feature

Обамејанг се враќа во репрезентацијата на Габон

Напаѓачот на Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг е блиску до враќање во репрезентацијата на Габон.

Тој и неговиот татко во вторникот се сретнаа со претседателот на оваа африканска земја, Али Бонго Ондимба, кој е голем фан на Oбамејанг и кој го убеди повторно да го облече репрезентативниот дрес.

Oбамејанг јуниор го објави крајот на својата репрезентативна кариера во јуни минатата година. За 14 години играње, првата ѕвезда на популарните „пантери“, постигна 30 гола на 72 натпревари. Во 2022 година ја зеде капитенската лента, а остана запаметен како стрелец на првиот гол за Габон на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Како што сега стојат работите, на 33-годишна возраст, Пјер-Емерик ќе ги предводи своите репрезентативци на натпреварот против ДР Конго во јуни, во квалификациите за Африканскиот куп на нации. Габон е лидер на табелата во групата I со седум бодови од четири натпревари и е на прагот да се пласира на завршниот турнир на 34. Куп на нации, кој ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари 2024 година во Брегот на Слоновата Коска.


Два италијански клуба го сакаат најдобриот американски фудбалер

Фудбалерот од средниот ред на лондонски Челзи, Кристијан Пулишиќ може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Италија, објави „Дејли мејл“.

Пулишиќ е на списокот на играчи кои Челзи ќе се обиде да ги продаде летово за да ги надомести парите потрошени во текот на сезоната за нови играчи. Самиот американски играч за врска исто така има за цел да го напушти клубот, бидејќи е незадоволен од минутажа во лондонскиот тим. Гигантите од италијанскиот шампионат Наполи и Јувентус го следат развојот на ситуацијата и се подготвени да дадат понуда за трансфер на 24-годишниот Американец.

Пулишиќ оваа сезона во англиската Премиер лига одигра 21 натпревар за Челзи, постигнувајќи еден гол и асистенција.


Петар Атанасијевиќ доби нов договор од Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави дека се договори за продолжување на договорот со 19-годишниот Петар Атанасијевиќ.

Репрезентативното лево крило со новиот договор се обврза дека ќе остане во екипата до јуни 2026.година. Младиот ракометар изрази големо задоволство од фактот што останува во таборот на битолчани и дека својата кариера и понатаму ќе ја гради во Еурофарм Пелистер.

„Да се игра во еден ваков клуб и со вакви играчи е голема чест. Догодина се надевам дека ќе напредуваме и пак ќе се се радуваме на трофеи. Секоја чест на екипата за победата над Вардар. Сите дадовме максимумот, и тие кои играа и тие кои не добија шанса. Се гледам во овој клуб и во иднина, и во наредните години. Млад сум и има уште многу време за мене и како ракометар и како личност“, изјави Атанасијевиќ.

Еурофарм Пелистер е лидер на табелата во домашното првенство со големи шанси за освојување на шампионската титула.


Садио Мане прва желба на Почетино во новиот Челзи

Според последните информации, Челзи заврши работа околу ангажманот на Маурицио Покетино и наводно веќе кројат трансфер планови пред Аргентинецот да пристигне на „Стемфорд Бриџ“.

Почетино одработил веќе неколку рунди преговори со Челси, со приоритет на трансферите и наводно новиот сопственик на клубот, Тод Боли, му дал цврсто уверување дека ќе ги обезбеди првите 3-4 посакувани трансфери до средината на летото.

Како што брифираат медиумите на островот, Почетино од Боли го побарал Садио Мане од Баерн Минхен, кој во Германија не е задоволен и скоро извесно ја напушта Бундеслигата.

Сане е на добар пат да се врати во Премиерлигата, а освен во Челси, интерес за овој фудбалер има и од неговиот поранешен клуб Ливерпул. На крајот веројатно подобрата понуда ќе победи.

Освен Садио Мане, Почетино од сопственикот на Челзи побарал да ангажираат до средината од летото нов голмнан и централен дефанзивец.


Реал го купува Дани Олмо од РБ Лајпциг

Реал Мадрид сериозно се приклучи во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, пренесуваат шпанските медиуми.

