фудбал

Реал Мадрид подготвува „сензација“ на клупата!

Шпански „Кадена Сер“ пишува дека 61-годишниот Карло Анчелоти е кандидат за нов тренер на Реал Мадрид. Тренерот на Евертон е во комбинација за сензационално враќање во мадридскиот клуб, открива шпанскиот медиум.

Анчелоти го водеше Реал од 2013. до 2015. година и со него освои Лига на шампиони, Куп на кралот, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.

Анчелоти е третиот италијанец кој се поврзува со Реал откако Зинедин Зидан го напушти Мадрид. Масимилијано Алегри беше најизгледниот кандидат, но тој се врати во Јувентус. Антонио Конте го напушти Интер, па и понатаму се наоѓа меѓу кандидатите за преземање на Реал, но шпанците не му даваат голема шанса.

Кадена додава дека преостанатите три кандидати се Маурисио Покетино, Раул Гонзалез и Чави Алонсо.


Навивачите на Милан приредија спектакл по пласманот во ЛШ

Милан во драматичната завршница на италијанското првенство во последното коло избори пласман во Лигата на шампионите, во која се враќа по цели седум години.

Навивачите на Милан бурно го прославија тој успех, а славјето продолжи и во деновите по завршувањето на првенството.

Најжестоките навивачи на клубот од Милано дојдоа пред клупскиот тренинг центар и со песна и факли уште еднаш му честитаа на клубот на големиот успех. Навивачите запалија неколку десетици факли, а потоа пред нив се појави и Паоло Малдини, кој се заблагодари на големата поддршка.


Вечерва прва контрола пред Европското првенство

Репрезентацијата на Македонија вечерва со почеток од 18. часот на националната арена „Тодор Проески” ќе одигра контролен натпревар против соодветната селекција на Словенија.

Мечот против Словенија ќе биде првиот од двата контролни теста пред заминувањето за Букурешт на Европското првенство.

Селекторот Игор Ангеловски очекува тежок натпревар против силна репрезентација која ни е добро позната.

„Словенија е репрезентација која ни е доста добро позната, не очекува еден интересен натпревар, се надевам дека овој дуел ќе биде добра подготовка за она што ќе не очекува во Букурешт. Енис Барди се чувствува добро, нема симптоми, со нетрпение го очекуваме назад во составот, Се работи за еден исклучителен фудбалер кој е мноѓу важен дел од овој тим. Фудбалот се игра за публика. Се надевам и очекувам да дојдат навивачи во што поголем број, да ја бодрат нашата репрезентација и нашите момци бидејќи тие тоа го имаат заслужено”, вели Игор Ангеловски.


Саул го менува Атлетико со Манчестер Јунајтед

Играчот за врска на Атлетико Мадрид го притиска раководството да го пуштат да направи трансфер во Манчестер Јунајтед ова лето, пренесуваат шпанските медиуми.

26-годишниот Шпанец веќе подолго време е трансферна цел на „црвените ѓаволи“ кои минатата година направија конкретен обид да го донесат на „Олд Трафорд“.

ПСЖ и Јувентус исто така покажуваат интерес за Саул Нигез, но фудбалерот преферира преселба во Манчестер Јунајтед.

Солскјер како приоритет постави доведување на нов играч за врска, со оглед на фактот што Хуан Мата и Немања Матиќ сигурно ќе го напуштат „Олд Трафорд“ ова лето.


Пасторе ја напушта Европа, МЛС лигата најреална опција

Аргентинскиот играч за врска на Рома, Хавиер Пасторе го привлече интересот на клубовите од САД, Катар и Бразил. Новинарот Николо Шира го објави ова на својот профил на Твитер.

Според овој извор, Пасторе сака да разговара со новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, пред да направи избор за неговата иднина. Договорот на Пасторе со клубот истекува во 2023 година, платата на играчот е 4,5 милиони евра годишно. Според Скира, Орландо Сити и Атланта Јунајтед (САД), Ал-Духаил (Катар) и Сао Паоло (Бразил) се заинтересирани за купување на играчот. Неговата вредност се проценува на 2 милиони евра.

Пасторе игра во Рома од 2018 година. Претходно играше за ПСЖ, Палермо, Хуракан и Талерес. Играчот беше дел од репрезентацијата на Аргентина од 2010 до 2017 година.



Јувентус за 10 милиони евра го завршува првиот трансфер за новата сезона

Јувентус ќе го задржи 28-годишниот Алваро Мората и наредната сезона. Шпанскиот напаѓач настапува како позајмен фудбалер на Атлетико Мадрид во дресот на „старата дама“, а позајмицата ќе биде продолжена на уште една сезона. Тоа ќе ги чини италијаните 10 милиони евра, пишува новинарот Фабрицио Романо.

Новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри сака да го има Мората во својот тим.

Мората и Алегри веќе соработуваа претходно, кога шпанецот од 2014. до 2016. година играше за Јувентус под водство на Алегри. Сега, и двајцата се повторно во клубот.

Мората сезонава за Јувентус постигна 20 погодоци и запиша 11 асистенции во 44 натпревари во сите натпреварувања.



Зидан објасни зошто го напушти Реал Мадрид

Францускиот фудбалски стратег, Зинедин Зидан се обиде да им објасни на навивачите на „кралевите“ зошто се одлучи по втор пат во кариерата како тренер да го напушти Реал Мадрид.

Зидан тврди дека не ја добил договорената поддршка и тоа е основната причина за неговиот потег.

„Драги мадридисти, 

Пред 20 години стапнав во градот Мадрид и го облеков белиот дрес, од првиот ден вие ми ја дадовте вашата љубов. Отсекогаш чувствував дека има нешто многу посебно меѓу нас. Имав голема чест да бидам играч и тренер на најважниот клуб во историјата, но пред се јас сум само уште еден играч на Реал Мадрид. Поради сето ова сакав да го напишам ова писмо за збогум и да ја објаснам мојата одлука зошто го напуштив клубот.

Во март 2019 година се сложив да се вратам како тренер на Реал Мадрид по пауза од околу осум месеци, го направив тоа поради тоа што претседателот Флорентино Перез ме побара и се разбира бидејќи вие секој ден ми го велевте тоа. Кога сретнав еден од вас на улица, ја почувствував поддршката и желбата да бидам повторно со тимот. Бидејќи ги делам истите вредности на Мадридисимо, овој клуб кој припаѓа на членовите, на фановите, на целиот свет. Се обидував овие вредности да ги пренесам од мене во се што работев, се трудев да бидам пример. Поминувањето 20 години во Мадрид беше најубавата работа која некогаш ми се случила мене и знам дека тоа му го должам нему, ексклузивно на Флорентино Перез кој ме донесе во 2001 година, кој се бореше за мене, кој направи да дојдам кога имаше луѓе кои беа против тоа. Го кажувам ова од моето срце, секогаш ќе му бидам благодарен на претседателот за тоа. Секогаш.“ – напиша Зидан.



Сити се вклучува во трката за Рамос

Капитенот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Серхио Рамос би можел ова лето да се пресели во Манчестер Сити. Според пишувањата на „ЕСПН“ англискиот клуб е спремен да му понуди договор на две години.

На Рамос му остана помалку од еден месец до истекот на актуелниот дсоговор со „кралевите“, а клубовите на големо проценуваат какви се шансите да дојдат до 35 годишниот дефанзивец.

Свои шанси на фудбалскиот пазар гледа и актуелниот шампион на Европа и англиски шампион кој пред два дена остана без важен трофеј.

Според „ЕСПН“ Сити е спремен на Рамос да му понуди договор на две години со веројатно подобри услови од оние што би му ги дал Реал од каде што доаѓа како слободен играч.



Ристовски: Фановите заслужуваат да ја видат репрезентацијата

Македонската репрезентација ја очекува првиот тест пред настапот на Европското првенство, дуелот со Словенија на домашен терен и тоа со ограничен број на гледачи на трибините на нашиот најголем стадион.

На прес-конференцијата како најава на дуелот зборуваше дефанзивецот Стефан Ристовски кој рече дека е среќен што конечно на нашиот стадион ќе се вратат навивачите и ќе може да ги бодрат од трибините.

„Имаме два натпревари пред нас и сме фокусирани на нив. Мислам дека имаме доволно време за подготовка пред почетокот на Европското првенство. Првиот меч на ЕП го играме против Австрија. Пред две години не победија убедливо во Скопје, јас тогаш реагирав незадоволно поради начинот на кој што се претставивме. Но, мислам дека тоа беше чувството кај сите нас. Одамна не сме играле пред публика. Навистина македонската нација заслужи да нè гледа по толку време“, рече Ристовски.

По натпреварот со Словенија, Македонија ќе има уште еден тест натпревар со Казахстан исто така на домашен терен.



Милер: Среќен сум што се вратив во репрезентацијата

Томас Милер, враќањето во германската репрезентација за Европското првенство го гледа како краткорочна авантура. Напаѓачот кој доби повик од селекторот, Јоаким Лев, не сака да открие дали и по континенталниот собир ќе остане дел од „панцерите“.

„Не сакам да размислувам што ќе биде по Европското првенство. Среќен сум што ќе имам можност да и помогнам на Германија. Работите се променија од 2019 година, сега сите сме обединети за тоа што не чека“, изјави Милер. 

Неговата селекција в пресрет на Евро-шампионатот се подготвува во базата во Австрија.