feature

Надал победнички го отвори Австралија опен

Рафаел Надал лесно се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако на првиот ден на првиот Грен Слем годинава го совлада Американецот Маркос Жирон со 6-1, 6-4, 6-2.

Во моментов шестиот тенисер во светот цели кон рекордната 21. Грен слем титула, а работата уште повеќе му е олеснета откако деветкратниот шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, вчера беше депортиран од Австралија, откако му беше одбиена жалбата за визниот режим.

На стартот на турнирот, победа и за седмиот носител, Италијанецот Матео Беретини, кој го победи Американецот Брендон Накашима со 4-6, 6-2, 7-6, 6-3. Пласман во следното коло обезбедија и Французинот Гаел Монфис, кој беше подобар од Аргентинецот Федерико Корија и Шпанецот Пабло Карењо, кој славеше против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери со 6-1, 6-2, 7-6.


Австралија ќе му ја укине тригодишната забрана на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој го загуби случајот пред Федералниот суд на Австралија и беше депортиран од таа земја, пристигна во Дубаи.

Според австралискиот закон, Ѓоковиќ нема да може да добие виза за влез во земјата во следните три години, но премиерот Скот Морисон тврди дека казната може да биде скратена под „соодветни околности“.

„Казната е за период од три години, но постои можност тој да се врати под одредени околности, а таквото барање ќе биде разгледано кога ќе дојде време“, изјави Морисон за австралиското радио 2GB.

Според австралискиот закон, укинувањето на тригодишната забрана за виза е можно доколку „постојат убедливи причини или оние кои предизвикуваат сочувство. Ваквиот развој на настаните ќе му овозможи на Ѓоковиќ следната година да настапи на Австралија опен. Ѓоковиќ пристигна во Дубаи во понеделникот наутро по локално време, а на аеродромот беше фотографиран со маска на лицето, како носи две торби. Засега не е познато која е неговата крајна дестинација.


Милан и Јуве во трансфер битка за Дивок Ориги

Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.

Белгиецот во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови, а се поизвесно е дека на лето како слободен играч ќе го напушти Ливерпул. Таквата ситуација сакаат да ја искористат Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Интерес за Ориги покажуваат и некои клубови од Бундеслигата, но тој преферира преселба во Серија А.


Реал Мадрид дефинитвно се откажува од доведување на Халанд

Според пишувањата во шпанските медиуми, претседателот на гигантот Реал Мадрид, Флорентино Перез донел одлука клубот и дефинитивно да се откаже од битката за потпис на голгетерот Ерлинг Халанд ова лето и сите сили ќе ги насочи кон доведување на ѕвездата на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе.

Како една од причините за откажувањето на Реал за доведување на Норвежанецот Халанд бил и менаџерот на играчот, Мино Рајола.

Рајола бил во лоши односи со претседателот на „Кралскиот клуб“ Перез, и тоа со сигурност би ги отежнале преговорите за евентуален трансфер на Халанд од Борусија Дортмунд.


Марсијал „удри“ по Рангкинг, менаџерот обвинет за лага

Манчестер Јунајтед има двоцифрена бројка на играчи кои побарале да си заминат во јануарскиот преоден рок.

Дин Хендерсон, Ерик Баи, Дони ван де Бик…, се само дел од незадоволните, а прв кој „го крена гласот“ е Ентони Марсијал.

Французинот уште во декември најави дека планира да оди некаде каде што ќе има поголема минутажа, во еден момент беше блиску до преселба во Севилја, но го продолжи проблемот околу деталите за позајмицата. Затоа се уште е на „Олд Трафорд“, но е далеку од тимот.

„Тој одби да биде во тимот за мечот со Астон Вила. Нормално ќе се натпреваруваше за тимот, но не сакаше и тоа е причината што не отпатува со нас во Бирмингем“, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангниг.

