбалски спектак, финалето на Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година.

Интересно е што засега само германскиот Минхен поднел апликација за организација на финалниот натпревар во 2028 година. Токму „Алијанц арената“ беше домаќин и на овогодинешното финале, кога Пари Сен Жермен триумфираше над Интер со убедливи 5:0.

Следното финале ќе се игра во Будимпешта на „Пушкаш арената“, а во 2027 година елитниот натпревар ќе се пресели во Мадрид, на стадионот „Метрополитано“, каде што своите натпревари ги игра Атлетико.

За финалето во 2029 година интерес покажале два фудбалски гиганта, Лондон со легендарниот „Вембли“ и Барселона со реконструираниот „Камп Ноу“.

Од УЕФА нагласуваат дека процесот на пријавување сè уште е отворен и дека сите потенцијални кандидати имаат рок до 10 јуни 2026 година да ја достават својата апликација.

Можеби ќе ве интересира