feature

Мароканецот Мазрауи се сели во Баерн во Интер

Интер е силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Нусер Мазрауи.

Мазрауи пристигна како големо засилување во Баерн од Ајакс, но не ги оправда во целост очекувањата. Мароканецот не добива голема минутажа во Минхен, па е спремен да ја промени средината, а Интер сака да ја искористи ситуацијата.

Интер поради финансиски проблеми сака на лето да го продаде Дамфрис, за кого има понуди од Премиер лигата, а во Мазраиу гледа идеална замена.

„Нероаѕурите“ ќе се обидат да го доведат на едногодишна позајмица со право на откуп за 20 милиони евра.


Мота: Да го промениме спортот ако ова што го доби Милан е пенал

Милан повторно не победи во Серија А и ремизираше со Болоња на гостувањето на „Ренато Далара“, но резултатот 1-1 предизвика доста нервоза кај „росонерите“, кои бараа два пенали од судијата Маса.

Поранешниот италијански судија Лука Марели кој сега работи како експерт за „ДАЗН“ нагласи дека посебно евидентен бил првиот пенал кога Ребиќ беше соборен во шеснаесетникот при резултат 1-0, но тврдење го налути Тиаго Мота кој како тренер на Болоња испрати нервозна порака.

Поранешниот играч за врска се чуди на поплаките од играчите на Милан и заклучокот на Марели, бидејќи според него, нагазнувањето над Ребиќ било преминимално за да се досуди најстрога казна.


Завршницата на Купот на Македонија во ракомет ќе се игра во Охрид

Салата „Билјанини извори” во Охрид од 11 до 13 мај ќе биде домаќин на завршницата од ракометниот Куп на Македонија.

Трофеите ги бранат Вардар во машка и Металург во женска конкуренција.

Охрид беше домаќин и на Суперкупот кој го освои битолски Пелистер.

Полуфиналните натпревари во машка конкуренција ќе се играат на 11 мај во женска, односно 12 мај во женска конкуренција. Финалињата се во сабота, 13 мај.


Жота за Маунт е трампата која ја подготвуваат Ливерпул и Челзи

Ливерпул планира да направи ремонт на екипата на лето, а тренерот Јирген Клоп размислува кои позиции да ги засили.

Португалецот Диого Жота најверојатно ќе го напушти „Енфилд“, но Клоп сака да го искористи за да добие ѕвезда на Челзи.

Новинарот Педро Алмеида објави дека Жота ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“, а во спротивна насока ќе замине Мејсон Маунт.

Англискиот репрезентативец е во очајна форма и оваа сезона е непрепознатлив во дресот на Челзи, а Клоп во него гледа едно од најголемите засилувања за неговата екипа.


Ливерпул го сака Флориан Нојхаус од Менхенгладбах

Флориан Нојхаус е на мета на неколку европски гиганти.

23-годишниот играч за врска блеска во дресот на Мехенгладбах, а медиумите тврдат најсилен интерес за него покажува Ливерпул.

Играчот има откупна клаузула од 40 милиони евра, сума која „црвените“ сакаат да ја намалат преку преговори.

Ливерпул е во потрага по квалитетен играч за врска, а Нојхаус е најголема желба на Клоп, па Ливерпул ќе се обиде да ја победи конкуренцијата.


Борусија Дортмунд бара огромна сума за продажба на Белингем

Џуд Белингем без сомнение ќе биде едно од најзборуваните имиња во летниот преоден рок. Неговите одлични настапи привлекоа многу гиганти кои го сакаат неговиот потпис, но за да го добијат очигледно ќе мора да инвестираат голема сума на пари.

Борусија постави цена од околу 140 милиони евра за својот играч. Покрај тоа, самиот играч сака плата од 15 милиони евра по сезона, што дополнително ги кочи сите клубови кои го посакуваат.

Во редот за англискиот репрезентативец беа Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. Први што ја напуштија конкуренцијата беа „црвените“ од Ливерпул, кои не можат да си дозволат да инвестираат толку многу пари за само еден играч.

Реал Мадрид не сака да плати повеќе од 100 милиони за Белингем, што Борусија Дортмунд нема да го прифати, бидејќи играчот од средниот ред има договор до летото 2025 година.


Чави не сака да го споредуваат со Гвардиола

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, не сака да го споредуваат со Пеп Гвардиола кој на времето нижеше успеси со шпанскиот гигант.

Иако напаѓачкиот фудбал кој го форсира Чави наликува на филозофијата на Пеп, тој вели дека Гвардиола останува број еден или најдобар тренер во светот.

„Секој ден измислува нешто ново, тој е иноватор. Не можам да се споредувам со него, изјави Чави.


Сампаоли се врати во Бразил, ќе го преземе славниот Фламенго

Хорхе Сампаоли кој пред извесно време беше отпуштен од Севиља е новиот тренер на бразилски Фламенго. Аргентинскиот стручњак доаѓа на местото на Португалецот Витор Переира, кој доби отказ по сензационалниот пораз од Маринга со 2-0 во Купот на Бразил.

Договорот на Сампаоли со Фламенго е до крајот на 2024 година. Аргентинецот има искуство во бразилската Серија А каде ги водеше Сантос и Атлетико МГ.

Викендов започнува новата сезона во Бразил, а првиот натпревар на Фламенго е на домашен терен со Коритиба.


Гути: Винициус е најдобриот фудбалер во светот

Легендата на Реал Мадрид, Гути смета дека Винициус Жуниор во овој момент е најдобар играч во светот.

Бразилецот игра одлично и оваа сезона, беше асистент за Бензема и вчера против Челзи. Бројките зад Бразилецот се импресивни постигна 21 гол и забележа 16 асистенции на 45 натпревари.

„Винициус е најдобар играч на светот. Зошто? Затоа што во тој е најлошиот можен офанзивец со кој дефанзивците можат да се соочат. Секогаш се обидува да помине, никогаш не се откажува. Останатите ѕвезди имаат некогаш лош натпревар и ги нема во натпреварите, а Винициус секогаш е тука, тој секогаш прави се и е опасен 90 минути“, изјави Гути.


Тухел испрати предупредување до фудбалерите по инцидентот меѓу Мане и Сане

Топ тема во германската спортска јавност веќе неколку дена е инцидентот меѓу Садио Мане и Лерој Сане, во кој Сенегалецот физички го нападнал својот колега и му нанел расекотина на усната по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Оваа есклузива ја пренесоа угледните германски медиуми и на Баерн како клуб му беа потребни речиси 48 часа за да се огласи, при што соопшти дека Мане заработува суспензија од еден меч и дополнителна парична казна.

„Овој случај е решен. Мане заработи еден меч суспензија и парична казна за тоа што го предизвика. Јас не видов што се случи бидејќи бев во собата со моите помошници. После тоа, веднаш зборував со двајцата инволвирани, со сите останати играчи и со стручниот штаб. Секако дека бевме загрижени, тоа беше неочекуван инцидент и најважно беше да го решиме пред првиот тренинг. Тоа го направивме вчера, го решивме проблемот и имавме добри тренинзи вчера и денес“; заврши Тухел.