feature

Чуамени пред преселба во Ливерпул?

Англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Аурелијан Чуамени на крајот од сезоната можно е да го напушти шпанското првенство и да се пресели во Премиер лигата.

Според информациите кои ги наведуваат медиумите, Чуамени наводно тешко се носел со фактот дека тој не избори место во стартната постава на Реал и посакува промена на средината. Реал Мадрид веќе се договори за ангажман на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, и воедно ги продолжи договорите со Лука Модриќ и Тони Крос. Ова дополнително ја отежнува шансата на Чуамени да има повеќе минути во првиот тим предводен од тренерот Анчелоти.

Оваа ситуација со Чуамени будно ја следат од вицешампионот на Англија, Ливерпул, од каде веќе планираат испраќање на понуда за ангажман на францускиот фудбалер.

23-годишниот Чуамени е член на Реал од минатата година кога пристигна од Монако. Неговиот актуелен договор со „кралскиот клуб“ е со важност до 2028.година.


Андре Онана е прва желба на Јунајтед за наследник на Де Геа

Давид де Геа најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на лето, па „црвените ѓаволи“ ја почнаа потрагата по нов голман.

Актуелниот договор на Де Геа истекува на крајот на сезоната, а со оглед на фактот дека Шпанецот има 32 години, раководството се обидува да го убеди да прифати помала плата. „Атлетик“ пренесува дека Де Геа ја одбил понудата која му ја доставило раководството, па Јунајтед нема намера да му достави нова и ќе му дозволи да си замине.

Прва желба за негов наследник е голманот на Интер, Андре Онана, кој игра одлична сезона во Серија А.

Интер е спремен да го продаде бидејќи има финансиски проблеми, а Онана минатото лето пристигна без обештетување, па тоа ќе биде чиста заработка за „нероаѕурите“.


Кулибали има две понуди да се врати во Серија А

Калиду Кулибали минатото лето го напушти Наполи и се пресели во Челзи, но може експресно да се врати во Серија А.

Кулибали не се покажа како добро засилување, не може да се навикне на стилот во Премиер лигата, па Челзи е спремен да слушне понуди на лето. Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Интер и Јувентус, кои ќе се обидат да го донесат на позајмица со право на откуп.

Интер е во потрага по дефанзивец кој ќе биде замена за Скриниар, кој сигурно заминува на крајот на сезоната.

Јувентус пак бара искусен стопер кој ќе може да го наследи Бонучи кој е во залез на кариера.


Рома и Милан спремни да достават понуди за Мората

Алваро Мората на лето би можел да се врати во Италија, бидејќи интерес за него покажуваат Рома и Милан.

Мората има договор со Атлетико Мадрид до јуни 2024 година, па на лето би можел да го напушти клубот за 15 милиони евра.

Мурињо  е во потрага по напаѓач, бидејќи Абрахам на лето најверојатно ќе го напушти клубот. Дубала го советувал раководството да го доведе Мората, со кого имаше одлична соработка во Јувентус.

Милан исто така е заинтересиран, но Шпанецот не е прв избор за „росонерите“.

Поради тоа медиумите тврдат дека Мората е најблиску до Рома во овој момент.


Амрабат ќе биде замената за Бускетс во Барса

Откако стана јасно дека Бускетс сигурно заминува на крајот на сезоната, Барселона ја интензивира потрагата по негов наследник.

Каталонските медиуми пренесуваат дека прва мета е играчот за врска на Фиорентина, Софијан Амрабат. Барселона се обиде да го доведе 26-годишниот Мароканец уште во јануари, но Фиорентина не го пушти, па сега ќе биде примарна трансфер цел на лето.

Амрабат одигра фантастично на Мундијалот и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но тој преферира преселба во Барселона.

Неговиот договор со „виолетовите“ истекува во 2024 година, а Фиорентина за неговата слобода бара најмалку 20 милиони евра.


Бенасер сериозно се повреди, го очекува долга пауза

Фудбалерот на Милан, Исмаил Бенасер на патерици го напушти стадионот „Сан Сиро“ откако заработи повреда на вчерашниот меч со Интер на стартот на полуфиналето во Лигата на шампионите.

Тоа е голем удар за тренерот, Стефано Пиоли, кој од претходно остана без услугите и на напаѓачот Леао.

Според медиумите во Италија, играчот на „росонерите“ има тешка повреда и веројатно за него е завршена сезоната.


Вест Хем преговара со Асенси, му нуди плата од осум милиони евра

Челниците на Астон Вила сакаат да го купат фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, објавија дел од медиумите во Англија.

Првата понуда на „кралевите“  била пониска од очекувањата  но, двете страни остануваат во интензивни преговори. Тимот од Островот му нуди на младиот Шпанец плата од осум милиони евра по сезона што е двојно од неговите сегашни примања на „Сантијаго Бернабе“.

27-годишниот играч во сезонава има постигнато осум голови и направено шест асистенции во домашниот шампионат.


Реал Мадрид после Белингем го сака и Мбапе

Според пишувањата во англискиот весник Телеграф, раководството на Реал има план на крајот од сезоната освен Џуд Белингем, да го доведе и напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе.

Францускиот фудбалер и минатата година водеше преговори со Реал, меѓутоа на крајот тој одлучи да остане во Париз Сен Жермен.

Информациите од англискиот медиум велат дека Реал сака да ја искористи ситуацијата со Мбапе и неговото незадоволство во ПСЖ и да го убеди да прејде во „кралскиот клуб“.

Додека договорот со Белингем е при самиот крај, за евентуалното ангажирање на Мбапе допрва треба да се почекаат официјалните понуди од Реал Мадрид.


Леао останува во Милан

Напаѓачот на Милан Рафаел Леао, ќе го продолжи договорот со клубот до 2028.година.

Според објавата во “Газето Дело Спорт“, португалскиот напаѓач со новиот договор ќе заработува седум милиони евра по сезона, плус два милиони како евентуални бонуси. Клаузулата за заминување од Милан, се очекува да биде значително повисока о досегашните 50 милиони евра.  

Леао е член на популарните росонери од 2019.година каде пристигна од Спортинг Лисабон. Оваа сезона има тој има одиграно 44 натпревари и постигнато 13 голови.


Милер сензационално заминува од Минхен и потпишува за директен конкурент на Баерн

Дека многу работи не се како што треба во Баерн оваа сезона најдобро говорат информациите на новинарите на „Билд“ за Томас Милер. Иако има 33 години, Милер игра одлично, што навистина не може да се каже за Баерн, а размислува да го напушти клубот на крајот од сезоната.

Милер е несреќен во тимот на Баерн бидејќи не добива премногу можности за игра, но и поради елиминацијата од Лигата на шампионите и домашниот Куп. Ситуацијата во соблекувалната воопшто не е добра, особено откако Мане пред еден месец го удри Лерој Сане.

Иако многумина очекуваа дека Милер попрво ќе се пензионира отколку да игра за друг клуб, јасно е дека згрешиле.

Имено, Милер сака да се пресели во клуб со кој ќе се бори за сите трофеи, а наводно во оптек се само два тима. Станува збор за Борусија Дортмунд и Лајпциг кои оваа сезона се борат за најважните трофеи во Германија.

Милер е во Баерн од 2000 година и освои се што можеше да се освои со овој тим, но се чини дека дојде време да се збогуваме.

Сезонава одигра 37 натпревари во дресот на Баерн и постигна седум гола, а забележа и единаесет асистенции.