фудбал

Хакими тешко повреден во дуелот помеѓу ПСЖ и Баерн

Achraf Hakimi laying on the pitch, injured, as he breaks down in tears, with the medical team around him

Фудбалската јавност беше шокирана поради тешката повреда на Ашраф Хакими за време на натпреварот меѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Мароканскиот бек, еден од клучните играчи на ПСЖ, со солзи го напушти теренот по груб прекршок од Луис Дијаз, кој по ВАР преглед доби директен црвен картон.

Дијаз, кој претходно постигна два гола и му донесе водство на Баерн, го остави својот тим со играч помалку по опасниот старт врз Хакими. Инцидентот целосно ја смени динамиката на натпреварот, кој заврши со победа од 2-1 за германскиот тим, но вниманието беше насочено кон повредата на мароканската ѕвезда.

Според првичните информации, се стравува дека Хакими добил сериозна повреда на зглобот што би можела да го извади од терените до крајот на сезоната. Тоа претставува огромен удар не само за ПСЖ, туку и за репрезентацијата на Мароко, која во декември ќе игра во Африканскиот куп на нации.

Капитенот на Мароко неодамна изјави дека сонот му е да го освои трофејот пред домашната публика, па неговото веројатно отсуство е големо разочарување за навивачите и соиграчите.

Сцените на неговото емотивно излегување од теренот уште еднаш потсетија колку тежок може да биде спортот, и физички и психички. Светските медиуми и љубителите на фудбалот сега со нетрпение чекаат официјални информации за сериозноста на повредата и времето потребно за негово закрепнување.


Дембеле повторно повреден, нов удар за ПСЖ во мечот со Баерн

Sideview of Ousmane Dembele laying on the pitch injured for PSG

Фудбалската ѕвезда и актуелен освојувач на Златната топка, Усман Дембеле, доживеа нова повреда само 25 минути по почетокот на дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Францускиот репрезентативец, кој штотуку се врати на терените по повреда на задната ложа во септември, беше принуден повторно да го напушти мечот предвреме.

Неговата фрустрација беше уште поголема откако непосредно пред замената, неговиот гол беше поништен поради минимален офсајд по преглед на ВАР. Дембеле веднаш замина во соблекувалната придружуван од медицинскиот тим на ПСЖ, оставајќи ги навивачите во неизвесност околу тежината на новата повреда.

Иако тренерот Луис Енрике уверуваше дека 28-годишниот крилен напаѓач е целосно опоравен и подготвен за натпревар, последните случувања повторно ги разгореа сомнежите околу неговата физичка издржливост. Според првичните информации, повредата не е директно поврзана со претходната, но ќе бара дополнителни прегледи во наредните денови.

Новата несреќа доаѓа во тежок момент за Пари Сен-Жермен, кој веќе се соочува со повеќе повредени играчи во нападот, меѓу кои и младиот Дезире Дуe.

Клубот сега со загриженост ќе ја следи состојбата на својот највреден фудбалер, надевајќи се дека не го очекува уште една подолга пауза.


Кристијано Роналдо: „Освојувањето на Светското првенство не ми е сон“

Frontview of Cristiano Ronaldo in na Al Nassr shirt sitting on the pitch and smiling with his mouth open, while facing left and holding his knees

Кристијано Роналдо даде искрен и провокативен став пред Светското првенство 2026. Во неодамнешно интервју, португалската ѕвезда изјави дека титулата светски првак „не му е сон“.

„Да победиш на едно натпреварување од 6 или 7 натпревари, дали тоа треба да ја одреди големината на еден фудбалер? Дали е тоа фер?“ рече Роналдо, објаснувајќи дека не може една кратка кампања да ја засени кариерата изградена со труд и постојан успех.

Со 958 постигнати голови и статус на најдобар стрелец во историјата на фудбалот, Роналдо одамна ја обезбеди својата позиција меѓу најдобрите. Иако Светското првенство останува единствениот голем трофеј што му недостасува, тој смета дека неговото наследство не треба да се мери само преку тој успех.

