фудбал

Историски успех за гибралтарскиот фудбал

Фудбалерите на Линколн Ред Импс ја победија Рига со 3:1 во продолжението од реванш мечот од плејофот на Конференциската лига и така станаа прв тим од Гибралтар кој се пласирал во групна фаза од некое од натпреварувањата на УЕФА.

По 1:1 во првиот меч Линколн во реваншот губеше 2:1 од 19-тата минута после погодокот на Вакулк, но во изеднација во 32-та минута со голот на Вокер од пенал. Голови немаше во продолжението од регуларниот дел, за во судиското продолжение од првото продолжение 38 годишната легенда на гибралтаскиот фудбал Реј Чоплин да стрела за 2:1, а пласманот во групната фаза го потврди Ронан во судиското продолжение.

Како шампион на Гибралтар, Линколн својот европски пат го започна во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Таму во првиот ме одигра 2:2 со Фола Еш, за во реваншот да ги торпедира со 5:0, во второто квалификациско коло со порази од 2:1 и 2:0, испадна од ЦФР Клуж, за потоа во третото квалификациско коло во Лигата на Европа да изгубат од Слован Братислава со 3:1 и да имаат од 1:1 што беше доволно за елиминација.

После тоа дојде плеј офот од Конференциската лига, каде го остварија историскиот успех.


Кој ќе го замени Роналдо во Јувентус?

Прашање на време е официјализирањето на трансферот на Роналдо во Манчестер Сити, Јувентус бара негова замена, а според Газета Дело Спорт има две опции. Тоа се Мауро Икарди и Моисе Кин.

Икарди е втора опција од ПСЖ, додека Моисе Кин кој е „дете“ на Јувентус е првата, има 21 година, во моментот член на Евертон, а минатата сезона беше на позајмица кај „светците“.

Роналдо е пред заминување во Англија, Јувентус под итна постапка бара замена во нападот, а изборот најверојатно ќе падне на Икарди или Кин.


Канатларовски со повик за Ѓурковски од Шкупи и Јанкулов од Борец

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски прати дополнителен повик за Александар Ѓуркоски од Шкупи и Ѓорге Јанкулов од велешки Борец за почетните натпревари на младата репрезентација во квалификациите за ЕП 2023. Нашата млада селекција на 2. и 7. септември ќе се соочи со Франција во Ле Ман и со Србија на домашен терен во циклусот за пласман на ЕП во Романија и Грузија.

На редовните клупски тестирања на вирусот Ковид-19, позитивни резултати добија Марио Младеновски од Ботев Пловдив и Адриан Хајдари од Рапид Виена. Двајцата фудбалери ќе поминат период на самоизолација и многу веројатно нема да конкурираат за место во тимот за пресметките против Франција и Србија.

На 29. август во Скопје е официјалниот собир на репрезентацијата до 21 година. 


Рашфорд започна со тренинзи, се враќа во ноември

Маркус Рашфорд мораше да биде подложен на операција на проблематичното рамо поради кое често беше вон комбинација за настап на натпреварите на Манчестер јунајтед.

Откако ги пропушти подготовките за новата сезона, офанзивецот се врати на тренинзите на „Црвените ѓаволи“, а со самото тоа направи неверојатно брза рехабилитација откако операцискиот зафат беше пред само три седмици.

Предводникот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солшер нагласи дека периодот Рашфорд ќе обавува полесни тренинзи, а повеќе ќе се посвети на вежбите во теретаната, а повеќе од јасно е дека му претстои уште некоја седмица до враќањето на терените.


Контроверзниот Марсао Тешеира пред потпис со Наполи

Италијанскиот прволигаш Наполи, каде настапува нашиот репрезентативец Елиф Елмас, наводно е во преговори со Галатасарај околу ангажман на бразилскиот централен дефанзивец Марсао Тешеира.

Се верува дека првичните преговори одат во правец на тоа Наполи да го ангажира Бразилецот на позајмица со опција на крајот од актуелната сезона и целосно да го откупи неговиот договор.

25 годишниот Марсао го привлече вниманието на себе од сиот фудбалски свет откако на сред натпревар тргна да тепа соиграч, па доби црвен картон.


Реал ќе го ангажираше најголемиот талент на Барса, но клубовите имаат „посебен“ пакт

Илаиш Мориба, големиот талент на Барселона, кој се најде во неволја со клубот затоа што одби да ги намали приходите при потпишување нов договор, често се споменува во контекст на напуштање на Камп Ноу.

Реал Мадрид го имаше Мориба на радарот и беше близу да го доведе, но ништо од тоа нема да се случи.

„Диарио Спорт“ пишува дека трансферот пропаѓа поради договорот помеѓу претседателот на Реал, Флорентино Перез и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. Тие двајца склучија пријателски пакт за ненапаѓање, бидејќи клубовите сакаат да одржуваат добри односи.

Барселона бара 20 милиони евра за 18-годишниот талент и се чини дека на крајот Мориба ќе заврши во германскиот РБ Лајпциг.


Арсенал ја отпушти sвездата две години пред истекот на договорот

Арсенал наскоро ќе го отпушти Бразилецот Вилијан Борхес.

Вилијан не е во плановите на менаџерот Микел Артета и клубот работи на раскинување на договорот со бразилскиот интернационалец две години пред истекот.

Вилијан се согласува со таа одлука, и веќе договори нов трансфер. Тој наскоро треба да потпише за бразилскиот Коринтијанс.

Бразилецот пристигна во Арсенал минатото лето од Челзи откако му истече договорот. Тој не покажа премногу во Арсенал и сега се враќа во својата татковина.

Во кариерата играше за Коринтијанс, Шахтјор Доњецк, Анжи и Челзи. За Бразил одигра 70 натпревари и постигна девет гола.


Гигантите регистрираа огромна загуба од пандемијата

Клубовите во Топ 5 лигите на светов останале „пократки“ за 2,5 милијарди евра поради пандемијата со корона-вирусот, покажа истражувањето на ревизорската куќа – „КПМГ“.

Тука се пресметани приходите што клубовите вообичаено ги имаа од продажба на билети, реквизити, угостителски услуги како и дел од спонзорските договори.

Клубовите само за сезоната 2019/20 која беше прекината минатата година во март, загубиле половина милијарда евра.


Валенсија купи фудбалер по 723 дена

Валенсија го реализира првиот трансфер после 723 дена. Тимот од „Местаља“ во своите редови го доведе бразилскиот напаѓач Маркос Андреа од Ваљадолид за сума од осум ипол милиони евра.

24 годишниот напаѓач со Валенсија потпиша договор на пет години. Интересно е што ова е прво засилување за Валенсија после 723 дена.

Поради бројните финансиски проблеми Валенсија не можеше да купува нови фудбалери. Посаледниот играч кој го доведоа пред овој трансфер им беше Тиери Кореиа во септември 2019 година, клубот од тогаш до денес доведуваше играчи само на позајмица


Шпанските клубови им забранија на репрезентативците да играат во мундијалските квалификации

Раководството на Ла Лига ќе ги поддржи оние клубови кои ќе одлучат да не ги пуштат играчите на квалификациските натпревари за Светското првенство 2022 година. Претставниците на Ла Лига веруваат дека учеството на играчите на меѓународното првенство ќе биде на штета на клубовите. Во моментов, 25 играчи од 13 различни клубови се повикани во националните тимови.

Календарот на меѓународни натпревари не може и не треба да се менува на овој начин, особено со оглед на фактот дека постојат остварливи алтернативи, велат од прес -службата на Ла Лига.

Во наредните денови, раководството на натпреварувањето ќе закаже состанок со погодените клубови.