фудбал

Мбапе за Јамал – „Судетего по фудбалот, не по приватниот живот“

Килијан Мбапе застана во одбрана на младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, повикувајќи медиумите и јавноста да го намалат притисокот врз младиот фудбалер. Францускиот напаѓач искрено побара повеќе разбирање и трпение додека Јамал ги прави првите чекори во својата голема кариера. 

На само 18 години, Јамал веќе е клучна фигура и за клубот и за репрезентацијата. Но со славата дојде и интензивно внимание – не само за тоа што го прави на теренот, туку и за неговиот приватен живот. За Мбапе, тоа е погрешен фокус. 

„Тој го сака фудбалот, и таму треба да биде вниманието,“ изјави Мбапе. „На тие години е нормално да се прават грешки. Важно е што учи и расте.“ 

Врз основа на сопственото искуство како тинејџерска ѕвезда, Мбапе нагласи дека младите спортисти заслужуваат простор да созреваат без постојано осудување. Тој апелираше до фудбалскиот свет да биде поподдржувачки, особено кон играчи кои сè уште се оформуваат и надвор од теренот. 

Иако во иднина ќе продолжат да се соочуваат како ривали во Ел Класико, Мбапе ги остави ривалствата на страна за да го истакне човечкиот аспект на спортот. Неговите зборови пренесуваат поширока порака за потребата од заштита на младите таленти во елитниот спорт. 

„Верувам во неговиот талент,“ заклучи Мбапе. „Ако му се даде време и слобода, ќе стигне далеку.“ 


Светското Првентство во 2034 би можело да се игра на зима

Саудиска Арабија најверојатно ќе го организира Светското Првенство 2034 година во зимскиот период, следејќи го примерот на Катар од 2022. Иако официјалните датуми сè уште не се објавени, очекувањата се турнирот да се одржи на почетокот од 2035 година, за да не се преклопи со Рамазан, кој паѓа во ноември и декември 2034. Дополнително, оваа одлука ќе помогне да се избегнат екстремните летни температури во регионот и да се обезбедат подобри услови за играчите и навивачите. 

Одлуката Саудиска Арабија да биде домаќин беше потврдена во доцна 2024 година, по ограничениот процес на кандидатура на земји од Азија, согласно со ротационите правила на ФИФА. Со малку конкуренција, кралството стана јасен избор и втора земја од Блискиот Исток што ќе биде домаќин на овој глобален настан. 

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги повика сите страни да бидат пофлексибилни кога станува збор за распоредот на големите турнири. Тој истакна дека традиционалниот летен термин можеби веќе не е најсоодветен поради климатските промени, и предложи алтернативни месеци како март или октомври. 


Мегваер преговара за нов договор со Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед започна преговори со Хери Мегваер околу нов договор, со цел да го обезбеди неговиот останок по истекот на актуелниот договор во јуни 2026 година. Веќе се одржани директни средби со неговите претставници за да се разгледаат условите за можна продолжена соработка. 

Англичанецот, по нестабилен старт во неговата кариера во Манчестер, сега се етаблира како важна фигура на Олд Трафорд, и игра клучна улога во обновениот состав под водство на Рубен Аморим. Иако повеќе не е капитен, 32-годишниот дефанзивец останува значаен лидер, ценет поради своето искуство и професионалност – особини што клубот ги смета за клучни во потрагата по резултати. 

Финансиските преговори вклучуваат задржување на тековната плата со мали прилагодувања, имајќи предвид намалените приходи од настапите во Европа. Мегваер наводно е подготвен да ги прифати условите, покажувајќи ја својата лојалност кон клубот. 

Дополнително, Јунајтед размислува за иднината на Мегваер и по завршувањето на неговата играчка кариера, со можност за ангажман во тренерска или менторска улога. 

И покрај интересот од странски клубови, особено од Саудиска Арабија, Јунајтед со оваа навремена иницијатива покажува јасна желба да го задржи дефанзивецот како стабилизирачка фигура во срцето на одбраната и пошироко. 


Баерн пак се засилува од Дортмунд, го носи Нико Шлотербек

Баерн Минхен сериозно разгледува можности за позицијата стопер, а меѓу кандидатите е и – Нико Шлоторбек.

Во прашање е веќе легенда на Борусија, но и играч кој следното лето ќе влезе во последната година од договорот, а ги одби сите понуди за останување во Дортмунд. Наводно, тој бараше зголемување на платата од 2.500.000 на 10.000.000 евра, додека Борусија му понудила максимална плата од 8.000.000 годишно, што Германецот го одби.

ој е свесен дека е интересен за многу клубови, досега се споменуваше и Барселона, но во игра е и – Баерн Минхен.

