фудбал

Роналдо: „Светското првенство нема да ме дефинира, веќе ја испишав историјата со Португалија“

Cristiano Ronaldo holding the Nations League trophy over his shoulder

Кристијано Роналдо во најновото интервју изјави дека неговото наследство во фудбалот не треба да се мери само преку Светското првенство. Според него, успесите кои ги постигнал со португалската репрезентација се доволен доказ за неговото влијание врз националниот тим.

„Со Португалија освоив три големи титули, нешто што никогаш порано не се случило. Зошто Светското првенство би ме дефинирало со само шест или седум натпревари?“, рече Роналдо.

Португалецот направи споредба и со аргентинската и бразилската фудбалска традиција, потсетувајќи дека тие земји се навикнати на големи победи. „Аргентина имаше две светски титули и пред Меси. Ако Португалија го освои Светското, тоа ќе биде шок за целиот свет“, истакна тој.

И покрај желбата повторно да се натпреварува на највисоко ниво, Роналдо нагласи дека неговата кариера не зависи од исходот на едно натпреварување. „Секако дека ќе се бориме да победиме, но тоа нема да ме дефинира. Едно првенство не може да ја определи целата кариера“, заклучи португалската ѕвезда.


Неверојатната форма на Антони во Бетис не згаснува

Frontview of Antony looking focused while playing for Real Betis

Откако се приклучи во Реал Бетис, Антони покажува впечатливи резултати, постигнувајќи 15 голови во 36 натпревари. Оваа бројка го надминува неговиот рекорд од Манчестер Јунајтед, каде што постигна 12 голови во 96 натпревари. Неговиот брз и успешен старт беше јасен уште од дебито, кога беше прогласен за најдобар играч на натпреварот. Антони брзо стана клучен играч во нападот на Бетис, постигнувајќи голови што одлучија натпревари и помагајќи им на соиграчите. Неговите изданија играат значајна улога во задржувањето на силната позиција на Бетис во Ла Лига, кој со амбиции се бори за место во Лигата на шампионите.

Во последниот натпревар, Антони забележа 2 гола и асистенција во победата на Бетис од 3-0 над Маљорка во Ла Лига. Тој изрази задоволство од чувството на припадност во Бетис, играјќи со страст и самодоверба кои му недостасуваа во неговата кариера во Англија. Неговата работна етика во тренинзите и фокусот на усовршување на завршницата се видливи во актуелната серија на голови, која ги надминува сите поранешни критики. Овој ренесансен период за Антони е оценет од медиумите како значителен поттик во неговата кариера, а тој стана омилен играч на навивачите и клучна фигура во составот на Бетис.

Покрај головите и асистенциите, Антони има големо влијание и на европската сцена, придонесувајќи за важни победи во Лига Европа. По неговиот потпис на траен договор во септември 2025 година, тој продолжи да ја покажува својата елитна форма. Со својата посветеност, технички вештини и позитивен пристап, Антони се претвори во играч кој се врати на врвот и покажува забележителен напредок. За Бетис, тој е неизмерно важен како за амбициите во Ла Лига, така и за континенталниот успех.


Хејтинга доби отказ во Ајакс

John Heitinga

По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.

Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .

По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.

Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.

Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.

Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.

Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.


Дембеле и Ламин Јамал фаворити за наградата „The Best“

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги објави номинираните за наградата „The Best“ за 2025 година.

Гласањето ќе трае до 28 ноември.

Во потесниот список се наоѓаат Усман Дембеле, Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња (сите ПСЖ), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Кол Палмер (Челзи), Педри, Рафиња, Ламине Јамал (сите Барселона), Мохамед Салах (Ливерпул) и Хари Кејн (Баерн Минхен).

Актуелен добитник на наградата е напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.


Донарума фаворит за признанието голман на годината

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги објави номинираните за наградата за најдобар голман на годината.

Во потесниот список се Алисон Бекер (Ливерпул), Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Џанлуиџи Донарума (Манчестер сити), Емилијано Мартинез (Астон вила), Мануел Нојер (Баерн Минхен), Давид Раја (Арсенал), Јан Сомер (Интер) и Војчех Шчесни (Барселона).

Гласањето ќе продолжи до 28 ноември.

Актуелен добитник на наградата е Емилијано Мартинез.


Беќири: Само неколку секунди не делеа од победа

Фудбалерите на Шкендија беа трагичари на синоќешниот натпревар против Јагјелонија (1-1) во третото коло од Конференциската лига на УЕФА. Тетовчани долго водеа, а примија гол за реми во последните секунди од средбата на националната арена „Тодор Проески“.