Марсијал веднаш демантираше:

„Тоа не е точно, никогаш не одбив да играм за Манчестер Јунајтед. Тука сум седум години и никогаш не сум покажал непочитување кон никого во или околу клубот“, изјави Марсијал.

Марсијал не е стартер во Премиер лигата од 2 октомври, а од 2 декември и дуелот со Арсенал не бил во составот.


Тухел го носи Зуле на „Стемфорд бриџ“

Челзи е фаворит за потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Николас Зуле, пренесува „Билд“.

Лондонскиот клуб е заинтересиран за 26-годишниот Германец, чиј договор со Баерн истекува на крајот на сезоната.

Интерес за Зуле покажува и Барселона, но самиот фудбалер преферира преселба во Премиер лигата. Челзи е во предност пред другите клубови и поради Томас Тухел, кој го убедил сонародникот да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.


Ериксен: Моја желба е да игра на Светското првенство во Катар

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен по седум месеци планира спектакуларно враќање на терените.

Поранешниот играч на Интер, кому му се слоши на ЕП 2020, по што му ставија дефибрилатор, планира да се врати на терените во Премиер лигата. Островските медиуми пренесуваат дека тој има три понуди како слободен играч, и дека наскоро ќе одлучи каде ќе игра.

Ериксен изјави дека негова желба е повторно да заигра на големата сцена.

„Мојата цел е да играм на Светското првенство во Катар. Тоа е мојот менталитет. Тоа е целта, сонот. Сигурен сум дека можам да се вратам, не чувствувам дека е поинаку. Физички се чувствувам совршено“, изјави Данецот.


Јуве ја одреси цената за Де Лихт, налето Холанѓанецот заминува од Торино

Раководството на Јувентус воопшто не е задоволно од односот кој го има агентот на Де Лихт и одлучи на крајот на сезоната да го продаде дефанзивецот.

Мино Раиола веќе крои планови да му најде нов клуб што поскоро и на лето Холанѓанецот да направи голем трансфер. Менаџерот неодамна и јавно потврди дека дефанзивецот сака да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

На „старата дама“ воопшто не и се допаѓа таквата ситуација и донесе одлука да го продаде дефанзивецот на крајот на сезоната.

Италијанскиот клуб е спремен да слушне понуди од заинтересираните клубови, но нема да го продаде за сума помала од 65 милиони евра.


Ливерпул подготвува 40 милиони фунти за Филипс од Лидс

Фудбалерот од средниот ред на Лидс Јунајтед, Калвин Филипс е на врвот на листата за потенцијални засилувања на Ливерпул во летниот период.

Тренерот Јирген Клоп е „голем фан“ на фудбалерот и поради тоа клубот е подготвен да плати 40 милиони евра за негово ангажирање.

Интерес за англискиот репрезентативец има од повеќе европски клубови. Неодамна тој беше поврзуван со преоѓање во Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ. Неговиот договор со Лидс е до 30 јуни 2024 година. Калвин Филипс во моментот е надвор од фудбалските терени поради повреда со која се здоби на почетокот од декември и мораше да оди на операција.


Њукасл го враќа Марио Балотели во Премиер лигата?

Претседателот на турскиот клуб Адана Демирспор објави дека екипата на Њукасл е заинтересирана за напаѓачот Марио Балотели.

„Њукасл размислува да потпише со Балотели, но засега нема официјална понуда. Во неговиот договор има откупна клаузула. Но, не можам да ја откријам нејзината големина“, изјави претседателот Санчак.

Поранешниот фудбалер на Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул ја продолжи кариерата во Турција и како слободен играч заигра за Адана Демиспор. 31-годишниот Балотели игра во одлична форма за својот нов клуб за кој оваа сезона постгна 8 гола.

Овој месец Њукасл ги донесе Трипие од Атлетико Мадрид и Крис Вуд од Барнли, но не се исклучуваат и нови засилувања во клубот кој сака да се избори за опстанок во Премиер лигата.