feature

Монца го добива Лука Јовиќ на позајмица

Лука Јовиќ е блиску до потпис за Монца, која моментално е на последното место во Серија А.

Милан му дозволи на српскиот напаѓач да го напушти клубот без обештетување, а претседателот на Монца, Адријано Галијани му постави 48-часовен ултиматум да одлучи дали сака да потпише за најлошиот тим во Италија, откри италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Скира.

Оваа сезона, Јовиќ одигра четири натпревари (88 минути) и нема постигнато гол.

Во јануари беше поврзуван со Монако, чиј тренер е Австриецот Адолф Хитер го тренираше во Ајнтрахт. Јовиќ играше за клубот од Франкфурт од 2017 до 2019. Во сезоната 2018/2019. имаше 27 гола и седум асистенции на 48 натпревари, со што избори трансфер во Реал Мадрид за 63 милиони евра.

Во Реал не се снајде, ниту пак покрај Карим Бензема доби вистинска шанса, поради што замина на во Ајнтрахт, постигна осум гола и донекаде ја оживеа кариерата. Како слободен играч во 2022 година, тој замина во Фиорентина и постигна 13 гола на 50 натпревари за нив.

Тој ја напушти Фиренца подоцна во сезоната и потпиша со Милан, кој повеќе не смета на него. Според „Трансфермаркт“, вредноста на Јовиќ е четири милиони евра.


Гринвуд одбра да игра за Јамајка

Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд во иднина ќе игра за репрезентацијата на Јамајка.

Според англиските медиуми, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед има право на јамајканско државјанство бидејќи неговиот татко е роден во таа земја.

Ова ќе биде големо засилување за тимот на Стив Мекларен, кој ја презеде репрезентацијата на Јамајка.

Гринвуд оваа сезона одигра 20 натпревари за Марсеј, постигна 13 гола и запиша четири асистенции.

Фудбалерот со англиско потекло ќе има право да и се приклучи на националниот тим на Јамајка, иако во кариерата ги минал сите младински селекции на Англија.


Синер пресилен за Де Минор, обезбеди ново Грен слем полуфинале

аник Синер експресно се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. Најдобриот светски тенисер го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 6-3, 6-2, 6-1 за помалку од два часа игра.

Синер против Де Минор одигра речиси перфектен меч во кој на својот ривал му дозволи само една брејк топка. Од друга страна, Де Минор немаше решение за агресивната игра на Синер.

Првиот сет беше решен во петтиот гем, кога Јаник ја реализираше втората брејк топка и потоа без многу мака дојде до водство од 1:0.

Ништо не се смени и во вториот сет. Брејк во првиот гем, уште еден во петтиот и по час и 20 минути на Род Лејвер арената, Синер имаше два сета предност.

Третиот сет беше само формалност. Забележлово беше дека Де Минор полека се откажува. Синер набрзина стигна до 4:0 и лесно го заврши сетот.

Синер во петок ќе игра за место во финалето против Бен Шелтон. Американецот претходно го победи сонародникот на СИнер, Лоренцо Сонего, по речиси четири часа игра со 6-4, 7-5, 4-6, 7-6.

Синер и Шелтон досега одиграа пет натпревари и резултатот е 4-1 за Италијанецот. Американецот го доби само првиот меч во Шангајво 2023 година, а во следните четири не освои ниту еден сет против Синер.


Борусија Дортмунд го отпушти Нури Сахин

Германскиот тим Борусија Дортмунд веднаш реагираше и утрово му даде отказ на својот досегашен тренер Нури Сахин.

Одлуката на управата на клубот од „Сигнал Идуна Парк“ е донесена по поразот против Болоња, а од клубот најавија дека наскоро ќе биде објавено името на новиот менаџер кој ќе го предводи клубот.

Серијата на лоши резултати на Борусија Дортмунд кулминираше со вчерашниот пораз од Болоња во ЛШ со 2:1, а претходно Борусија беше во серија од 3 порази во Бундеслигата од Баер Леверкузен, Холштајн Кил и Ајнтрахт Франкфурт.

Борусија Дормтунд во Лигата на шампионите се наоѓа на 13.место со 12 освоени бодови, со 4 победи и 3 порази, но во Бундеслигата падна на 10.место со 25 освоени бодови.


Тикет за навивање. Гратис за наздравување!

Пред почетокот на натпреварот помеѓу Македонија и Катар секој играч со уплатен тикет од минимум 100 денари на Евротип Клуб Картичка, на кој има натпревар од понудата на Светското првенство во ракомет, има право да добие пијалок по избор од спорт кафе понудата.

Услови кои треба да ги исполни тикетот

  1. Минимална уплата 100 денари.
  2. Вкупен минимален коефициент на тикет 5.00.
  3. Минимално еден натпревар од ракометното Светско првенство.