Не е тајна дека Баварците го испитуваат теренот бидејќи Дајо Упамекано не ја прифати понудата за продолжување на соработката, а на лето станува слободен, додека Ким исто така е потенцијално на списокот за трансфери.

Уредникот на Билд, Кристијан Фалк, тврди дека Марк Гуеј е моментално прва опција, но дека се мали шансите Англичанецот да го избере Минхен, така што во тој случај Шлоторбек е сериозна мета за Баерн.


Ерик Сполстра e нов селектор на САД

Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра, е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави.

Сполстрај го наследи Стив Кер на клупата на националниот тим, а целта е злато на Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри една година подоцна во Лос Анџелес.

Откако беше главен асистент на Кер за време на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што Американците го освоија златниот медал, Сполстра сега е именуван за главен тренер за следниот циклус.

Сполстра, кој целата своја НБА кариера ја помина во Мајами, со кого освои две шампионски титули (2012 и 2013 година), се смета за еден од најпочитуваните тренери во лигата.

Неговото искуство, тактичка зрелост и работа со суперѕвезди како Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Џими Батлер го прават логичен избор за национална репрезентација која секогаш се стреми кон златниот медал.

Стив Кер ја предводеше репрезентацијата на САД на Светското првенство во 2023 година кога ја освоија четвртата позиција и на Олимписките игри во 2024 година, но тој го објави своето пензионирање уште порано. Изборот падна на човек кој веќе е дел од системот, што значи континуитет и јасна визија за иднината.

Следните Олимписки игри ќе се одржат во САД, што дополнително ги зголемува очекувањата и притисокот.


Пожар во вилата на Винициус во Мадрид

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, имаше неочекуван проблем, бидејќи избувнал пожар во неговата вила во елитната населба „Ла Моралеха“.

Според шпанските медиуми, Винисиус Жуниор не бил дома во моментот на пожарот и, што е најважно, нема повредени.

Се наведува дека истрагата покажала дека причина за пожарот е дефект во електричните инсталации.

Пожарот избувнал во сауната во подрумот, а потоа се проширил на остатокот од куќата. Пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, а штетата била ограничена на сауната и областите погодени од чад.

Винисиус Жуниор моментално е со бразилската репрезентација и се подготвува за пријателски натпревари против Јужна Кореја и Јапонија.

Натпреварот против Јужна Кореја е закажан за 10 октомври во 13:00 часот, додека натпреварот против Јапонија е закажан за 14 октомври во 12:30 часот.

Винисиус Жуниор беше во центарот на вниманието оваа сезона бидејќи беше резерва на Реал Мадрид во неколку наврати по доаѓањето на Чаби Алонсо, за што понекогаш жестоко протестираше.


Познати деветнаесет учесници на следниот Мундијал

Египет го победи Џибути со 3-0 во вчерашниот квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година, обезбедувајќи го првото место во Групата А.

Со ова се потврдени 19 од 48-те екипи што ќе учествуваат на Мундијалот.

На СП 2026 досега пласман изборија: САД, Мексико, Канада, Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Аргентина, Бразил, Еквадор, Нов Зеланд, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис и Египет.

Светското првенство ќе се одржи во 2026 година во Канада, САД и Мексико. Четириесет и осум екипи ќе учествуваат на турнирот за прв пат.


Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

Стриминг услугата Нетфликс планира да се натпреварува за глобалните права за емитување на натпреварите од Лигата на шампионите.

Според „Тајмс“, Нетфликс е заинтересиран да ги купи правата за емитување на еден натпревар од Лигата на шампионите.

УЕФА очекува да заработи приближно 4,3 милијарди евра годишно од продажба на права по следниот договор. Претходно беше објавено дека организаторите на Суперлигата предложиле нов формат на Лигата на шампионите до УЕФА.


Муслиу: Ќе се бориме за секоја топка, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија

Репрезентацијата на Македонија утревечер ќе се соочи со Белгија во Гент, во еден од најголемите предизвици во квалификациите за СП 2026.

Одбраната ќе биде под посебен притисок, но Висар Муслиу е подготвен за предизвикот.

“Го нема Лукаку, но во Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме се од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Со максимална посветеност и концентрација, со борба за секоја топка, веруваме дека можеме да ја реализираме нашата цел”, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.


Милевски: Горд сум на тоа што досега го направивме. Ќе се бориме за успех и на утрешниот меч

Репрезентацијата на Македонија утревечер во Гент ќе игра против најголемиот фаворит во групата, селекцијата на Белгија. Нашиот национален тим дојде во Белгија како првопласирана селекција во групата, на што селекторот Благоја Милевски е посебно горд.

Тој верува дека и утре неговите избраници ќе го дадат најдоброто од себе.

“Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија”, изјави селекторот Милевски на прес-конференцијата.