Капитенот на Португалија потсети на своите триумфи на Европското првенство во 2016 и во Лигата на нации, нагласувајќи ја својата лидерска улога. На прашањето за споредбите со Лионел Меси, Роналдо беше директен: „Дали Меси е подобар од мене? Не се согласувам. И нема да бидам лажливо скромен.“

Роналдо зборуваше и за личните предизвици надвор од теренот, вклучувајќи ја и болката поради загубата на соиграчот Диого Жота. Сепак, и на 40 години, тој останува фокусиран и мотивиран.

Договорот со неговиот клуб трае до 2027, а тој потврди дека планира да настапи и на Светското првенство. Иако призна дека крајот на кариерата е „на повидок“, Роналдо нагласи дека љубовта кон фудбалот и стремежот кон совршенство сè уште го водат напред.


Дезире Дуе ја освои наградата Златно Момче за 2025 година

Frontview of Desire Doue doing the cold celebration in a PSG shirt

Младиот ас на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче 2025“, признание што италијанскиот весник „Tuttosport“ го доделува на најдобриот млад играч во Европа. Церемонијата ќе се одржи на 1 декември во Торино, каде што 20-годишниот Французин лично ќе го прими трофејот.

Минатата сезона Дуе имаше импресивен настап, постигна 16 голови и забележа исто толку асистенции на 61 натпревар. Круна на неговата форма беше финалето на Лигата на шампионите, во кое ПСЖ го совлада Интер со убедливи 5:0. Дуе блесна со 2 гола и 1 асистенција, придонесувајќи клубот да стигне до нивниот прв требл.

Моментално, младиот талент закрепнува од повреда на бутниот мускул здобиена во натпревар во домашното првенство. Од ПСЖ очекуваат тој да се врати на терените до крајот на годината или на почетокот на 2026. И покрај оваа пауза, фудбалската јавност во Франција и Европа е уверена дека Дуе има потенцијал да го следи патот на легенди како Килијан Мбапе, кои исто така ја освоиле оваа награда.


Макс Даумен со 15 години дебитираше во Лигата на шампионите

Микел Артета дозволи историја на Лигата на шампионите во натпреварот против Славија Прага. Тренерот на Арсенал во игра го испрати младиот Макс Даумен, кој со тоа стана најмладиот фудбалер што некогаш настапил во ова елитно европско натпреварување. Даумен влезе во игра во 72. минута од дуелот кој Арсенал го доби со 0-3.

Со само 15 години и 308 дена, младиот талент го надмина рекордот што претходно го држеа Јусуфа Мукоку од Борусија Дортмунд (16 години и 16 дена) и Ламин Јамал од Барселона (16 години и 68 дена).

Макс Даумен е дел од академијата на Арсенал уште од својата петта година и веќе има оставено силен впечаток. Овој настап во Лигата на шампионите само го потврди огромниот потенцијал што Арсенал го гледа во своето ново чудо од дете.


Елмас најдобро оценет фудбалер на дуелот Наполи – Ајнтрахт

Речиси според сите извори, Елиф Елмас доби најдобра оценка од сите фудбалер на мечот од Лигата на шампионите меѓу Наполи и Ајнтрахт.

Елмас не беше само најдобро оценет во својот тим, туку и воопшто на теренот.

Сепак, официјалната игра за најдобар фудбалер на мечот му припадна на дефанзивецот на Ајнтрахт, Робин Кох кој во неколку наврати одлично интервенираше и спречи неговиот тим да прими гол.


Куртоа: Реал мора да игра многу подобро во иднина

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, не е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешниот дуел со Ливерпул.

Реал загуби на „Енфилд“ со 1-0 во четвртото коло од Лигата на шампионите, Куртоа беше еден од најдобрите на теренот спасувајќи го својот тим од повисок пораз.

Реал мора да игра подобро. Во натпревари како денешниот, малите детали одлучуваат сè. Треба да останеме смирени. Пред нас е Олимпијакос, а тоа ќе биде уште еден тежок натпревар. Ако победиме, имаме добри шанси да завршиме меѓу првите осум, изјави Куртоа по натпреварот.

