feature

Гвардиол примарна цел на Сити ова лето

Јошко Гвардиол ќе биде примарна трансфер цел на Манчестер Сити на лето. Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи Манчестер Сити.

„Граѓаните“ сакаат да ја победат конкуренцијата и спремаат понуда која не се одбива. Имено, понудата со вклучени бонуси може да достигне неверојатни 100 милиони фунти.

Познато е дека Челзи и Реал Мадрид веќе подолго време се заинтересирани за дефанзивецот, но Сити сака да ја победи конкуренцијата.

Пеп Гвардиола го посочил Хрватот како примарна трансфер цел и Сити нема да жали пари да го донесе на „Етихад“.


Два премиерлигаши го сакаат Николо Барела од Интер

Челзи и Ливерпул покажуваат силен интерес за играчот за врска на Интер и италијански репрезентативец, Николо Барела.

Приоритет на „црвените“ во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба на Клоп е токму Барела.

Последните месеци скаутите на Ливерпул во неколку наврати го следеле Италијанецот и веруваат дека идеално ќе се вклопи во стилот на Клоп.

Интерес за Барела покажува и Челзи, кој исто така спрема понуда и сака да го доведе на „Стемфорд Бриџ“.

Интер нема лесно да се откаже од својата ѕвезда, но англиските клубови спремаат понуда од 50 милиони фунти.


Влаховиќ виси за настапот против Спортинг, Погба се враќа во тимот на Јуве?

Душан Влаховиќ би можел да го пропушти натпреварот против Спортинг Лисабон во Лигата на Европа, пренесуваат италијанските медиуми.

Причина за ова е повредата поради која денес не тренирал, па тоа внесе дополнителен страв кај Јувентус дека во важниот натпревар може да биде без еден од најдобрите свои фудбалери. Влаховиќ има проблем со скочниот зглоб кој го заработи на натпреварот против Лацио. Сепак, добрата вест е што Пол Погба се вратил на тренинзите, исто како и Бонучи.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Спортинг е закажан за четврток од 21:00 часот.


Федерер ќе се испроба на филмското платно

Учеството на Роџер Федерер во скеч на комичарот и водител Тревор Ноа ја воодушеви неговата сонародничка Белинда Бенчиќ.

Ноа и Федерер снимија видео како се возат по швајцарските улици низ прекрасните Алпи. Интересни беа шегите на Ноа, додека Федерер вниманието го привлекуваше со реакциите. Тенисерката Белинда Бенчиќ во овој скеч забележала скриен талент кај Федерер за глума.

„Одличен глумец. Мислам дека наскоро ќе го гледаме во некој филм или нешто слично. Би кажала дека би било многу забавно, кога сте Швајцарец точно го разбирате хуморот. Знаете како возот секогаш доаѓа на време, како никогаш не можете да се возите без карта…Тоа нешто како најголемо злосторство во Швајцарија. Цело видео го гледав со насмевка на лицето“, објави Бенчиќ.


Помошниот судија кој го удри Робертсон нема да суди до крајот на истрагата

Помошниот судија од Премиер лигата Константин Хацидакис нема да суди фудбалски натпревари се додека трае истрагата на англискиот фудбалски сојуз која е покрената откако судијата наводно со лакт го удрил фудбалерот на Ливерпул, Енди Робертсон, на полувремето од дерби дуелот со Арсенал.

Откако се случил настанот за време на полувремето од натпреварот, Робертсон и неколку негови соиграчи од Ливерпул се пожалија на главнот судија Пол Тирни од кого побараа санкција за помошникот.

Здружението на професионални судии соопѓти дека Хацидакис нема да суди ниту еден натпревар додека трае истрагата за инцидентот.


Дин Смит е нов тренер на Лестер

Англискиот премиерлигаш Лестер објави дека за нов тренер на екипата е назначен Дин Смит. Смит ќе го води Лестер до крајот на сезоната,  а на позицијата доаѓа како замена за сменетиот Брендон Роџерс кој доби отказ на 2.април.

