Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо објави
дека српскиот дефназивец, Страхиња Павловиќ е пред трансфер
во Милан.
Милан покажува сериозен интерес за дефанзивецот и веќе има
договор со Павловиќ, а од неодамна почна преговори со
Салцбург.
Павловиќ има договор со Салцбург до 2027 година, а Милан за
неговиот потпис ќе плати 20 милиони евра.
Останува да се договорат последните детали и трансферот ќе
биде комплетиран наредните денови.
Доделени наградите од наградната игра „Евротип Милионер“ на Евротип спортски обложувалници
Во петокот на 26-ти јули во луксузниот амбиент на Голд Фелициа во Битола со свечена церемонија беа доделени наградите од наградната игра „Евротип Милионер“. Модератор на настанот беше Зоран Мишевски.
Наградната игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР” траеше од 02.05.2024 до 15.07.2024 и имаше награден фонд од над 2 милиони денари. Се доделија вкупно 25 парични награди од кои главната награда изнесуваше еден милион денари. Играчот во кој “отпатува” главната награда е Александар од Кичево.
Со добитникот на милионот се направи кратка анкета со прашања за тоа како се стигнува до главна награда, како се чувствува после добивањето на милионот и кои совети би му ги дал на играчите на наградните игри на нашите спортски обложувалници.
На свеченото доделување на наградите покрај добитниците беа присутни и менаџерите од групациите каде отпатуваа наградите како и дел од менаџерскиот тим на Евротип Спортските обложувалници.
Евротип му честита на сите 25 добитници на наградите и им посака среќа на сите играчи кои ќе учествуваат во наредните наградни игри на Евротип спортските обложувалници.
Ви најавуваме бројни изненадувања набрзо, следете не на социјалните медиуми за повеќе информации.
Реал сака да го врати Ашраф Хакими
Шпанските медиуи пренесуваат дека Аштраф Хакими не е среќен во ПСЖ и сака да го напушти клубот ова лето.
Офанзивниот бек пристигна пред две години од Интер, но не успеа да ги повтори игрите кои ги прикажуваше во италијанскиот тим.
Негов сон е да се врати во Реал Мадрид, каде ја започна кариерата, но никогаш не доби вистинска шанса.
„Кралевите“ се во потрага по десен бек кој ќе биде замена за Карвахал и прв на листата желби е токму Хакими.
Серхи Роберто преговара со Ајакс
Фудбалерот на Барселона Серхи Роберто е слободен играч и својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во холандски Ајакс.
Интерес за искусниот фудбалер освен од Ајакс има понуди од клубови од Саудиска Арабија и САД.
Роберто може да остане и во Шпанија каде го чекаат Севиља и Валенсија.
Карабатиќ на чекор до апсолутен олимписки рекорд
Никола Карабатиќ со својата репрезентација по рекорден шести пат настапува на Олимписките Игри.
Карабатиќ ги игра последните мечеви во својата кариера и ќе се пензионира веднаш по завршувањето на Игрите во Париз.
Против Данска го одигра 33. натпревар на Олимписките игри и му недостасуваат уште само два за да го надмине рекордот на советскиот и руски голман, Андреј Лавров, кој освојуваше златен медал во 1988, 1992 и 2000 година.
Карабатиќ со Франција освои три златни медали и еден сребрен и има скор од 47 победи на вкупно 62 одиграни натпревари.
Рекорден ТВ-договор на НБА лигата
НБА лигата се согласи да ги продаде телевизиските права во следните 11 години на ЕСПН во сопственост на Волт Дизни, Ен-би-си Универзал во сопственост на Комкаст и Амазон за 77 милијарди долари. Овој нов договор важи од сезоната 2025/2026.
Лигата ја одби и понудата на ТНТ, која е во сопственост на Ворнер Брос Дискавери, бидејќи била пониска од понудата на Амазон, па по повеќе од четири децении ќе престане соработката меѓу НБА и ТНТ.
„Овој нов глобален договор за медиуми со Дизни, Ен-би-си Универзал и Амазон ќе ја зголеми достапноста на НБА натпреварите за навивачите во САД и ширум светот. Овие партнери ќе ја дистрибуираат нашата содржина низ широк спектар на платформи“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер.
Според новиот договор, Дизни ќе емитува 80 натпревари од регуларниот дел дел од сезоната, Ен-би-си Универзал 100 натпревари и Амазон 75 натпревари.
Гордон Херберт нов тренер на Баерн Минхен
Селекторот на германската кошаркарска репрезентација Гордон Херберт официјално е нов тренер на Баерн Минхен.
Хербет на клупата на Баварците доаѓа на местото на Шпанецот Пабло Лас, кој од следната сезона ќе ја предводи шпанска Басконија.
Канаѓанецот со финско потекло и го донесе на германската кошарка најголемиот успех во историјата со освојувањето на Мундобкаскетот со репрезентацијата минатата година, а сега ќе ги води Германците на Олимписките игри во Париз.
Менди го продолжи договорот со Реал Мадрид
Реал Мадрид и Ферлан Менди постигнаа договор да ја продолжат соработката до 2027 година, пренесуваат шпанските медиуми.
Францускиот лев бек имаше договор до следното лето, но конечно постигна договор со „кралевите“ и стави потпис на нова соработка.
Договорот вклучува и опција да се продолжи соработката на дополнителна година доколку се согласни двете страни.
Реал е во потрага по нов лев бек поради честите повреди на Менди, но сепак одлучи да го задржи Французинот.
Серхи Роберто заминува од Барселона по повеќе од една деценија
Серхи Роберто повеќе не е играч на Барселона. Тренерот Ханси Флик потврди дека Серхи заминува по истекот на неговиот договор.
За Каталонците одигра 373 натпревари. Постигна 19 гола и запиша 43 асистенции. За вториот тим на Барселона одигра 106 натпревари, со седум гола и три асистенции.
Серхи играше како десен бек, но и како играч од средниот ред, што беше негова природна позиција.
За шпанската репрезентација има 11 настапи и еден гол. Во моментов не е познато во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.
Според Трансфермаркт, тој вреди 2,5 милиони евра. Барселона е единствениот клуб за кој настапувал во кариерата, а со него освои седум Ла Лига и две Лига на шампиони, заедно со шест Копа дел Реј.
Ван-Бисака за Думфрис, Интер и Јунајтед подготвуваат трампа на бекови
Интер е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака, пренесуваат италијанските медиуми.
Тен Хаг нема да смета на Ван Бисака и му порачал да си бара нов клуб, а Интер сака да ја искористи таквата ситуацијa.
Манчестер Јунајтед пак како идеална замена за Ван Бисака гледа во Думфрис, па е спремен да понуди трампа.
Двата клуба наскоро ќе седнат на преговарачка маса, а „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат и доплата за да дојдат до потписот на Думфрис.