Олмо е дете на „Ла Масија“ од каде замина во Динамо Загреб, а веќе неколку сезони игра одлично во Лајпциг. Олмо има договор со Лајпциг до 2024 година, па Барселона го советува да не ја продолжува соработката и да пристигне на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Меѓутоа, Лајпциг сака да избегне такво сценарио и ќе го стави Олмо на трансфер пазарот, а таквата ситуација сака да ја искористи Реал Мадрид.

„Кралевите“ сметаат дека Олмо ќе биде идеална замена за Асенсио и немаат проблем да платат 40 милиони евра, колку што бара Лајпциг за неговата слобода.


Јувентус ги краде творците на шампионскиот Наполи

Време е за славје во Неапол. По 33 години успеаја да стигнат до титулата, играчите и стручниот штаб направија голем подвиг, иако никој не очекуваше пред почетокот на оваа сезона.

Еден од најважните луѓе во тој клуб е спортскиот директор Кристијано Џунтоли.

Овој човек создаде тим достоен за титулата и четвртфиналето во Лигата на шампионите, но време е да се збогува.

Џунтоли беше контактиран од Јувентус, при што ја прифатил понудата и сигурно е дека наскоро ќе седне во фотелјата на славниот клуб од Торино, а истовремено одби некои од англиските великани за да работи за Старата дама.

Според се, Џунтоли ќе биде заменет од спортскиот директор на Емполи, Пјетро Акарди.


Анчелоти го израмни рекордот на Сер Алекс Фергусон

Реал Мадрид во овие момети игра против Манчестер Сити во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а со таа средба тренерот на Реал, Карло Анчелоти испиша историја во најсилното европско натпреварување.

Тоа е 190-ти натпревар на Анчелоти на чело на некој клуб во Лигата на шампионите и со тоа го израмни рекордот на легендарниот Сер Алекс Фергусон. За разлика од Анчелоти, кој раководеше со неколку клубови, Фергусон ги направи сите 190 на клупата на Манчестер Јунајтед.

Зад нив се Арсен Венгер (188 натпревари), Пеп Гвардиола (158) и Жозе Мурињо (151).


Кеси остава простор да се врати во Милан

Франк Кеси минатото лето пристигна во Барселона како големо засилување, но само после една сезона ќе го напушти „Камп Ноу“.

Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви. Чави исто така смета дека Кеси не се вклопува во неговиот стил на игра, па Барселона го стави на продажба.

Тотенхем покажува силен интерес за играчот за врска и е спремен да понуди 25 милиони евра, колку што бара Барселона за неговата слобода.

Меѓутоа, најголема желба на Кеси е да се врати во Милан и смета дека погрешил што си заминал од „Сан Сиро“.

Неговиот агент веќе имал средба со Малдини, но Милан е спремен да го доведе само на позајмица.


Интер се вклучи во трката за Обамејанг

Пјер Емерик Обамејанг минатото лето пристигна во Челзи од Барселона, но неговата авантура на „Стенфорд Бриџ“ ќе трае кратко.

Тој дојде во Челзи по барање на Тухел и не добива голема минутажа оваа, па сигурно ќе ја промени средината на крајот на сезоната. Интерес за него покажуваат италијанскиот гигант Интер кој сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе во своите редови.

Обамејанг на лето влегува во последната година од договорот, па Челзи е спремен да го пушти за симболична сума

Напаѓачот е спремен да се врати во Серија А, а Интер во него гледа идеална замена за Лукаку.


Нант го смени тренерот Комбуаре

Фудбалскиот клуб Нант на четири кола пред крајот на шампионатот реши да го смени тренерот Антоан Комбуаре.

Од клубот соопштуваат дека функцијата прв тренер привремено ќе ја преземи Пјер Аристуј кој досегаше го водеше резервниот тим на Нант.

Францускиот клуб во моментот е на позицијата број 17 во првата француска лига и се наоѓа во зоната за испаѓање. Нант оваа сезона стигна до финалето во купот на Франција каде беше поразен од Тулуз со 5:1. Екипата нема победа на претходните 11 лигашки натпревари и до крајот на сезоната ја очекува голема борба за опстанок.