52-годишниот Дин Смит е поранешен тренер на Норвич, Астон Вила, Брентфорд и Валсал. Лестер во моментот се наоѓа на претпоследно место во Премиер лигата со освоени 25 бода.

„Среќен сум што добив шанса да го водам Лестер до крајот на сезоната. Екипата има квалитет и доволен број на натпревари за да избори опстанок во лигата„, вели Смит.


Несторовски: Се чувствувам како важна алка во Удинезе

Илија Несторовски, кој нема преголема минутажа во Удинезе сезонава, а последен пат беше стартер во куп-мечот сезонава со Монца, завчера беше пресуден за ремито на црно-белите со изнуден пенал против калчо-дебитантот во ремито 2-2 за осум минути кои ги доби да игра на мечот од тренерот Андреа Сотил.

Несторовски кој имаше и проблеми со повредите во последниот период има 13 настапи во Серија А во оваа сезона, со еден гол и една асистенција, а сега придонесе со изнудениот пенал за бод на неговиот тим. И иако игра малку, Несторовски кому актуелниот договор му завршува на лето вели дека се чувастува како важна алка во тимот

„Се чувствувам како важна алка во овој тим. Секој ден на секој тренинг јас давам сто отсто и им помагам на помладите, а секогаш кога ќе влезам на терен сакам да сум максимално подготвен да дадам придонес. Изнудив пенал, кој ни донесе реми и среќен сум. Во оваа лига нема лесен меч, секое коло има изненадувања“, вели Несторовски.

Веќе од поодамна се најавува негово заминување од Удине, иако иста таква приказна имаше и лани, па македонскиот репрезентативец потпиша нов едногодишен договор со опција за продолжување на истиот за уште една година.


Пропаднаа преговорите меѓу Марш и Лестер Сити

Се очекуваше Џеси Марш да стане нов тренер на Лестер, но тоа нема да се случи, преговорите завршиле неуспешно.

Преговорите меѓу Лестер и Марш се одвиваа добро, но запнаа на крајот. Американскиот стратег не се сложил со дел од последните точки кои се разговарале и не ја прифатил понудата.

Лестер е на претпоследното место на табелата и се чини дека до крај ќе води жестока битка за опстанок.


Клоп ќе понуди 50 милиони евра за Мекалистер

Ливерпул на лето ќе прави реконструкција на средниот ред и приоритет е доведување на најмалку двајца врвни играчи за врска.

Најновата желба на Клоп е аргентинскиот репрезентативец и играч на Брајтон, Алексис Мекалистер. 23-годишиот играч за врска пристигна во Брајтон од Бока Јуниорс за 12 милиони евра и неодамна го продолжи договорот со англислиот клуб до 2025 година.

Неговата цена после Мундијалот значително порасна, а Ливерпул е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.

„Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот бидејќи сакаат да ја победат конкуренцијата.


Бензема пресече: И следната сезона ќе го носи дресот на „кралевите“

Карим Бензема веќе долго време е член на Реал Мадрид, тим во кој во последниве неколку години е клучен играч, ас без кој не може да се замисли шпанскиот великан.

Меѓутоа договорот на Французинот со Реал му завршува во месец јуни и тоа секако остава простор за заинтересираните клубови да го „украдат“ голгетерот. Една од опциите која се споменуваше беше преселба во Саудисна Арабија, но според реномираната „Марка“ нема ништо на оваа тема затоа што Карим има само една цел.

„Се зборуваше дека Бензема размислува за понудата од Саудиска Арабија. Сепак милионите евра не ја променија неговата желба да ја обнови соработката со Реал. Французинот не сака да го стори истото како и Кристијано Роналдо кој отиде во Саудиска Арабија.

Во Реал постои непишано правило според кое играчите кои освоиле Златна топка добиваат нов договор. Бензема сè уште официјално не ја продолжил соработката со Реал, но и двете страни сакаат тоа да се случи во наредниот период“, заклучува „Марка“.

Бензема од 2009 година е во Реал и досега има освоено 24 трофеи со овој клуб.