feature

Гринвуд ослободен со кауција заради обвинувањето за насилство и силување

Мејсон Гринвуд е ослободен со кауција, јавува Би-Би-Си. Играчот беше обвинет од неговата девојка Хариет Робсон за тепање и силување преку серија објави на социјалните мрежи во неделата.

Полицијата во Манчестер веднаш реагираше и по сослушувањата со неа истиот ден, вечерта се појави информација дека Гринвуд е уапсен. Вчера стана јасно дека обвиненијата се сменети и веќе е под истрага за сексуален напад, силување и закана за убиство. Тој беше приведен, а казната двапати му беше продолжена, за да биде пуштен утрово. Од полицијата објаснуваат дека истрагата за случајот продолжува.

Манчестер Јунајтед уште во неделата излезе со официјален став дека му е забрането да игра за „црвените ѓаволи“ и да тренира со тимот до следно известување и дека клубот се противи на сите форми на насилство.

Освен тоа, од „Олд Трафорд“ нема да му пружат никаква помош на играчот ниту пак правна помош во текот на истрагата.


Дембеле одби да го раскине договорот, останува во Барса до јуни

Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле одбил да го раскине договорот со клубот.

Според изворот, Французинот не сакал со меѓусебен договор да го раскине договорот со Каталонците. Доколку Дембеле се согласеше, ќе станеше слободен играч и Каталонците ќе треба да му исплатат дел од платата додека играчот не најде нов клуб.

Претходно се дозна дека доколку Дембеле одбие да го раскине договорот со Барселона, клубот ќе може да го направи тоа еднострано. Каталонците до 30 јуни ќе треба да му ја исплатат целата плата на Французинот.

Да потсетиме дека договорот на Осман Дембеле истекува следното лето. Барселона во јануарскиот преоден рок сакаше да го продаде Дембеле, но не најде опции. Фудбалерот одби неколку предлози од Барселона за продолжување на договорот. Тренерот на Каталонците Чави претходно изјави дека Осман или ќе го продолжи договорот или нема да игра. Дембеле оваа сезона има само шест настапи во Ла Лига и имаше две асистенции.


Њукасл и Јуве најмногу потрошија во зимскиот преоден рок

Њукасл и Јувентус се клубовите кои потрошиле најмногу пари за влезни трансфери во јануари, според проценките на Трансфермаркт. Од Њукасл потрошиле повеќе од 100 милиони евра за нови играчи оваа зима, а точната бројка е 102,1 милиони.

Њукасл доби неколку нови играчи – Бруно Гимараеш, Киран Трипие, Ден Бирн, Мет Таргет и Крис Вуд. Јувентус е втор со 97,7 милиони евра. „Старата дама“ го направи и најголемиот трансфер оваа зима, плаќајќи 80 милиони евра (вклучувајќи бонуси) на Фиорентина за српскиот напаѓач Душан Влаховиќ. Клубот од Торино го купи и швајцарскиот играч за врска Денис Закарија, чиј договор со Борусија (Менхенгладбах) истекуваше на 30 јуни, но купија и фудбалер од Серија Б, дефанзивецот на Фросиноне, Федерико Гати. Тој ќе остане во Фросиноне до крајот на сезоната, а потоа ќе следи преселба во Торино.

Барселона е на третото место со 55 милиони евра потрошени за трансфери. Каталонците зимава се засилија со Феран Торес и Адама Траоре, а со слободен трансфер им се приклучува и Пјер-Емерик Обамејанг. По рангирањето следат 4 англиски екипи, како и еден италијански, односно Ливерпул (45 милиони евра), Евертон (37,5 милиони евра), Астон Вила (30 милиони евра), Тотенхем (29 милиони евра) и Фиорентина (28 милиони евра). „Виолетовите“ од Фиренца го заменија Влаховиќ со Артур Кабрал од Базел, а претходно во јануари потпишаа и со Кшиштоф Пионтек.


Ѓоковиќ и Верстапен фаворити за признанието Лауреус

Објавени се номинациите за признанијата за најдобри спортисти по категорија или Лауреус.

За престижната награда спортист на 2021 година има шест номинирани кандидати: Новак Ѓоковиќ (тенис), Макс Верстапен (формула 1), Том Брејди (НФЛ), Роберт Левандовски (фудбал), Елијду Кипчоге (атлетика) и Кејлеб Дресел (пливање).

