фудбал

Ван Гал: Можеме да станеме светски прваци

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, после победата над селекцијата на САД, изјави дека и покрај победата тој имал критики за играта на неговите фудбалери, посебно во првото полувреме.

Холандија избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство, откако ја совлада САД со резултат 3:1.

„На полувремето од дуелот бев доста критичен, Иако водевме со 2:0, и постигнавме фантастични голови, имавме доста проблеми, а противникот често ни ја одземаше топката и тоа е неприфатливо на Светско првенство. Во вториот дел имавме поголем посед на топката, и го завршивме натпреварот без поголеми проблеми. Изминатава година често изјавував дека можеме да бидеме прваци. Не реков дека ќе бидеме, но мислам дека можеме“, заклучува Ван Гал.

Репрезентацијата на Холандија за противник во четвртфиналето од Мундијалот во Катар, ќе ја има селекцијата на Аргентина.


Антонио Силва од Бенфика најнова желба на големите европски клубови

Европските гиганти веќе подолго време го следат развојот на талентот на Бенфика, Антонио Силва. Скаутите на Реал, ПСЖ и клубовите од Манчестер Сити се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.

Станува збор за 18-годишен централент дефанзивец, кој игра фантастично оваа сезона. Посебно импресионираше на мечот против ПСЖ каде имаше задача да го чува Меси.

Силва е дел од португалската репрезентација на Мундијалот и се очекува вечерва да биде во стартниот состав, па ќе го следат скаути на Реал и ПСЖ. Токму овие два клуба на лето ќе водат голема битка за неговиот потпис и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Силва има договор со Бенфика до 2027 година и откупна клаузула од 100 милиони евра, па португалскиот клуб нема лесно да го продаде.


Биелса пред промоција за нов селектор на Уругвај

Уругвај имаше разочарувачко Светско првенство, репрезентација има огромен потенцијал доколку се види кои се играчи ги има во составот, но на Мундијалот во Катар не ја поминаа ниту групата. Јасно е дека со овој неуспех завршува работата на Диего Алонсо како селектор на Уругвај, а јужноамериканските медиуми веќе најавија кој ќе биде неговиот наследник.

Тоа е Марсело Биелса, Аргентинецот кој ужива култен статус не само во Јужна Америка, туку и во целиот свет.

Официјално за селектор би требало да биде назначен следната година, а негова главна цел ќе биде пласман на Светското првенство во 2026 година.

Уругвај ќе биде трета селекција од Јужна Америка која ќе ја води Биелса, претходно беше селектор на Аргентина и Чиле.


Компани и Анри главни кандидати за нов белгиски селектор

Тиери Анри, Винсент Компани и Филип Клеман се тројцата претенденти за селекторското место во белгиската репрезентација, после заминувањето на Роберто Мартинез. 

Мартинез го објави заминувањето од кормилото на Белгија по вчерашната елиминацуја на „ѓаволите“ во групната фаза од Мундијалот.

Анри беше дел од тренерскиот тим на Мартинес, додека Компани е бивш капитен на репрезентацијата и актуелен тренер на Барнли. Меѓу кандидатите е и Филип Клеман, кој сега работи во Монако.

Мартинес седна на кормилото на Белгија во август 2016 година и под негово раководство репрезентацијата го освои третото место на Светското првенство во 2018 година.


Најскапиот селектор на Мундијалот не ја мина групната фаза

Најскапоплатениот селектор на Светското првенство во Катар го заврши учеството во групната фаза на турнирот, пишува „АС“. Станува збор за селекторот на Германија Ханзи Флик.

Платата на селекторот на Германија е 6,5 милиони евра годишно. Сепак, тој не успеа да го одведе националниот тим на оваа земја до елиминациите на првото големо првенство во кое го предводеше тимот. Германците завршија само трети во групата Е зад првопласираната Јапонија и второпласираната Шпанија.

