фудбал

Јирген Клоп: Луд натпревар!

Дерби натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул кој заврши со нерешен резултат 2:2, тренерот на „црвените“, Јирген Клоп го нарече „Луд натпревар“.

„Каков натпревар! Почетокот беше подобар за Сити. Во првото полувреме имаа голема шанса да решат се. Можеме да го дефинираме натпреварот како боксерски натпревар. За момент ги спушташ рацете и добиваш огромен удар. Малку се тресеш и следниот удар доаѓа од другата екипа. Ми се допаднаа многу работи.Кога го игравме нашиот стил на фудбал го контролиравме натпреварот, користевме едноставни додавања, ги теравме да трчаат и бевме многу опасни. Така ги постигнавме нашите голови. Вториот дел беше многу подобар, почнавме со гол.Не можам да бидам убеден, но имам чувство дека можевме да го добиеме натпреварот“, изјави Клоп.


Во Милан веруваат во освојување на Скудетото

Екипата на Милан одигра нерешен првенствен натпревар со Торино, и испушти важни бодови во битката за Скудетото. Меѓутоа тренерот на тимот, Стефано Пиоли, верува дека борбата со Интер и н Наполи ќе продолжи до самиот крај.

“Направивме се од себе да ја придвижиме топката и да го совладаме противникот. Но, Торино е тим против кој е тешко да се постигне гол. Не успеавме да создадеме многу шанси за гол, иако се боревме за секоја топка. Ни недостигаше завршница во нападите.

 Во последните две-три недели, секогаш кога ќе се каже дека некој тим е фаворит на Скудетото, тој греши. Шампионатот е многу долг, секој натпревар е тежок и ништо не ви се дава бесплатно. Се обидовме да победиме. Знаеме дека можеме подобро и се надеваме дека ќе ја искористиме наредната прилика за победа.


Анчелоти има дилеми дали Реал ќе му потврди доверба

Карло Анчелоти призна дека не е сигурен дали и наредната сезона ќе биде тренер на Реал Мадрид.

Реал Мадрид има солидна предност на врвот на табелата во лигата и чудо треба да се случи за „кралевите“ да останат без титулата во шпанското првенство. Сепак, Анчелоти не е толку сигурен дека ќе го води Реал и наредната сезона.

„На крајот од сезоната клубот ќе ја оцени мојата работа и ќе биде донесена одлука дали треба да продолжам. Јас сум тука и уживам во секој ден“, изјави Анчелоти.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Анчелоти може да ја загуби работата во Реал само ако „кралевите“ не ја освојат титулата во првенството.


Три клуба од Серија А лицитираат за Мемфис Депај

Мемфис Депај на лето готово сигурно ќе ја напушти Барселона, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А. Каталонски „Спорт“ пренесува дека италијанските гиганти Милан, Интер и Јувентус се силно заинтересирани за Холанѓанецот и веќе ја започнале битката за неговиот потпис. Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот.

Чави не е симпатизер на неговата игра, ги доведе Торес и Обамејанг, па минутажата на Холанѓанецот значително се намали. Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Наводно Барселона за неговата слобида бара 25 милиони евра, а италијанските клубови се спремни да ја платат таа сума.


Рудигер бара голем бонус за потпис со новиот клуб

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер ги објави своите барања за плата. Германецот очекува да добие договор на 4 години. Според него, тој сака да добива 12,5 милиони евра годишно. Покрај тоа, дефанзивецот бара 20 милиони евра како бонуси за потпишување.

За услугите на 29-годишниот германски фудбалер се заинтересирани голем број европски екипи. Претходно беше објавено дека оние кои сакаат да потпишат договор со Рудигер ќе треба да платат 30 милиони евра за него – токму тоа е бонусот за потпишување што го бараат неговите агенти.


Луксембург следен предизвик за македонските фудбалерки

По високиот пораз (0-10) од Англија во Скопје, македонската сениорска женска фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за следниот противник во мундијалските квалификации.   Избраничките на селекторот Кирил Изов во вторник му гостуваат на Луксембург во обид да ја прекинат серијата порази и да ја забележат втората победа во квалификациската група Д за пласман на Светското првенство 2023 во Австралија и Нов Зеланд. По вчерашниот очекуван пораз од лидерот во групата на Националната арена „Тодор Проески“, македонските фудбалерки останаа на претпоследното, петто, место на табелата, со три бодови, колку што има и Луксембург на четвртата позиција.


Карлос Тевез пред сензационално враќање во Премиер лигата?

Според „Кориере дело спорт“, премиерлигашот Тотенхем може да направи сензационален трансфер. Имено клубот од Лондон бил во напредни преговори со ветеранот Карлос Тевез.

Тренерот Антонио Конте имал голема желба да го донесе 38-годишниот Аргентинец во својот тим.

Последен клуб во кој играше Тевез, беше Бока Јуниорс, од каде си замина минатото лето. Аргентинецот уште тогаш изјави дека сака да игра до 42 години и нема намера да престане со фудбалот.

Напаѓачот има големо искуство во Премиер лигата каде настапуваше за Вест Хем, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.


Вардар остана без тренер, Глигоров си поднесе оставка

Вардар во следниот период ќе добие нов тренер, затоа што Никола Глигоров веќе не е тренер на „црвено-црните“.

Глигоров дојде на клупата на Вардар по стартот на сезоната, кога го наследи српскиот стратег Горан Симов кој лошо ја започна сезоната. Резултатите одеа според планот, Вардар беше во игра за второто место, но со неколку неочекувани и лоши резлтати ја губи битката за второто место.

Вардар во последното одиграно коло доживеа пораз од Гостивар, во меч со неколку спорни судиски одлуки и многу негодувања по натпреварот од самите играчи и клубот. Никола Глигоров по поразот си поднесе оставка која е прифатена.

Се очекува во наредните денови да биде донесена одлука кој ќе биде нов тренер на тимот во иднина. Вардар во моментов е на третото место во ВМФЛ-Запад со осум бода помалку во однос на второпласираната Воска Спорт.


Даци повторно стрелец за белгиски Вестерло

Ердон Даци продолжува да игра во одлична форма и во Белгија го постигна својот десетти гол за Вестерло.

Вестерло во втората белгиска лига одигра одличен натпревар против Мускрон во кој славеше со убедливи 6-2. Даци го постигна четвртиот гол за својата екипа откако украде топка и рутински ја смести во мрежата на Манданда.

Даци со своите 10 гола е трет стрелец во првенството за Мадернер и Мертенс. Вестерло од друга страна е лидер на табелата со 55 бода.


Јуве бара два млади италијански напаѓачи како замена за Дибала

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус тргна во потрага по нов напаѓач со кој сака да ја засили екипата ова лето.   Торинската „Стара дама‘, како што јавуваат денеска италијанските медиуми, бара замена за Аргентинецот Паоло Дибала, кому договорот му истекува и дефинитивно заминува од редовите на Јувентус. 

Според медиумите, тренерот Масимилијано Алегри сака во летниот преоден рок да го ангажира Џакомо Распадори (22) од Сасуоло или Никола Заниоло (22) од Рома, верувајќи дека и обајцата млади талентирани фудбалери се подготвени за настап на голема сцена. Распадори сезонава на 30 натпревари постигна десет голови, додека Заниоло на 33 настапи запиша четири погодоци.