feature

Европските гиганти застанаа во редот за Душан Влаховиќ

Душан Влаховиќ најверојатно ќе го напушти Јувентус ова лето.

Влаховиќ требаше да биде прва ѕвезда во Јувентус кога пристигна за 80 милиони евра, но не се снаоѓа баш најдобро и не му одговара стилот на игра на Алегри. Имено, Србинот не е задоволен од третманот во Јувентус и влегол во директен конфликт со тренерот Алегри, па и „бјанконерите“ се спремни да го продадат.

Според „Газета дело спорт“, за 23. годишниот напаѓач се заинтересирани Баерн Минхен, Челзи, Њукасл и Манчестер Јунајтед, кои веќе ја почнале трката за неговиот потпис.

Јувентус за неговата слобода бара 65 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат, па Влаховиќ сигурно ќе има добар избор.


Бастони од Интер е најновата желба на Пеп Гвардиола

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, пренесуваат италијанските медиуми.

Минатото лето Бастони беше на мета на неколку европски клубови, но Интер не сакаше да го продаде еден од најдобрите играчи во тимот. Меѓутоа, сега ситуацијата е поинаква, бидејќи Бастони на лето влегува во последната година од договорот и двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Интер сака да избегне нов случај Скриниар, кој заминува како слободен агент, па доколку Бастони не стави потпис, „нероаѕурите“ сигирно ќе го продадат.

Бастони има само 23 години и „Граѓаните“ веруваат дека може да биде столб на одбраната долги години, па се спремни да понудат 50 милиони фунти.


УЕФА потврди дека финалето на ЛШ ќе остане во Истанбул

Лондонски „Дејли Мејл“ неодамна објави дека финалето во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) би можело да се премести во Лисабон во случај на немири во Истанбул за време на претстојните турски претседателски избори.

Меѓутоа, УЕФА веднаш излезе со соопштение и потврди дека финалето на Лигата на шампиони оваа година ќе се игра на 10 јуни во Истанбул, како што беше предвидено.

„Натпреварот ќе се одигра во Истанбул на 10 јуни, како што е и планирано. УЕФА воопшто не води разговори во поинаков правец со ниту едни политички институции, влади или национални фудбалски федерации“, соопшти УЕФА.

Во вторник и среда се играат реванш полуфиналните дуели и ќе бидат познати двајцата патници во финалето.


Рубен Невеш ќе биде замената за Бускетс во Барса

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.

Прв избор е португалскиот репрезентативец и член на Вулверхемптон, Рубен Невеш со кого преговорите се во напредна фаза.

Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, а Барселона веќе ги започна преговорите.

Неговиот агент Жорж Мендеш веќе имал состанок со раководството на Барселона и наводно ги договорил личните услови на фудбалерот.


Нагелсман нема да биде новиот менаџер на Тотенхем

Тотенхем е во потрага по нов менаџер, а прв избор беше германскиот стратег Јулијан Нагелсман.

„Спарси“ започнаа преговори со Германецот веднаш после неговиот отказ во Баерн и тој важеше како фаворит за наследник на Конте.

 „Дејли мирор“ тврди дека претседателот Даниел Леви се откажал од ваквата можност бидејќи Нагелсман имал нереални барања.

Како што сега стојат работите, преговорите меѓу двете страни нема да продолжат, а Тотенхем ќе се насочи кон други тренери.


Првото „Ел Класико“ следната сезона ќе се ига во Тексас

Реал Мадрид и Барселона ова лето повторно ќе одиграат пријателски натпревар во САД, во Тексас на 29 јули.

Двата тима ќе бидат на турнеја во САД во предсезоната и ќе играат на заеднички турнир со неколку европски гиганти.

„Кралскиот“ клуб во рамките на „Сокер чемпионс тур“ ќе се сретне со Милан во Лос Анџелес, па со Манчестер Јунајтед во Хјустон, а на 29-ти јули на „АТ&Т стадионот“ во Далас ќе игра пријателско Ел Класико против Барса.

„Ел Класико ќе се одигра на најграндиозниот стадион на светот, стадионот на Каубојс со капацитет од 105.000 седишта.


Астон Вила руши рекорди со Емери на клупата

Астон Вила, под водство на Унаи Емери, го постави клупскиот рекорд за најмногу победи во еден календарски месец во англиската Премиер лига во април. Ова го објави статистичкиот портал „Opta Sport“.

Астон Вила одигра седум натпревари во Премиер лигата во април. Избраниците на Унаи Емери извојуваа пет победи: во средбите со Челзи (2-0), Лестер Сити (2-1), Нотингем Форест (2-0), Њукасл Јунајтед (3-0) и Фулам (1-0). Во друг натпревар, Астон Вила одигра нерешено со Брентфорд (1-1). Единствениот пораз овој месец Астон Вила го претрпе во натпреварот од 34. коло со Манчестер Јунајтед (0-1). Средбата се одигра на 30 април.

Астон Вила е осма во англиската Премиер лига за оваа сезона. Тимот на Унаи Емери по 35 натпревари има освоено 54 поени.


Џеко добива нов договор на „Сан Сиро“

Ветеранот Един Џеко се договорил со Интер за продолжување на договорот за 12 месеци – до летото 2024 година, објави „Газета дело Спорт“.

Напаѓачот, кој неодамна наполни 37 години, има одлична сезона со 14 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања досега. Во средата тој го постигна првиот гол во победата од 2-0 над Милан во Лигата на шампионите, со што тимот се доближи до финалето.

Актуелниот договор на Џеко истекува на 30 јуни и според него зема 6 милиони евра. Босанецот се согласил да ги намали свите барања на 5 милиони евра. Покрај тоа, управата одби да ја исполни неговата желба за нов двегодишен договор. Тој дојде во Интер во 2021 година од Рома за помалку од три милиони евра.


Барса пред дилема: Дали Дембеле да добие нов договор?

Чави побара од раководството на Барселона да почне преговори за нов договор на Французинот.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека раководството на Барселона во наскоро ќе започне преговори со неговиот агент. Минатата година во јануари Барселона бараше од Дембеле да си замине откако одби да го продолжи договорот. Меѓутоа, Французинот остана, а во јуни стави потпис на нов договор.

Меѓутоа, Дембеле потпиша краток договор до 2024 година, па на лето повторно ќе влезе во последната година од договорот и има откупна клаузула од само 50 милиони евра.

Поради тоа Барселона стравува дека може да го загуби напаѓачот и му нуди нов 5-годишен договор.

На Каталонците му се брза бидејќи неколку европски гиганти се спремни да ја платат откупната клаузула на лето.


УЕФА нема да го промени местото на финалето на Лигата на шампионите

УЕФА соопшти дека не планира да го премести финалето на Лигата на шампионите во 2022/2023 година од Истанбул.

„Финалето на Лигата на шампионите во 2023 година ќе се одржи во Истанбул во исто време како што беше планирано на 10 јуни. УЕФА не води никакви преговори со никакви политички институции, влади или национални фудбалски асоцијации во врска со можното преместување на местото“, напиша новинарот на УЕФА, Роб Харис.

Потсетуваме, претходно во медиумите се појавија информации дека УЕФА може да го премести местото на финалето на Лигата на шампионите во Лисабон поради претседателските избори кои ќе се одржат во мај во Турција. Според гласините, европската организација се плашела од немири во Истанбул и затоа почнала да комуницира со португалската страна.