Ливерпул има девет бода и се наоѓа на 6.место на табелата, Реал Мадрид е петти исто така со шест бода. Водат Баерн и Арсенал со максимални 12 бода.


Компани: Бевме одлични, но трофеи не се освојуваат во ноември

Менаџерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, ги пофали своите играчи по победата од 1-2 над актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен.

И покрај тоа што играа со играч помалку во текот на целото второ полувреме, германските гиганти успеаја да ја извојуваат победата и да освојат вредни три бода, запишувајќи ја својата 16-та победа по ред. Сепак, тренерот на Баварците останува цврсто на земја.

„Освоивме три бода, што е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Знаевме дека сме способни да го направиме тоа. Мора да останеме смирени, но тоа ни дава самодоверба. Го ротиравме составот во саботата и тимот одговори добро. Моравме да се браниме со десет играчи и тимот повторно одговори на тој предизвик, што покажува дека сме способни да се адаптираме за да постигнеме резултат“, коментираше Винсент Компани по натпреварот.


МекАлистер човек на одлука, Ливерпул пресилен за Реал

Фудбалерите на Ливерпул го победија Реал Мадрид со 1-0 во четвртото коло од Лигата на шампионите.

„Црвените“ aпсолутно ја заслужија победата, создадоа поголем број шанси, но поголемиот дел од натпреварот немаа решение за Тибо Куртоа, кој беше неверојатен меѓу стативите.

Во првото полувреме, тој со одлични одбрани во два наврати ги запре обидите на Собослај и спречи водство на Ливерпул.

Домашниот тим бараше пенал кога топката го погоди Чуамени во раката во средината на првото полувреме, на крајот одлуката на Иштван Ковач ќе се прераскажува. Првично досуди слободен удар, а кога од ВАР собаа го повикаа да ја прегледа ситуацијата, бидејќи играчот на Реал беше во шеснаесетникот, ја повлече одлуката и му ја додели топката на Реал.

Ливерпул продолжи да напаѓа во второто полувреме, а голот на гостите постојано висеше во воздух. Куртоа имаше две одлични реакции кога момците на Арне Слот изведуваа корнери, прво се обиде Ван Дајк, потоа Екитике, но без успех.

МекАлистер го пронајде клучот за бравата на Реал. Собослај уфрли одлична топка, а нискиот Аргентинец се најде на вистинското место и успеа да ја испрати топката зад грбот на Куртоа.


Калчолигашите пак не победија, Баерн го освои Париз

Одиграни се првите натпревари од четвртото коло во Лигата на шампионите. Ги обележаа дерби пресметките во Ливерпул и Париз. Ливерпул го победи Реал со 1:0, а ПСЖ загуби од Баерн со 1-2.

Јувентус и по четири рунди нема победа во Лигата на шампионите. „Старата дама“ одигра 1-1 со Спортинг во Торино и г забележа третиот нерешен резултат.

Јувентус губеше против Спортинг во Торино, Душан Влаховиќ израмни во 34-тата минута, но Старата Дама немаше сила за целосен пресврт.

Олимпијакос водеше против ПСВ се до 93. минута, но холандскиот шампион успеа да избегне пораз со голот на американскиот интернационалец Рикардо Пепи.

Најубедливата победа на вечерта ја забележа Тотенхем против дански Копенхаген, иако во 55. минута при резултат 2-0, стрелецот на водечкиот гол, Велшанецот Бренан Џонсон, доби директен црвен картон. Тотенхем и со играч помалку постигнаа уште два гола и Ришарлисон промаши пенал.

Во Мадрид, Атлетико беше подобар од белгискиот шампион Унион Сен Жилоа. „Јорганџиите“ со малку повеќе трд славеа над шампионот на Белгија, Хулијан Алварез погоди во првиот дел, потоа Галагаер ја зголеми предноста во 72-та минута. Но драма внесе Сајкс со голот во 80-та минута. Во 93-та минута Расмусен имаше голема шанса за 2-2, не ја искористи, а во следниот напад Љоренте ги постави конечните 3-1.

Значајна победа во Норвешка оствари Монако. Францускиот тим славеше минимално со голот на балагун во 43. минута.