Гвардиола: Кој напаѓач сега би дошол да биде замена за Халанд?

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, објасни зошто „граѓаните“ не можат да ангажираат напаѓач од типот на Мбапе.

„Ѕвездените голгетери нема да дојдат кај нас да го заменат Халанд. Треба да најдеме млад играч кој ќе ја прифати оваа улога или играч како Боб, Мекаити, Фоден. Не можеме да одиме да го купиме, на пример, Мбапе“ , изјави Гвардиола.

„Граѓаните“ денес ги чека меч со францускиот ПСЖ во новата рунда во Лигата на шампионите.


Попович спремен да се врати на тренерскиот занает

Грег Попович треба да се врати на тренерската работа. Според извршниот директор на Сан Антонио, Р.Ц. Бафорд, клубот очекува 75-годишниот тренер повторно да го води тимот во некоја фаза.

„Тој е се подобар секоја недела. Не можеме точно да кажеме кога ќе се врати, но, тоа ќе се случи во одреден момент“, рече Бафорд.

Попович пред да доживее мозочен удар, го водеше тимот на првите пет средби на стартот на сезоната.


Бруно Лаж бесен на Дани Мекеле по дуелот со Барса

Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Бруно Лаж, не е незадоволен од судењето на Дани Мекеле на вчерашниот меч со Барселона во Лигата на шампионите.

„Да се ​​постигнат четири голови и да се прикаже таков фудбал е одлично но, начинот на кој загубивме е фрустрирачки.

Во 94 минута, мислам дека беше груба грешка на судијата. Тој мора да ги толкува таквите ситуации идентично, ако досудите пенал во корист на противникот, тогаш досудете го и тука“, рече тренерот на Бенфика.


Никола Матлиески нов тренер на Пролет

Никола Матлиески е нов шеф на стручниот штаб на Тинекс Пролет, објави денес раководството на ракометниот клуб од Скопје.

Матлиески доаѓа на клупата на Тинекс на местото на Александар Јовиќ кој почина ненадејно пред седум дена.

-Матлиески е тренер што многу добро го познава Тинекс Пролет, тој седеше на клупата на овој тим од 2017 до 2021 година, кога си замина, а на негово место пристигна Зоран Кастратовиќ, но самиот Матлиески даде огромен придонес во освојувањето на третото место, што е најдобар пласман на Тинекс Пролет од формирањето на Супер-лигата, информираат од РК Тинекс Пролет.

Старо-новиот тренер потпиша долгорочен договор со Тинекс Пролет, по што синоќа го одржа и првиот тренинг со екипата.

За одбележување е гестот на управата на Тинекс Пролет, до крајот на сезоната, на семејството на Јовиќ да му се исплатат средствата од договорот.


Ѓоковиќ: Го победив Алкараз со една ипол нога

Новак Ѓоковиќ денес во четвртфиналето на Австралија Опен го совлада 16 години помладиот Карлос Алкараз со 4-6, 6-4, 6-3, 6-4.

Со 37 години и 243 дена, Србинот стана четвртиот најстар тенисер кој победил тенисер кој бил рангиран меѓу најдобрите тројца во светот на Грен слем. Кен Роузвол е сè уште неприкосновен, откако го победи Џон Њукомб во полуфиналето на УС Опен во 1974 година на возраст од 39 години и 299 дена.

Ѓоковиќ ќе игра против Александар Зверев, светскиот рекет број два, во рекордното 50. полуфинале на Грен слем. Двајцата досега одиграа 12 официјални натпревари еден против друг, а Новак води со 8:4. Српскиот тенисер победи на сите три претходни Грен слем натпревари.

По мечот, Ѓоковиќ на теренот направи интервју со Џим Куриер, а на прашањето како го доби овој меч, тој одговори: „Од каде да почнам? Со моите две нозе и две раце, поточно со една и пол нога. На почетокот морам да кажам, почит кон мојот противник за сето она што го направи, тој е исклучително момче, најмладиот број 1 досега, се надевам дека ќе видиме нови натпревари.“

„Тој ќе биде тука подолго од мене, но овој натпревар денеска беше… Не знам, Александар Зверев веројатно е буден и го гледа ова. И неговиот тим исто така. Еден од тие епски натпревари, благодарам на сите што останаа, 1 часот е по полноќ, благодарам што гледавте“.

За повредата, која го натера да земе медицински тајм-аут на сервис на Алкараз во првиот сет додека водеше со 5-4, тој вели: „Сè уште сум на теренот, па не можам да се пожалам или откријам премногу. Морав да земам уште една доза лекови.” . Не знам дали ќе продолжев ако го изгубев вториот сет. Одиграв два одлични гема, а потоа лековите почнаа да делуваат, што навистина ми помогна.“