фудбал

Арнаутовиќ се извини на македонски и албански јазик за навредите брз Алиоски

Марко Арнаутовиќ беше во центарот на вниманието по навредите упатени кон Алиоски на мечот против Македонија.

Арнаутовиќ го постигна третиот гол за Австрија, а потоа влезе во вербален конфликт со Алиоски. Медиумите открија дека имало навреди на националистичка основа.

Многумина го обвинија Арнаутовиќ и за расизам. Тој денеска се извини за неговиот гест и ги отфрли таквите обвиненија.

„Вчера имаше некои жестоки зборови кажани во емоции на натпреварот за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам една работа јасно: Не сум расист! Имам пријатели од речиси секоја земја и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“, напиша Арнаутовиќ.


Ериксен објави фотографија од болница

29-годишниот Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на натпреварот помеѓу Данска и Финска во Копенхаген во саботата, на првиот натпревар од Б групата на Европското првенство.

Сам, без никој околу себе, данскиот репрезентативец падна на тревата, по што следеа драматични сцени на негова реанимација. Тој е во подобра состојба и се опоравува во болница, а сега преку Инстаграм тоа го потврди со фотографија на која со палецот нагоре и пораки за благодарност за сите кои се грижат, изрази поддршка на соиграчите.

„Поздрав на сите. Големо благодарам на драгите и неверојатни пораки и гестови на поддршка од целиот свет. На мене и мојата фамилија тие ни значат многу. Добро сум – со оглед на околностите. Се уште морам да пројдам низ некои прегледи во болница, но се чувствувам добро. Ќе навивам за своите соиграчи на следните натпревари на Данска. Играјте за цела Данска. Поздрав, Кристијан.“ – напиша тој на Инстаграм.


Сити му нуди астрономска плата на Хари Кејн

Манчестер Сити продолжува да работи на трансферот на ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.

Англиските медиуми откриваат дека „граѓаните“ се спремни да му понудат на Кејн договор на 5 години, а откриени се и финансиските детали.

Имено, Хари Кејн на „Етихад“ ќе заработува 16 милиони фунти по сезона, а напаѓачот е спремен да каже ДА на оваа понуда.

Личните услови нема да бидат проблем, а потешкиот дел од трансферот сигурно ќе биде договор со Тотенхем, кој бара 160 милиони евра за својата ѕвезда.

Кејн побара од раководството да му биде дозволен трансфер, но има договор до 2024 година, па Тотенхем сигурно нема лесно да се откаже од него.



Бензема: Имаме можност да го освоиме ЕУРО!

Повратникот во репрезентацијата на Франција и напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема во пресрет на првиот настап на неговата репрезентација на ЕУРО 2020 смета дека Французите можат до шампионската титула.

„Се помина многу добро, ме примија добро. Веќе познавам некои од играчите, а се запознав и со други. Со играчи од ова ниво, се чувствувам многу добро на теренот. Што се однесува до нашите амбиции, тие се освојување на шампионскиот трофеј. Ова е нашата крајна цел. Тоа е и во мојата глава. Ние разбираме дека е тешко. Јас сум многу мотивиран, подготвен и со големо нетрпение го стартот“, рече Бензема.

Французите се во групата на смртта со Германија , Португалија и Унгарија, а првиот натпревар го играат во Минхен со селекцијата на Германија.


Договорот постигнат, Донарума во ПСЖ до 2026 година

Џанлуиџи Донарума потпиша договор со ПСЖ. Ова на Твитер го објави новинарот Фабрицио Романо.

Според изворот, договорот е со важност до 2026 година, лекарскиот преглед на голманот на италијанската репрезентација ќе се одржи по мечот на ЕП 2020 со Швајцарија, закажан за 16 јуни. Објавено е дека Донарума ќе остане во ПСЖ и нема да замине на позајмица. Тој ќе се бори за местото број еден на голманската позиција со Кејлор Навас.

Донарума имаше 48 настапи за Милан во сезоната 2020/21, од кои 15 ги заврши без примен гол. Голманот ќе го напушти италијанскиот клуб како слободен агент, неговиот договор важи до крајот на јуни 2021 година.

Донарума веќе е прв голман на италијанската репрезентација, а беше интересен за Барселона, Јувентус, Рома, Челзи, Тотенхем и ПСЖ. Исто така беше објавено дека парискиот клуб му понудил на италијанскиот голман плата од 12 милиони евра годишно.



