фудбал

Селекторот на Гана: Пеналот за Португалија беше подарок за Роналдо

Португалија во еден драматичен натпревар ја совлада Гана со 3-2. До водство Португалците стигнаа со гол од пенал на Роналдо врз кого и беше направен прекршокот. Селекторот на репрезентацијата на Гана, Ото Адо смета дека судиите немало да покажат на белата точка ако место Роналдо бил друг фудбалер во таа ситуација.

„Главниот судија досуди пенал кој не беше пенал, сите можеа да го видат тоа. Зошто го досуди? Затоа што во прашање беше Роналдо. Ако некој постигне гол нормално ќе му честитам, меѓутоа ова беше подарок од судијата за Роналдо“, изјави Ото Адо по натпреварот.


Јунајтед го договори Коди Гакпо

Манчестер Јунајтед во јануари ќе се засили со холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми.

22-годишната ѕвезда на ПСВ одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Јунајтед не успеа да го донесе во летниот преоден рок.

Гакпо е еден од најголемите таленти во Холандија во овој момен и оваа сезо на 22 меча постигна 13 гола и запиша 16 асистенции во сите натпреварувања, а постигна гол и на првиот меч на Мундијалот.

Гакпо веќе има договор со „црвените ѓаволи“, а преговорите помежу двата клуба брзо напредуваат и наскоро се очекува конечен договор.

Со заминувањето на Роналдо, Јунајтед отвори простор во тимот за нов офанзивен фудбалер, а Тен Хаг верува дека Гакпо идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.


Уапсен млад холандски ас, член на Јувентус

Јувентус ризикуваше летото 2021 година, но сепак решија во својот тим да го доведат Мохамед Ихатарен. За детето на ПСВ беа издвоени околу 2 милиони евра, иако во моментот на трансферот младиот Холанѓанец беше проценет на над 10 милиони евра. Во времето кога пристигна во Торино, за неговата кариера се грижеше Мино Раиола, а ниту сега починатиот Раиола не успеа да го смири младиот фудбалер.

Брзо беше испратен во Сампдорија на позајмица, каде што не забележа минутажа – дури и сам реши да ја напушти Џенова и да се врати во Торино. „Бјанконерите“ потоа во јануари годинава го испратија во Ајакс, но и таму не забележа значително подобра минутажа, проблемите само се зголемуваа.

Вчера младиот Мохамед бил уапсен во својот дом во Утрехт, холандските медиуми немаат целосни информации, но се шпекулира дека фудбалерот е приведен поради закани. Проблематичниот фудбалер на крајот од годината треба да се врати во Јувентус каде што сигурно не сметаат на него.


Проблем за Бразил: Нејмар заработи посериозна повреда?

Еден од најдобрите фудбалери во бразилската репрезентација, Нејмар, не ја прослави со своите соиграчи победата над Србија, бидејќи поради повреда мораше веднаш да замине во соблекувалната. 

Нејмар поради повреда на скочниот зглоб, беше заменет во 79.минута од натпреварот во кој Бразил славеше победа против Србија со резултат 2:0. Бразилскиот напаѓач повредата ја заработи после еден дуел со српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ.  

Според објавените фотографии на бразилските медиуми се гледа како Нејмар поради болки од повредата плаче на клупата за резервни играчи. Од таборот на бразилската репрезентација соопштија дека ќе треба да се почека од 24 до 48 часа за лекарскиот тим да има добра проценка за сериозноста на повредата на фудбалерот.


Митровиќ: Се понатаму зависи од нас

Репрезентативецот на Србија, Александар Митровиќ, за изненадување беше стартер за својата селекција во поразот од Бразил со 2:0. Митровиќ веќе извесен период се опоравуваше од повредата на скочниот зглоб и се очекуваше тој да го пропушти дуелот со Бразил.

„Се зависи од нас и тоа е тоа. Одиме понатаму со дуелите. Уште е рано за анализи, но мора да нагласам дека малку паднавме на физички план, и ни недостигаше агресивност. Не успеавме да одговориме на нивното јако темпо. Сепак игравме против една од најдобрите светски репрезентации. Подобро да загубиме сега отколку во наредните два натпревари“, истакнува Митровиќ.

Нареден противник на фудбалерите на Србија на СП во Катар ќе биде селекцијата на Камерун.


