фудбал

Дешамп: Варан е подготвен, а нема причини за загриженост околу Камавинга

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп, изјави дека Рафаел Варан е подготвен за првиот натпревар на СП против селекцијата на Австралија. Воедно Дешамп потврдува дека нема причина за загриженост околу Камавинга кој пред еден ден пропушти тренинг со соиграчите.

Рафаел Варан доби повреда на 22.октомври и од тогаш нема одиграно фудбалски натпревар, но во саботата продолжи со тренинзите на Франција. Што се однесува до Камавинга кој претходниот ден не тренираше поради непријатност во бутниот мускул, селекторот Дешамш потврди дека тој е способен за игра.

Франција својот прв натпревар на Мундијалот го игра против Австралија.


Роналдо: Зборувам кога ќе посакам, Португалија е најдобра на СП

Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, изјави дека интервјуто кое го даде на познатиот британски новинар Пирс Морган, не ги поремети состојбите во соблекувалната на репрезентацијата пред првиот натпревар на СП во Катар.

„Во мојот живот најдобриот тајминг секогаш е мојот тајминг. Не морам да размислувам за тоа што другите зборуваат и мислат за мене. Зборувам кога сакам. Играчите добро ме познаваат и знаат каква личност сум. Ние сме амбициозна селекција која е фокусирана на фудбалот. Сигурен сум дека моето интервју нема да го наруши фокусот и концентрацијата на репрезентацијата“, изјави Роналдо.

Португалија својот прв натпревар на СП ќе го има во четврток против Јужна Кореја.


Бернардо Силва има услови за да се пресели во Барселона

Бернардо Силва, и поставил на Барселона што поскоро да му дадат јасен одговор дали ќе биде трансферна цел на клубот следното лето, пишува каталонскиот „Спорт“. Причината за ова е што Португалецот има понуда од „граѓаните“ за нов договор и значително зголемување на платата.

Бернардо Силва сака да се пресели на „Камп Ноу“, но во исто време нема проблем да остане во шампионот на Премиер лигата доколку каталонскиот гигант не може да му вети дека ќе направи се што е потребно за да го доведе.

Португалецот беше многу посакуван од тренерот Чави во последниот преоден рок, но договор никогаш не беше постигнат поради високата цена која ја поставија „граѓаните“.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона не се откажува од намерата да го доведе и повторно ќе се обиде на лето.


Реал и Барса заинтересирани за Бенџамин Павард

Бенџамин Павард е спремен да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажуваат Реал Мадрид и Барселона. Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн и тој уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината.

Шпанските гиганти будно ја следат ситуацијата околу дефанзивецот и се спремни да испратат понуда во зимскиот преоден рок.

Реал Мадрид бара освежување во одбраната на екипата затоа што Дани Карвахал и Лукас Васкез имаат над 30 години, а Алваро Одриозола наскоро ќе си замине.

Барселона не е задоволна од Белерин и бара нов десен бек, а Павард е на врвот на листата желби.


Милан спремен да го „украде“ Абрахам од Рома

Италијанските медиуми пласираа вистинска „бомба“ и тврдат дека  Милан е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам. Минатата сезона  Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. 

Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо. Притоа, Англичанецот сака да игра во клуб каде редовно ќе игра во Лигата на шампиони и ќе се бори за трофеи, па е спремен на лето да ја промени средината.

Најсилен интерес за него покажува Милан, бидејќи приоритет на „росонерите“ на лето ќе биде доведување врвен напаѓач.


Митровиќ: Да не имаат Бразилците крилја да летнат?

Србија Светското првенство го започнува со Бразил, меч кој се игра во четврток. Бразилците важат за еден од главните фаворити за освојување на Мундијалот, според обложувалниците тие се прв фаворит.

Но, Александар Митровиќ вели дека Србија не се плаши од ниту една репрезентација, па ни од Бразил.

„Знаете ли колку ми е гајле што размислуваат Бразилците, искрено? Откако селекторот Стојковиќ е дојден, фокусот е секогаш на нас, без оглед кој е од другата страна на теренот. Имаат ли Бразилците крилија, да не летаат? Не зборуваме многу за нив, мислиме само на себе и знаеме дека ако сме на ниво, можеме да играме против било кого“, вели Митровиќ.

Пред извесно време тој се мачеше со повреда, но вели дека е подготвен.

„Ако не сум подготвен, не би бил повикан. Од понеделник се ќе биде во ред. Мислам дека сум во години кога можам да ја распоредам силата, да одиграм на искуство, да се штедам каде што треба. Мислам дека нема да имам проблеми, физички се чувствувам добро и подготвено“.


Глазгов Ренџерс го отпушти тренерот Ван Бронкхорст

Фудбалскиот клуб Глазгов Ренџерс реши да ја прекине соработката со тренерот Џовани ван Бронкхорст. Отказот за тренерот од Холандија доаѓа после серијата на слаби резултати на клубот пред паузата за СП во Катар.

Ван Бронкхорст беше тренер на Глазгов Ренџерс од ноември 2021 година кога го замени Стивен Џерард, и го водеше тимот до финалето во Лига Европа и освојувањето на шкотскиот куп.

Ренџерс во новата сезона ги загуби сите шест натпревари во Лигата на шампионите , а во првенството на Шкотска заостанува девет бода зад Селтик


Манчини типува на светска титула за Аргентинците

Роберто Манчини пред неколку дена призна дека се уште го прогонува поразот од Македонија од месец март и се уште не може да се помири што Италијанците ќе гледаат уште едно Светско првенство преку ТВ приемниците, второ во низа по огромното разочарување кое го доживеаја пред четири години.

Италијанскиот селектор верува дека е време за титула на Меси и сите останати аргентински фудбалери, од кои останал импресиониран на последната пресметка која ја одиграа на „Вембли“ (гаучосите славеа 3-0).

„Има многу силни тимови на Светското првенство, таму се најдобрите. Ако треба да изберам само еден, ќе речам Аргентина. Навистина многу ме импресионираа кога игравме против нив на Финалисима“, порачува Манчини.


На отворањето на Мундијалот биле присустни повеќе гледачи од капацитетот на стадионот

На отворањето на Мундијалот во Катар присуствувале 67.372 гледачи. Тоа е бројот на навивачи запишани во официјалните протоколи и објавени од најавувачот на стадионот.

Интересно е што капацитет на арената Ел-Бајт, каде се одигра воведниот натпревар на Светското првенство е 60.000 гледачи. Како биле сместени уште речиси 7,4 илјади луѓе не се знае.


Замената за Леао во Милан пак ќе биде Португалец

Жоао Феликс би можел да го замени Рафаел Леао во Милан. Леао се уште не ставил потпис на нов договор, па доколку тоа не се случи во наредните месеци Милан ќе биде спремен да го продаде на лето.

Баерн Минхен, ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер Сити се силно заинтересирани за Леао и се спремни да платат 100 милиони евра за неговиот потпис.

„Рекорд“ пренесува дека доколку Милан го продаде Леао, тогаш како негова замена сака да го донесе неговиот сонародник Жоао Феликс.