feature

Миовски интересен за англиски Саутемптон

Македонскиот интернационалец, Бојан Миовски повторно игра одлично за екипата на Абердин, а тоа може да му донесе трансфер во завршницата на овој летен преоден рок.

Имено за него има сериозен интерес од Саутемптон, тим кој до „вчера“ играше во Премиер лигата и има амбиции експресно да се врати во најсилната англиска фудбалска конкуренција.

Менаџерот Расел Мартин многу го почитува и цени нашиот репрезентативец, па лесно може да се случи напаѓачот да заврши во таборот на „светците“.

Меѓутоа за да се случи тоа прво ќе треба Че Адамс да си замине, играч за кого има сериозен интерес од Евертон. Абердин сака четири милиони фунти за Бојан, па останува да се види дали може да се реализира една ваква зделка.


Мбапе пресече: Ова лето ќе остане во Париз

Шпанските медиуми објавија дека сагата околу трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е завршена.

Фрацузинот синоќа настапи против Ленс и постигна два гола, па ова лето сигурно ќе остане во ПСЖ. Шпанските медуми долго време шпекулираа дека Мбапе ќе потпише за „кралевите“, меѓутоа тоа нема да се случи ова лето, а голема е веројатноста тоа да се случи следното лето.

Мбапе седна на преговарачка маса со челниците на ПСЖ за да најдат заеднички јазик следното лето да се пресели во Реал Мадрид, но клубот да добие обештетување.


Алиоски си замина од Ал-Ахли од Џеда

Езџан Алиоски кој летово се врати во Ал Ахли од Фенербахче по три натпревари во саудискиот клуб повеќе не е дел од него.

Алиоски и Ал Ахли ја прекинале соработката и македонскиот репрезентативец сега ќе бара нов клуб. Заминувањето на Алиоски е сосема неочекувано затоа што во првите три натпревари Алиоски беше стандарден и играше 90 минути, запиша и една асистенција.

Но, причината е доаѓањето на младиот Габри Виега и ограничениот број на странци во тимот. Саудиската лигa дозволува осум странски фудбалери, а со доаѓањето на Виега, Алиоски е означен како вишок.

Ал Ахли е еден од саудските клубови кој доведе познати имиња летово од Европа во овој клуб настапуваат: Фирмино, Ријад Марез, Франк Кеси, Роџер Ибањез, Едуард Менди.


Рекорд во Англија: Премиерлигашите потрошија преку две милијарди

Иако клубовите од Саудиска Арабија направија „бум“ во летниот преоден рок, сепак Премиер лигата и понатаму го држи приматот.

Премиер лигата со години наназад е најбогата лига на светот и англиските клубови трошат најмногу пари на трансфер пазарот, па така е и оваа година. Анализата на финансиската куќа „Делоит“ покажува дека досега се потрошени 1.95 милијарди фунти на фудбалери, со што е срушен рекордот во Премиер лигата од минатата сезона.

Првпат има два трансфери над 100 милиони фунти – Моисес Каиседо од Челси во Брајтон и Деклан Рајс од Вест хем во Арсенал.

Манчестер Сити го купија Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ и Жереми Доку, Манчестер Јунајтед ги купија Мејсон Маунт, Расмус Хојлунд и Андре Онана.

Другите лиги се далеку од овие бројки, па од година во година се повеќе се зголемува јазот помеѓу Премиер лигата и останатите лиги.


Алегри го сака Гравенберх, Баерн спремен да го позајми Холанѓанецот

Јувентус е силно заинтересиран за играчот на Баерн Минхен, Рајан 

Гравенберх.

21-годишниот холандски талент блесна во дресот на Ајакс и направи трансфер во Баерн, каде не добива голема минутажа и е спремен да ја промени средината.

Самиот играч јавно го изрази незадоволствот од малата минутажа и сака да направи трансфер ова лето, а Баерн за неговара слобода бара 30 милиони евра.

Алегри верува дека тој е алката која недостасува за напад на Скудетото, но „старата дама“ ќе мора да ја победи конкуренцијата бидејќи за него интерес покажуваат уште Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и му нудат централна улога во тимот и голема минутажа.


Бербатов критичен кон новиот лик на Јунајтед

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, верува дека „црвените ѓаволи“ можат да имаат добра сезона иако почетокот им беше под очекувањата.

„Второто полувреме против Тотенхем беше посебно слабо, речиси идентично како првото полувреме на премиерата против Волвс. Кога не постигнуваш голови противникот добива на сила“, вели Бербатов.

Четата на Тен Хаг по две кола има една победа и еден пораз и се наоѓа на 12. место во Премиер-лигата.


Мехди Тареми за дваесет милиони се сели во Милан

Милан е во потрага по напаѓач за следната сезона, а прво име на списокот е Мехди Тареми од Порто.

Иранскиот напаѓач веќе неколку сезони блеска во дресот на Порто и минатата сезона постигна 31 гол, па го привлече вниманието на многу европски клубови.

Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе постигнал договор со агентот на 30-годишниот напаѓач, а преговорите со Порто се во напредна фаза.

Првата понуда на Милан од 15 милиони евра била одбиена бидејќи Порто за слободата на Тареми бара 20 милиони евра.

Се очекува во наредните денови да се интензивираат преговорите бидејќи самиот Тереми притиска за трансфер на „Сан Сиро“.


Клоп ги смирува фановите за иднината на Мохамед Салах

Мохамед Салах во претходните денови се најде во центарот на вниманието поради наводниот интерес од Ал Итихад, меѓутоа од тоа нема да има ништо.

Пишувањата на бројните светски медиуми ги демантираа агентот на фудбалерот и стратегот на Ливерпул, Јирген Клoп.

„Мохамед Салах останува посветен на Ливерпул. Ако разгледувавме заминување од „Енфилд“, немаше да потпишеме нов договор“, објави агентот на Рами Абас на неговиот твитер профил. Сличен беше ставот и на Јирген Клоп.

„Нема официјална понуда за Салах. Мо е наш играч и важен дел од тимот. Ако се појави понуда нашиот одговор ќе биде „не“. Салах е целосно посвете нна Ливерпул и таа тема за нас е затворена“, изјави Клоп.

По ова е јасно дека Салах и во наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Ливерпул кој викендов го чека тежок натпревар против Њукасл.


РБ Лајпциг спрема подобрена понуда за Елмас

Наполи не сака да се раздели со македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас и ги одбил сите понуди кои пристигнале ова лето.

Како што пишуваат италијанските медиуми најсилен интерес за Елмас покажува Лајпциг кој во македонскиот репрезентативец гледа идеална замена за Собоцлај.

Лајпциг понудил 35 милиони евра, но Наполи експресно ја одбил понудата. Претседателот Аурелио де Лаурентис не сака ни да слушне за продажба на Македонецот, а размислува и да му достави понуда за продолжување на соработката.

Меѓутоа, Лаипциг не се откажува и спрема нова, побогата понуда за потписот на Елмас.


Интер го враќа Алексис Санчез по само една сезона

Алексис Санчез договори кам-бек во Интер и утре ќе пристигне во Милано, пренесува „Скај Спорт“.

Според информациите, двете страни постигнале договор за едногодишна сорабтка вредна 2,5 милиони евра и утре Санчез треба да ги мине лекарските прегледи.

Интер се ослободи од Хоакин Кореа, кој се сели во Марсеј, а Санчез доаѓа како слободен агент.

Чилеанецот една сезона помина во Марсеј, откако минатото лето токму од Интер се пресели во Франција.