feature

Маркез ги послушал докторите да направи пауза од трките

Легендарниот возач во Мото Гран При конкуренцијата, Марк Маркез, откри дека повеќе лекари го советувале да направи пауза за да ја санира повредата која го спречи да настапи на неколку трки.

„Ако се тркам, тоа ќе биде затоа што сакам да возам и да ризикувам. Кога три одделни медицински тимови ми кажаа дека би било лудо да возам, не можев да ги игнорирам. Ми беше кажано дека ако повторно се повредам има шанса да ја завршам кариерата. Така, одлуката да не се вози беше релативно лесна“, објасни шесткратниот шампион пред новинарите.


Барселона ја затвори клупската телевизија

Барселона, донесе одлука да го затвори клупскиот телевизиски канал и да остави на улица 150 лица.

Официјално „Барса ТВ’ ќе престане да постои на 30 јуни кога истекува договорот за емитување на „Movistar Television“. Тешката одлука е донесена со цел да се намалат трошоците.

Клубот е заглавен во долгови и до лето мора да ја намали сумата што ја издвојува за плати на сите вработени, вклучувајќи ги и играчите. Барса ТВ постои од 1996 година и се емитува на каталонски, шпански и англиски јазик.


Маунт ја оперираше карлицата, го чека пауза од терените

Мејсон Маунт имаше успешна операција на карлицата. Проблемот се појави во месец март а операцијата беше реализирана дури вчера. Фудбалерот на Челзи тоа го потврди преку социјалните мрежи.

Маунт објави на Инстаграм дека „се помина добро и тој се чувствува добро. Играчот од средниот ред додаде дека е возбуден што „се враќа на тренинзите во наредните недели“.

„Вчера поминав низ помала процедура за да ја поправам непријатноста што ја имав веќе некое време. Сè чувствувам добро“, напиша играчот на „сините“.


Тен Хаг: Испуштивме чиста победа, требаше да победиме со 1-3

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хег беше лут на своите играчи поради тоа што ја прокоцнаа предноста од 0-2 синоќа на мечот со Тотенхем.

„Некои мислеа дека се е готово. Знам дека тие не се роботи и заморот е проблем, но мора да дадете сè во секоја прилика. Тоа е основата. Забавивме и тоа беше нашиот проблем. Разочарани сме. Имавме предност од 0-2. Имавме шанси да направиме 1-3 но не искористивме. Не бевме добри во 90-те минути, не одигравме брилијантно. По полувремето со 0-2 моравме да постигнеме уште еден гол“, вели Холанѓанецот.


Белингем: Верувам дека ќе го исполниме сонот за титула во Дортмунд

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, изјави дека сонува да стави крај на 11-годишното чекање на клубот за титула во Бундеслигата. 19-годишниот играч е клучен во тимот на Един Терзиќ кој моментално има бод предност пред Баерн Минхен на врвот на табелата, на пет натпревари до крајот на сезоната.

„Никој во нашата соблекувална не сонуваше да биде прв по 29 кола. Сонот е да бидеме први по 34 коло. Мораме да победуваме на секој натпревар до крајот на сезоната. Без разлика дали Баерн го победил Мајнц или загубил, ние имаме наша задача. Сакаме да сонуваме, но прво треба да се погрижиме да ја завршиме нашата работа“, вели Англичанецот.


Кике Санчез Флорес не е повеќе тренер на Хетафе

Челниците на шпанскиот прволигаш Хетафе преку официјалниот сајт на клубот соопштија дека Кике Санчез Флорес не е повеќе тренер на тимот.

58-годишниот Флорес е сменет како резултат на серијата од пет првенствени натпревари без победа, а одлучувачки беше поразот на домашен терен од Алмерија која е е директен ривал во трката за опстанок.

Хетафе во последните седум кола го очекува тешка битка за опстанок во елитата и според последните информации нов тренер ќе биде Хозе Бордалес.


Ројс доби уште една година во договорот со Борусија Дортмунд

Марко Ројс го продолжи договорот со Борусија Дортмунд на уште една година.

Новиот договор на Ројс е со важност за дополнителни 12 месеци. Се шпекулираше за понуди од Саудиска Арабија, но Ројс продолжи да биде верен кон „милионерите“.

Ројс има 33 години, а за Борусија постигна 161 гол во дресот на овој клуб и му недостасуваат уште 17 за да биде најдобриот стрелец во историјата на Борусија.


Милан сака две ѕвезди од Премиер лигата

Милан е заинтересиран за дефанзивецот на Сити, Кајл Вокер и играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита.

Договорот на Кеита завршува на крајот на сезоната и тој сигурно ќе го напушти Ливерпул како слободен агент на лето. „Росонерите“ сакаат да го доведат без обештетување и веќе успратиле понуда до неговиот агент.

Што се однесува со Вокер, тој има уште една година од договорот, но Гвардиола не смета повеќе на него и му порачал да си бара нов клуб.

Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе на „Сан Сиро“ за симболична сума.


Негативен рекорд: Челзи загуби 11 натпревари по отказот на Тухел

Лондонски Челзи загуби во натпреварот од 33. коло во Премиер лигата и тоа од Брентфорд (0-2). Овој пораз беше веќе 11-ти за екипата на Челзи откако раководството на тимот го отпушти тренерот Томас Тухел. Оваа информација денес ја објави статистичкиот портал „Опта Спорт“.

По отказот на германскиот стручњак, Челзи одигра 26 натпревари во Премиер лигата. Во нив сините остварија осум победи, седум пати ремизираа и 11 пати загубија. Исто толку порази имаше за цело време додека тимот го водеше Тухел. Германецот работеше во Челзи од јануари 2021 до септември 2022 година. 

Под негово водство, лондончани победија на 35 натпревари во Премиер лигата, 17 пати ремизираа и 11 пати загубија. Сега Челзи е предводен од Френк Лампард, а под негово водство тимот загуби пет натпревари по ред.


Павард се сели во Серија А?

Бенџамин Павард би можел кариерата да ја продолжи во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн, бидејќи влезе во последната година од договорот.

Преговорите помеѓу двете страни се во прекин, а Павард е спремен да ја промени средината. Ситуацијата будно ја следи Милан, кој е силно заинтересиран за Французинот, а шпекулациите се разгореа откако Павард пред неколку дена беше на „Сан Сиро“ да ги гледа „росонерите“.

Тухел сака да го задржи, но доколку Павард не стави потпис на нов договор, Баерн е спремен да го продаде за 20 милиони евра.