Во конкуренција за спортистка на годината се Ешли Барти (тенис), Алисон Феликс (атлетика), Кејти Ледецки (пливање), Ема Мекион (пливање), Илејн Томпсон Хера (атлетика).

Фудбалската репрезентација на Аргентина, женскиот фудбалски клуб Барселона, олимпискиот тим на Канада во скокови во вода, НБА-шампионот Милвоки Бакс, фудбалската репрезентација на Италија и тимот на Мерцедес во Формула 1, се кандидатите за тим на годината.

Победниците ќе бидат објавени во април.


Повредата е минато, Погба им се врати на тренинзите

Пол Погба, по подолг период се врати во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед.

Французинот откако ја санираше повредата која го одалечи од тревнатите терени гедано некаде од финишот на 2021 година, сега за прв пат ќе има можност да работи со новиот тренер, Ралф Рангник.

„Црвените ѓаволи“ кои по неколку денови одмор се вратија на редовните активности, в сабота ги очекува мечот со Мидлсборо во рамките од ФА Купот.


Траоре: Дојдов во Барселона да победувам и да дадам се од себе

Фудбалскиот клуб Барселона и официјално го претстави своето ново засилување, Адама Траоре. Траоре се врати на Камп Ноу после трансферот од премиерлигашот Вулверхемптон, и ќе го носи дресот со број 11.

„Му благодарам на претседателот Лапорта што го овозможи моето враќање, како и на моите пријатели, на моето семејство и на сите што беа со мене во текот на седумте години додека бев далеку од дома. Ќе дадам се од себе да ги израдувам навивачите. Се надевам дека во недела ќе ја покажам својата сила на теренот. Сега сум физички посилен, имам поголемо искуство играјќи во Премиер лигата, која е доста напорна. Сепак, никогаш не ја заборавив Барса и многу сум среќен што можам да се вратам и да работам со Чави. Доаѓам да победувам и да дадам се од себе.


Нејмар најдобар бразилски фудбалер во Европа

Нејмар е добитник на наградата Златна Самба за 2021 година. Таа се доделува на најдобриот бразилски фудбалер кој настапува во Европа. Ѕвездата на ПСЖ наградата ја добива по петти пат во кариерата, а претходно истата ја освои во 2014, 2015, 2017 и 2020 година.

Бразилскиот напаѓач сеуште се опоравува од повредата на скочниот зглоб што ја заработи на натпреварот со Сент Етјен во ноември минатата година. Се очекува тој да биде подготвен за натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите кој е закажан за 15 февруари.


Манчестер Сити ќе му понуди нов договор на Бернардо Силва

Шампионот на Англија, Манчестер Сити, започна преговори за продолжување на договорот со Бернардо Силва.

27-годишниот играч од средниот ред минатото лето беше многу блиску до напуштање на Сити,но сега целата ситуација е променета и неговите менаџери почнале разговори за продолжување на неговиот актуелен договор, кој истекува во 2025 година.

Бернардо Силва смета дека клубот предводен од Гвардиола го практикува најдобриот фудбал во Европа и одговара на неговиот стил на игра.


Икарди фаворит за наследник на Ибра во Милан

Милан е во потрага по квалитетен напаѓач, а најголема желба на „росонерите“ на Мауро Икарди, пренесуваат италијанските медиуми.

Златан Ибрахимовиќ ја игра последната сезона во кариерата, па Милан веќе почна да бара негов наследник.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини веќе почнал преговори со Икарди, кој не е среќен во ПСЖ и сака да се врати во Милано.

Малдини наскоро ќе почне преговори со Леонардо и ќе се обиде уште на лето да го донесе Аргентинецот на „Сан Сиро“.


Жоан Лапорта: Дембеле одби две понуди за напуштање на клубот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во изјава за медиумите обелодени дека Усман Дембел одбил две понуди да го напушти клубот во последниот ден од јануарскиот преоден рок.

„Како клуб му доставивме многу добра понуда да го обнови договорот и да остане, но се јави проблем од финансиска природа бидејќи Дембеле и неговиот менаџмент побараа повеќе пари.

Во последниот ден од преодниот рок му покажавме и две добри понуди да игра за други клубови во следните шест месеци. Една од понудите беше од англиски клуб, но тој не ги прифати и избра да остане тука. Сите сме изненадени“, прокоментира Лапорта.

Усман Дембеле ќе остане на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната, но најверојатно нема да добива шанса од тренерот Чави за да игра на натпреварите на Барселона.