Останатите тренери во топ 5 според платата која ја добиваат се: Герет Саутгејт од Англија (5,8 милиони евра годишно), Дидие Дешамп од Франција (3,8 милиони), Тите од Бразил (3,6 милиони) и Луј ван Гал од Холандија (2,9 милиони), а истите успеаја да ги квалификуваат своите тимови во осминафиналето.


Митровиќ: Ова е еден од најтешките порази во мојата кариера

Александар Митровиќ е разочаран од настапот на Србија на Светското првенство, вели дека треба да се анализираат добро работите, Мундијалот бара многу повеќе отколку квалификациите.

Србија имаше разочарувачки настап на Светското првенство, освои само еден бод и како последна го заврши Мундијалот. Особено тежок за Србите е поразот од Швајцарија на која сакаа да ѝ се одмаздат за поразот на претходното првенство.

„Зад нас е тежок натпревар, исто така тежок ден за нашиот тим, народ… Очекувавме повеќе, ова е еден од најтешките порази во мојата кариера. Не знам што би кажал… Се чувствувам празно, сега ни останува сериозно да ги анализираме причините за неуспехот. Во второто полувреме мораше многу подобро да играме. Физички имавме доволно енергија, но… Направивме многу грешки, недозволени за оваа фаза од натпреварувањето. Не би се сложил дека бевме под нивото на квалификациите, Мундијалот бара многу повеќе. Тука се кријат некои од причините, ни останува сериозна анализа. Тешко е сега да зборуваме. Имавме одличен амбиент, како ниту една генерација досега“.


Маркус Турам преговара со Баерн Минхен

Баерн Минхен се вклучи во трката за францускиот репрезентативец и
напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам. Турам оваа сезона
игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а Баварците
внимателно ја следат неговата ситуација.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Турам истакна
дека сака да се пресели во клуб кој редовно игра во Лигата на
шампиони.
Баерн сака да го донесе на лето без обештетување бидејќи е во
потрага по квалитетен напаѓач, но ќе мора да ја победи
конкуренцијата бидејќи за Турам интерес покажува и Интер.


Милан преговара за враќање на Португалецот Далот

Италијанските медиуми пренесуваат дека португалскиот
репрезентативец Диого Далот може да се врати во Милан. Далот
влезе во последната година од договорот, но Јунајтед има опција за
еднострано продолжување до 2024 година.
Далот игра добро под водство на Тен Хаг од почетокот на сезоната и
„црвените ѓаволи“ сигурно ќе ја актувираат опцијата за
продолжување на договорот.
Меѓутоа, Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака на
лето да го врати на „Сан Сиро“.
Португалецот пред две години одигра една сезона на позајмица во
Милан каде и ја доживеа својата афирмација, па е спремен да се врати
во Милано.


Нејмар може да игра само во хипотетичко финале на Мундијалот

Ситуацијата со повредата на Нејмар изгледа посериозна отколку се
сметаше на почетокот. Ѕвездата на Бразил се здоби со повреда на
глуждот во првиот меч против Србија. Се очекуваше Нејмар да ги
пропутши само второто и третото коло од групната фаза, но
ситуацијата е далеку полоша.
Вестите кои прво ги пласираа медиумите сега ги потврди таткото на
Нејмар.
„Нејмар мислам дека ќе се врати за финалето. Тој ќе направи се за да
му помогне на тимот да стигнат до златниот пехар. Најважно е да се
врати тогаш кога ќе биде максимално спремен. Нејмар има големо
влијание на играта на Бразил“, изјави таткото на фудбалерот.


Два англиски гиганти го посакуваат Асенсио

Арсенал и Ливерпул внимателно ја следат ситуацијата со шпанскиот
репрезентативец, Мако Асенсио. Асенсио влезе во последната година
од договорот и на лето сигирно ќе си замине како слободен агент.
Интерес за Асенсио покажуваат неколку европски гиганти, но
најсилен е интересот на Арсенал и Ливерпул.
Тие сакаат да го доведат без обештетување на крајот на сезоната и
веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Асенсио се уште нема донесено конечна одлука, а се очекува
преговорите да се интензивираат после Мундијалот.