фудбал

Чеферин го кани Ериксен на финалето на Европското првенство

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, испрати покана до данскиот капитен Кристијан Ериксен, неговата сопруга и шестмината медицински лица кои му го спасија животот, да му бидат гости на финалниот меч на ЕП.
Сепак, сè уште нема потврда дека Ериксен, кој се избори со смртта, ќе може да присуствува на натпреварот в недела. Како што е познато, играчот за врска на Интер доживеа срцев на првиот меч со Финска на Евро 2020.
Вечерва Данска ќе игра против Англија на стадионот „Вембли“ во второто полуфинале на турнирот.


Кејн: Момент на кој се гордеам, но се уште не сме освоиле ништо

Англија се пласираше во финалето на ЕУРО откако ја победи Данска со сомнително досуден пенал, а капитенот на Гордиот Албион е горд што репрезентацијата е во финале.

Ова е посебен момент, испишување на историја и прво финале, но Кејн предупредува дека ништо не е завршено, потребно е да се одигра добро и да се победи Италија во финалето.

„Ова е врв на мојата кариера, ние сме првпат во финале на Европско првенство и ќе играме на нашиот ’Вембли‘. Ова е момент со кој се гордеам но морам да кажам, ништо не сме освоиле, имаме уште еден чекор кој мора да го завршиме“ – изјави Кејн.


Агентот на Жоржињо одреди дека неговиот клиент вреди 50 милиони!

Плејмејкерот на Челзи, Жоржињо одигра фантастична сезона и е еден од најдобрите фудбалери на Европското првенство. Агентот Жоао Сантош откри дека неколку европски гиганти го сакаат Италијанецот и ја откри неговата цена.

„Жоржињо има договор со Челзи на уште две години, но наскоро ќе има преговори за продолжување на договорот. Во моментов неговата цена е 50 милиони евра. За него интерес покажуваат неколку европски гиганти. Сепак, не знам дали Челзи е спремен да го пушти“, изјави агентот.

После фантастичната сезона тешко е да се поверува дека Челзи ќе се согласи за продажба на плејмејкерот и е спремен да му понуди нов договор.


Бен Арфа преговара со Олимпик Марсеј

Францускиот играч за врска Хатем Бен-Арфа може да се врати во Олимпик Марсеј во летниот преоден рок. 34-годишниот играч во моментов е без клуб, бидејќи неговиот договор со Бордо заврши.

Според изворот, главниот тренер на Олимпик, Хорхе Сампаоли е заинтересиран за играчот со кого сакаше да работи уште кога беше тренер на Севилја, но тогаш трансферот не беше реализиран. Сега Сампаоли ќе се обиде да се договори со претседателот на Марсеј за потребата од транзиција на Бен Арфа.

Минатата сезона играчот за врска одигра 25 натпревари, постигна два гола и направи пет асистенции.


Мурињо: Не знам што виде ВАР, но ваков пенал не се суди

Жозе Мурињо за „Ток Спорт“ изјави дека Англија е заслужено во финалето, на Вембли победи подобриот тим, но за Мурињо пеналот е непостоечки.

Португалецот е разочаран што е досуден ваков пенал, но смета дека подобриот тим победил на вчерашното полуфинале во Лондон.

„Како човек од фудбалот сум разочаран што беше досуден пенал за Стерлинг, веројатно англиските фанови нема да се согласат со мене, но тоа никогаш не е пенал. Победи подобриот тим, но на вакво ниво, во полуфинале на Европско првенство, не можам да ја сфатам одлуката на судијата. Главниот судија не смее да спие мирно.“ – изјави Мурињо.


Стерлинг објасни зошто беше досуден пенал за Англија

Англија ја елиминираше Данска во полуфиналето на ЕУРО. Англичаните победија со 2:1 во продолжението, а одлучувачкиот погодок беше дело на Хари Кејн во 104. минута. Контактот во шеснаесетникот помеѓу Рахим Стерлинг и Даниел Јенсен за холандскиот судија Дани Макели беше пенал, кој по долга консултација и со ВАР беше досуден.

Стерлинг, кој го избори пеналот, вака ја коментираше ситуацијата:

„Дефинитивно беше пенал. Влегов во казнениот простор, тој ја испружи ногата и тоа беше чист пенал.“

За натпреварот тој изјави:

„Беше тоа одличен натпревар. Моравме да дадеме максимум, прв пат примивме погодок на овој турнир. Израмнивме, а потоа знаевме да бидеме трпеливи. Знаевме дека можеме да ги победиме и на крајот добивме пенал. Сега мораме да се фокусираме на викендот.“

Англија и Италија го играат финалето на Европското првенство во недела од 21. часот на Вембли.


Ѓока верува во пресврт: Можеме да победиме во Словенија

Екипата на Шкендија го загуби првиот меч со словенечка Мура во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. На домашен терен тетовци загубија со 1-0, а тренерот Ернест Ѓока вели дека резултатот е таков само поради неискористените шанси на неговиот тим.
„Кога ќе пропуштиш толку шанси, јасно е дека ќе се случи ова. Статистиката вели дека сме доминирале, имавме многу шанси кои не ги искористивме. И покрај овој пораз, ќе се бориме максимално. Нема ништо да промениме, нема потреба, само треба да реализираме. Да постигнеме гол. Мислам дека добро почнавме, и тоа е вистинскиот начин за нас. Како се одвиваше мечот ние моравме да менуваме, стававме напаѓачи, го ослабевме нашиот среден ред, нашиот најсилен дел од тимот, но таквите ситуации, носат и вакви потези““, изјави тренерот на Шкендија на прес-конференцијата по мечот.



Рома ќе купува во Германија, Бенсебаини е замената за Спинацола

Жозе Мурињо ќе се обиде да го доведе левиот бек на Борусија Мехенгладбах, Рами Бенсебаини.

После повредата на Спинацола приоритет на „волчицата“ ќе биде доведување на лев бек. Прва желба на „Специјалниот“ беше Марсело, но откако стана јасно дека Бразилецот ќе остане во Реал Мадрид, изборот падна на Бенсебаини.

26-годишниот Алжирец одигра одлична сезона во Бундеслигата каде на 33 меча постигна 7 гола. Мехенгладбах за неговата слобода бара 20 милиони евра, но Рома ќе се обиде да ја намали таа сума.


Два поранешни европски прваци го сакаат Австриецот Сабицер

Ливерпул и Милан се силно заинтересирани за ѕвездата на Лајпциг, Марсел Сабицер, пренесуваат медиумите на Островот.

Ливерпул веќе неколку месеци работи на трансферот на Сабицер, за кого интерес покажува и Милан. Сабицер влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината, па Лајпциг е спремен да го продаде.

Новиот извршен директор на Лајпциг потврди дека Австриецот побарал трансфер, а клубот за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Милан во него гледа идеална замена за Чалханоглу, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.


ПСЖ подготвува уште една „бомба“!

Париз Сен Жермен дефинитивно реши со сите сили да го нападне долгоочекуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

„Светците“ ова лето го доведоа Серхио Рамос од Реал Мадрид и  Вајналдум од Ливерпул, Ашраф Хакими пристигна како најскапиот десен бек во историјата и Џанлуиџи Донарума од Милано, а сега на ред е левата страна.

Парижаните не се смируваат, па по доведувањето на Донарума, тие сакаат уште еден играч на Милан – Тео Хернандез, со кого веќе ги договорија финансиските услови.

Тоа се случи уште пред Европското првенство, но потешкиот дел остана затоа што „росонерите“ одбиваат да се откажат од еден од најдобрите играчи.