фудбал

Лос Анџелес Галакси ќе биде новиот клуб на Серхи Роберто

Серхи Роберто, кој одамна го загуби местото во Барселона, донел одлука да си замине по завршувањето на сезоната и да се пресели во САД во екипата на Лос Анџелес Галакси.

30-годишниот каталонски тинејџер не се согласува да потпише нов договор со помала плата и затоа ќе го напушти „Камп Ноу“.

Роберто долго време е повреден и нема играно од октомври. Тој моментално се опоравува и тренира одвоено од другите.


Херера се сели од Атлетико Мадрид во МЛС лигата

Aтлетико Мадрид игра лоша сезона во Ла Лига и може да се надева само на пласман во Лигата на шампионите, во клубот полека размислуваат и за преодниот рок кој следи.

Делумната реконструкција на тимот би можела да значи и заминување на Ектор Ерера. „Марка“ пренесува дека Херера веќе има договор со клуб од МЛС Лигата. Највите се дека Мексиканецот ќе го засили тимот на Хјустон Динамо.

Според информациите Ерера договорил соработка до 2025 годинаа, а во САД ќе заработува многу повеќе и ќе биде главна ѕвезда на тимот. Во Атлетико Херера дојде во 2019 година од Порто, за него шпанскиот клуб не плати оштета затоа што пристигна како слободен агент.

Во редовите на Хјустон Херера ќе заработува четири милиони евра по сезона со што ќе биде најплатен помеѓу фудбалерите на овој тим.


Два гиганти лицитираат за потпис на Данецот Кристенсен

Екипите на Барселона и на Баерн Минхен се главните кандидати да го добијат потписот на дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен, кој ги одработува последните месеци од договорот со лондончани.

Корпулентниот фудбалер не е задоволен од понудата на „сините“ за да остане на „Стемфорд Бриџ“ и затоа сака да ја продолжи кариерата во друг состав. Бидејќи Кристенсен во текот на  летото ќе биде слободен играч, Каталонците и Баварците влегле во интензивни преговори со неговиот агент задолжен за трансфери.

Во моментов нема конкретни детали околу финансиските услови кои ќе ги побара фудбалерот.


Манчестер Јунајтед му ја исплати отштетата од 7,5 милиони фунти на Солскјер

Од Манчестер Јунајтед објавуваат дека целосно е исплатена отштетата за поранешниот тренер Оле Гунар Солскјер и неговиот стручен штаб. 

Вкупниот исплатен износ е 9 милиони фунти, од кои на Норвежанецот ќе му припаднат 7,5 милиони фунти.

Солскјер доби отказ од тренерската позиција во Јунајтед во ноември 2021 година, после серијата на лоши резултати на клубот кои кулминираја со поразот од Ватфорд со 4:1.


Луис Суарез се договорил со Интер од Мајами

Изгледни се шансите напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез следната сезона да се пресели во Интер од Мајами, објавуваат уругвајските медиуми.

Фудбалерот веќе разговарал со сопственикот на клубот Дејвид Бекам. Двете страни се многу блиску до договор за личните услови на Суарез, стои во објавените информации.

Суарез има договор со Атлетико до крајот на сезоната, а веќе е објавено дека истиот нема да биде продолжен. Во Интер Мајами, Суарез може да формира интересен напаѓачки тандем со поранешниот аргентински репрезентативец Гонзало Игуаин.


Кришито ќе му се приклучи на Инсиње во Торонто

Торонто формира тим со квалитетни фудбалери од италијанскиот фудбал.

Неодамна беше потврден трансферот на Лоренцо Инсиње, а сега потврдија дека екипата ќе се засили и со Доменико Кришито. 35-годишниот дефанзивец од март ќе почне со активности во лигата.

Двете страни постигнале договор на две години. Кришито во Торонто е најавен како големо засилување и од него се очекува да ја зацврсти одбраната.


Понуди до Абрамович за купување на Челзи

Според пишувањата во англиските медиуми, постојат потенцијални купувачи кои што ќе испратат понуди до Роман Абрамович за преземање на фудбалскиот клуб Челзи.

Рускиот олигарх ја префрли контролата за управување на клубот на својата фондација, но останува сопственик, надевајќи се дека конфликтот во Украина брзо ќе заврши.

Претходните понуди од 2,2 милијарди фунти беа одбиени, а во оваа фаза Абрамович е решен да го задржи клубот кој го стекна во 2003 година и го направи еден од најуспешните на островот.

Меѓутоа, ако над него биде извршен притисок од највисоко ниво, со оглед на актуелната политичка ситуација, Абрамович може да биде принуден да се одлучи за продажба на клубот.


Клоп оптимист за брзо заздравување на Тиагo

Тренерот на фудбалерите на  Ливерпул, Јирген Клоп, проговори за повредата на Тиаго Алкантара кој во текот на викендот мораше да го пропушти финалето на Лига купот против Челзи.

Шпанскиот играч за врска беше ставен во стартниот состав на „црвените“, но, при загревањето почувствувал болка. Тиаго ги помина деталните медицински прегледи а Клоп е уверен дека играчот од средниот ред наскоро ќе се врати во игра.

„Бев изненаден бидејќи го гледав целото загревање и не видов ништо. Кога влегов во соблекувалната видов дека Тиаго е на медицинската маса. Нашите физиотерапевти ми рекоа дека чувствува болка во тетивата, што дефинитивно е лоша вести“, изјави Клоп на прес-конференцијата пред утрешниот меч против Норич во петтото коло од ФА Купот.


Германецот Гисдол си даде оставка од тренерското место во Локомотив

Тренерот на Локомотив Москва, Маркус Гисдол си даде отказ во знак на протест поради руската воена инвазија врз Украина.

Овој 52-годишен Германец, во клубот пристигна пред четири месеци, на препорака на Ралф Рангник.

„Тренерската професија за мене е најдобрата во свет. Но не можам да работам во земја чиј лидер започна војна во срцето на Европа. Тоа не се моите вредности, па ја напуштив функцијата тренер на Локомотив“, изјави Гиздол.

„Не можам да бидам во Москва, да тренирам фудбалери и да барам професионализам, а на неколку километри се издаваат наредби кои носат големи страдања на една цела нација. Ова е моја лична одлука и не се сомневам во неа“, додаде Германецот.


Франк Кеси многу блиску до потпис со Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона е во интензивни преговори со играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси, пренесуваат каталонските медиуми.

Според информациите, тренерот на Барселона, Чави, веќе остварил неколку телефонски разговори со играчот од Брегот на Слоновата Коска, кој бил импресиониран од плановите на тренерот во врска со иднината на екипата.

25-годишниот Кеси, веќе даде до знаење дека нема намера да го продолжи договорот со росонерите и одлучи да ја промени средината. Тој има важечки договор со Милан до 30 јуни 2022 година.