По натпреварот тренерот на македонскиот шампион Јетон Беќири беше видно разочаран.

„Нормално дека сме разочарани, бидејќи секунди не делеа од трите бода. Сепак, фудбалот е таков и мора да го прифатиме овој резултат. Можеби немавме среќа, можеби требаше да постапиме поинаку, ама во последните секунди немавме среќа. Мислам дека не беше од преголема желба, туку не бевме добро поставени во одредени позиции. Фудбалот е таков, ако на последниот меч победивме со гол во последна секунда, сега се случи спротивното. Овојпат три секунди нè делеа од победата. Задоволен сум од екипата, во првиот дел бевме повнимателни. Игравме против квалитетен ривал. Освен моментот кога примивме гол, Јагјелонија немаше шанси за погодок, па тоа значи дека добро бевме поставени. Единствената наша дефанзивна грешка беше тој примен гол.

И ние и Дрита влегуваме со исти шанси. Тие се со бод повеќе, па очекувам да биде 50-50%. Ова се пријателски екипи и очекувам добар натпревар во Приштина.

Се е во ред моментално со Зејнулаи, доби непредвидлив удар одблизу. Ќе направи медицински преглед, ама во моментов е добар“, изјави Беќири.

Шкендија по три рунди во европското натреварување има четири бода и уште е во игра за место во плеј-офот. Следниот предизвик ќе им биде против Дрита во Приштина на 27 ноември.


Андонова двоен стрелец за ЖФК Мадрид во Купот на Кралицата

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, денеска беше двоен стрелец за тимот на Мадрид во куп дуелот против Хуевла кој го добија со 7-1.

ЖФК Мадрид се пласираше во осминафиналето од Купот на Кралицата откако лесно ја мина Хуевла и тоа на гостински терен.

Наташа Андонова ја отвори серијата погодоци со гол уште во четвртата минута од натпреварот, Македонката беше прецизна и по седум минути игра во вториот дел.


Шкендија испушти победа во 100. минута против Јагјелонија

Фудбалерите на Шкендија во последните моменти од натпеварот со Јагелонија останаа без победа и одиграа 1-1 за четврти бод во лигашкиот дел од Конференциската лига.

Јагјелонија беше фаворизирана пред натпреварот, но денеска на теренот не покажа речиси ништо. Полјаците немааа ниту една посериозна прилика, само неколку удари кои не беа опасни за голманот Гаје.

Ниту Шкендија не се закани во првото полувреме, избраниците на Беќири не упатија ниту еден удар во рамките од голот.

Шкендија на самиот старт од второто полувеме во 49. минутаа дојде до гол за водство, стрелаше Љатифи по еден корнер.

Во продолжение одново гледавме слична игра како и во првиот дел со тоа што Полјаците уште помалку напаѓаа, но во последните секунди ја искористија единствената шанса кога Лозано постигна гол со еден волеј удар за конечни 1-1.


Џон Мекгин доби нов договор со Астон Вила

Шкотскиот фудбалски репрезентативец, Џон Мекгин, потпиша нов договор до летото во 2028 година.

31-годишникот кој и се приклучи на Астон Вила од Хибернијанс во 2018 година, се гледа како еден од клучните играчи во тимот.

Тој е капитен од 2022 година. Претходно соработката со англискиот состав ја продолжија и Мети Кеш , Лука Дињ и Бубакар Камара.


Продажбата на билети за натпреварот Велс – Македонија отворена до понеделник

Продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Велс и Македонија, што ќе се одигра на 18 ноември во Кардиф, ќе биде отворена до понеделник (10 ноември) на полноќ.

Навивачите и поддржувачите на македонската репрезентација кои планираат да му дадат поддршка на националниот тим во Кардиф можат да ги обезбедат своите влезници преку официјалниот систем за продажба на билети на Фудбалската федерација на Македонија, FFM Tickets – Football Federation of Macedonia

Целата постапка за купување и преземање на билетите за натпреварот Велс – Македонија е детално објаснета на следниот линк: FAW-Tickets-Portal-Guide.pdf, истите информации се достапни и на платформата на ФФМ за продажба на билети.

За македонските навивачи според правилата на УЕФА се издвоени близу 1500 билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи. Цената на влезница, утврдена од Фудбалската асоцијација на Велс, изнесува 2800,00 денари.