Дилејни од Данска го пропушта остатокот од Мундијалот

Фудбалскиот сојуз на Данска соопшти дека репрезентативецот Томас Дилејни доживеал повреда на коленото поради што ќе мора да биде надвор од терените околу еден месец.

Дилејни повредата ја доби на натпреварот од првото коло на Мундијалот против селекцијата на Тунис.

Следниот натпревар на СП во Катар, Данска го игра во сабота против селекцијата на Франција.


Михајловиќ фаворит за испразнетото тренерски место во Глазгов Ренџерс

Синиша Михајловиќ наскоро би можел да добие нов ангажман. Според италијанските медиуми, српскиот тренер е на мета на Глазгов од Ренџерс. Тамошните медиуми пишуваат дека Михајловиќ е првиот кандидат за наследник на Џовани Ван Бронхорст, кој неодамна доби отказ поради слабите резултати, на клупата на шкотскиот гигант.

Ренџерс ја заврши сезоната во Лигата на шампионите без ниту еден бод, додека во првенството заостанува девет бода зад првопласираниот Селтик.

Михајловиќ на 6 септември доби отказ од Болоња по три и пол години водење на тимот. На клупата на италијанскиот клуб седеше 130 натпревари. Пред Болоња раководеше беше тренер на: Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино.


Марсело по неполни три месеци заминува од Олимпијакос

Олимпијакос има намера да го раскине договорот со бразилскиот дефанзивец Марсело поради проблеми со опоравувањето и серијата неуспешни настапи во првата полусезона. Легендата на Реал Мадрид дојде во тимот дури во септември минатата година и беше пречекан со најтопло добредојде на стадионот „Георгиос Караискакис“.

Сепак, дефанзивецот не успеа да ја оправда огромната трансфер возбуда од неговата брилијантна 15-годишна кариера во Реал Мадрид, каде што освои 25 големи трофеи, вклучително и пет трофеи во Лигата на шампионите.

Раководството на клубот е незадоволно што поранешниот бразилски фудбалер не може да игра повеќе од 30 минути по натпревар. Исто така, се тврди дека Олимпијакос е незадоволен од неможноста на 34-годишниот фудбалер да ја врати целосната кондиција. Така, главниот тренер на Олимпијакос нема да го вклучи Марсело во своите планови за втората полусезона, бидејќи тимот се наоѓа на четвртото место на табелата во Супер лигата.

Марсело не успеа да започне ниту еден натпревар за Олимпијакос и го загуби местото на позицијата лев бек. Бразилецот одигра само пет натпревари и 121 минута во сите натпреварувања.


Германија нема да добие казна заради протестот против ФИФА

ФИФА нема да изрече дисциплински санкции против германската репрезентација поради протестот пред натпреварот со Јапонија на Светското првенство во Катар, пишува на своите социјални мрежи новинарот на Скај, Роб Харис.

Да потсетиме, пред натпреварот, сите репрезентативци на Германија на тимската фотографија ја покрија устата со рака. Тимската фотографија беше придружена со сличен гест од сите играчи во стартниот тим на Германија, вклучувајќи го и капитенот на тимот Мануел Нојер. Ваквиот гест беше поттикнат од забраната за носење на лентата со виножито на натпреварите на СП во Катар.

Претходно, властите на земјата на Блискиот Исток беа постојано критикувани од навивачите и фудбалерите во врска со кршењето на човековите права во Катар.

Натпреварот меѓу Германија и Јапонија заврши со победа на Јапонците со со резултат 2-1.


Кристијано Роналдо својата кариера ја продолжува во Њукасл или Ал Наср

Англиските медиуми пренесуваат дека португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, својата фудбалска кариера најверојатно ќе ја продолжи во англискиот Њукасл или во клубот Ал Наср од Саудиска Арабија.

Како што е познато, Роналдо и Манчестер Јунајтед соопштија дека постигнаа договор за раскинување на договорот после интервјуто во кое играчот ги критикуваше сопствениците на клубот, тренерот Тен Хаг и некои соиграчи.

Медиумите во Англија потсетуваат дека Роналдо и во летниот период имал богата понуда од Ал Наср, меѓутоа тој ја одби понудата бидејќи сакаше да остане во европскиот фудбал.