Ристевски: Одигравме добро, штета што загубивме

Кире Ристевски не настапи на првиот натпревар со Австрија на ова ЕП, но ја чека својата шанса на следните два натпревари. По вчерашниот натпревар тој даде свое мислење околу се она што се случуваше на оваа средба, но најави борба до крајот против Украина.

„Беше тешко, по химната се наежив, уште тогаш имаше емоции кај мене. Но, за жал, селекторот одлучи да останам на клупата. Натпреварот го видов доста добро, соиграчите играа доста добро. Јас бев спремен да одговорам на предизвикот. Штета што загубивме, бевме доста добри, се надевам дека на следниот натпревар ќе ја подобриме нашата игра. Околу натпреварот со Украина, можам да ветам дека ќе дадеме 100% од можностите за да ги израдуваме сите, посебно нашите навивачи кои допатуваа тука во Букурешт и дадоа големи напори да бидат со нас. Мислам дека и со Украина ќе биде сличен меч како со Австрија, се работи за агресивна екипа која ќе сака да наметне темпо. Следуваат анализи за овој натпревар, ќе видиме со селекторот околу насоките. Мора да бидеме спремни за борба и агресивност“, изјави Ристевски.



Трајковски: Наивно загубивме, но имаме уште два натпревари во групата

Напаѓачот на нашата репрезентација Александар Трајковски кој беше во стартниот состав на средбата со Австрија, ден по првиот натпревар и поразот на ЕП 2020 (1:3), направи анализа на натпреварот и најави дека овој неуспех не е крај за Македонија на европското првенство.

„Искрено, мислам дека одигравме квалитетни 70 минути и се боревме до крај. Го имавме тој позитивен резултат, а потоа примивме два гола, по, мое мислење, наивно, по еден центаршут и еден аут. Не можам да кажам дека Австријците беа поквалитетни од нас. Ние создававме шанси и игравме наш фудбал, покажавме дека може да играме со секого и ако продолжиме вака и во наредните мечеви ќе дојдеме до поголем резултат. Оваа Македонија нема никогаш да се предаде. Ќе се бориме до крај, па ќе видиме што ќе биде. Многу е убаво да се игра на големо натпреварување. Драго ми е што дојдоа толку луѓе да не бодрат. На крајот криво ми е што немавме позитивен резултат на првиот меч, но ние нема да се откажеме, ќе се бориме да ја минеме првата група и да ги направиме сите горди да излезат на улица“, изјави Трајковски на денешниот брифинг.



Дали го имаме најубавиот погодок на ЕП а можеби и на сезоната?

Патрик Шик играчот на Баер Леверкузен со два погодока носии предност на Чешка од 0-2 на дуелот против Шкотска што се игра во Глазгов.
Вториот гол е вистинско ремек-дело, со извонреден удар од половина терен го матираше чуварот на мрежата на Шкотите, Дејвид Маршал.
Погледнете:


Израмнет негативниот рекорд на Југославија на ЕП

Со поразот од Холандија од 3:2, Украина го израмни негативниот рекорд од шест порази во низа на Европските првенства.

Украина на тој начин му се придружи на Југославија, која во периодот од 1968. до 1984. година загуби шест натпревари по ред. Најпрво финалето во 1968. од Италија со 2:0, потоа осум години подоцна од Западна Германија 4:2 и Холандија 3:1, а потоа и во групната фаза во 1984. од Белгија 2:0, Данска 5:0 и Франција 3:2.

Украинците на бодови чекаат уште од 2012. година, кога беа домаќини и кога во првото коло ја совладаа Шведска. Потоа беа поразени од Франција, Англија, германија, Северна Ирска, Полска и синоќа од Холандија.

Шанса за прекин на таа низа ќе бараат против нашата репрезентација во четврток.


Верати се враќа за дуелот со Швајцарија

Фудбалерот на ПСЖ и на селекцијата на Италија, Марко Верати, ќе му биде на располагање на селекторот, Роберто Манчини, за мечот против Швајцарија закажан за в среда во рамките на 2 коло во групата А на ЕП.

„Газета дело спор“ денеска објави, дека играчот од средниот ред кој поради повреда на коленото го пропушти воведниот натпревар против Турција кој им припадна на „аѕурите“ со 3-0, најверојатно ќе биде на клупата.

Во исто време,  Мануел Локатели, Николо Барела и Жоржињо, се очекува да започнат против Швајцарија додека десниот бек, Алесандро Флоренци ќе го пропушти вториот натпревар во групата. Неговото место ќе го добие Џовани ди Лоренцо.