фудбал

Навивачите на Интер не го заборавија Ериксен!

Кристијан Ериксен се уште закрепнува по инцидентот на ЕУРО, неизвесно е кога и дали ќе се врати на теренот. Иако има многу шпекулации, Данецот засега е во мирување.

Ериксен нема да може да продолжи да игра за Интер, бидејќи според правилата на Серија А, не е дозволено да играат фудбалери со вграден дефибрилатор.

Навивачите не го заборавија данскиот интернационалец, а оваа фотографија се прераскажува во Италија. 


Реал Мадрид објави кога се враќа на својот Сантијаго Бернабе

Реал Мадрид објави дека се враќа на својот стадион на 11. септември, кога ќе биде домаќин на Селта Виго во првиот домашен натпревар сезонава.

Уште од почетокот на пандемијата во 2020. година, која го забрза почетокот на работењето на култниот стадион, Реал играше на помошниот стадион „Алфредо Ди Стефано“.

Капацитетот на Сантијаго Бернабе ќе остане 81.000 места, но со потполно нов надворешен изглед ќе добие и бројни нови атракции, како голем екран од 360 степени, шопинг центар, хотел, нови ресторани и подземна гаража на пет нивоа.

На стадионот има се уште многу да се работи, а клубот очекува целосно да биде завршен до крајот на 2022. или почетокот на 2023. година.


Кој може да си го дозволи Кристијано Роналдо?

Поранешниот извршен директор на Баерн и легенда на светскиот фудбал, Карл Хајнц Румениге се осврна на ситуацијата која владее во тој спорт и ја повика УЕФА да направи ред, бидејќи би можеле да следат тешки моменти за фудбалот.

Румениге го изјави тоа анализирајќи ја состојбата на пазарот и разликите помеѓу клубовите, па а пример го наведе Кристијано Роналдо. Португалскиот напаѓач, се верува, сака да го напушти Јувентус, а Румениге предупредува:

„Најголем проблем е неговата плата. Тој заработува 35 милиони евра годишно за што треба да се издвојат 70 милиони бруто. Кој може тоа да си го дозволи? ПСЖ? Можеби некој од англиските клубови? Тоа не е здрав начин на напредок, УЕФА мора да интервенира и нешто да направи.“

„Потребна е регулација на цените, бидејќи трошоците повторно растат и ако нешто не се направи, за фудбалот следат тешки времиња.“ – додава Румениге.


Норич го доби Брендан Вилијамс на позајмица од Манчестер Јунајтед

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Брендан Вилијамс, ќе биде на позајмица во Норвич до крајот на сезоната.

„Канаринците“ ја добија трката со Њукасл и Саутемптон, кои исто така беа заинтересирани за младинскиот репрезентативец на Англија.

„Првпат играм за друг клуб, но навистина сум возбуден. Мислам дека менаџерот ќе ми помогне да се развивам . Имам чувство дека ќе биде добра година”, рече Вилијамс.


Интер заврши нов звучен транфер – доведе напаѓач!

Откако Ромелу Лукаку направи трансфер во Челзи, шампионот на Италија Интер не чекаше долго за да го надомести недостатокот на белгискиот напаѓач во нападот.

На Меацца пристигна Един Џеко, но управата на клубот одлучи дополнително да ја засили конкуренцијата, па заврши уште еден звучен трансфер. Откако од сите комбинации отпадна Маркус Турам, Интер се сврти кон домашните сили, па го купи Андреа Белоти, напаѓачот на Торино.

Преговорите беа завршени доцна синоќа, а репрезентативецот на Италија ќе се пресели во Милано за 15 милиони евра.

Овој 27-годишен фудбалер досега во Серија А има постигнато 99 погодоци, а и во првото коло беше стрелец против Аталанта.


Умтити не сака да си замине, Барса спремна да му го раскине договорот

Самуел Умтити одбил уште една побуда и е на чекор да добие отказ од клубот, пренесува каталонски „Спорт“. Понудата дошла од турски клуб и била поволна за Барселона, но Умтити ја одбил.

Од Камп Ноу не сметаат повеќе на дефанзивецот и му порачаа да си најде нов клуб, но тој ги одбива сите понуди.

Сега Барселона сериозно размислува на еднострано раскинување на договорот, иако се свесни дека тоа многу ќе ги чини.

Барса е спремна да го раскине договорот и да му плати отштета, како што беше случајот со Матеус Фернандез.


ОВА е најлудото претставување на нов дрес! (видео)

Тајландски Бурирам Јунајтед на посебен начин го претстави својот трет дрес за новата сезона. Четворица фудбалери на клубот на различни локации го претставуваа третиот дрес на својот тим. Се снимаа дури и во када, а како сето тоа изгледаше, погледнете во видеото.

Минатата сезона Бурирам заврши како втор во тајландското првенство, а последен пат беше шампион во 2018. година.


Бетис го купи Вилиам Жозе од Реал Сосиедад

Вилијам Жозе си замина од Сан Себастијан и го засили Бетис.

Жозе во Реал Сосиедад играше пет години и даде 52 гола на 143 меча, а пролетва мина шест месеци на заем во Вулверхемптон, па сега повторно ќе игра во Шпанија во дресот на Бетис, кој се договорил со Баскијците да го земе на едногодишен заем со задолжителен откуп на договорот за осум милиони евра.

Бразилескиот напаѓач исто така се договорил за четиригодишна соработка со зелено-белите и тоа почнувајќи од идното лето, кога ќе му заврши прво заемот.


Анчелоти: Горчлив вкус останува по овој натпревар, загубивме два бода

Во возбудлив меч со шест гола, Леванте и Реал одиграа 3-3 во меч од второто коло на Ла Лига. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сумираше впечатоците од натпреварот истакнувајќи:

„Средбата беше луда, иако го контролиравме текот во првото полувреме. Изгубивме два бода, откако потрошивме навистина добар квалитет. Тешко е да се објасни, мора да бидеме внимателни кон сите детали. Остана горчлив вкус. Иско беше еден од најдобрите денес. Постои почетна постава што може да се освежи со замени. На пример, замената на Бејл е поврзана со желба да се освежи составот. Сепак, концентрацијата во одбраната мора да биде поголема. Третиот гол на Леванте беше лоша среќа“, рече Анчелоти.


Спалети го кани Пјаниќ на „Сан Паоло“

Лучијано Спалети изрази желба да го доведе играчот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ. Тренерот на Наполи имал разговор со репрезентативецот на БиХ, пишува „Кориере дело Спорт“.

Минатата година, Пјаниќ пристигна на „Камп Ноу“ од Јувентус, како дел од трансферот на Бразилецот Артур. Сепак, 30-годишниот играч за врска не успеа да се наметне во Барселона и не е во плановите на тренерот Роналд Куман. Затоа клубот сега бара купувач.

До неодамна се мислеше дека Пјаниќ ќе се врати во Јувентус, но „црно -белите“ се откажаа од првичната идеја поради високата плата на играчот која изнесува 6 милиони евра по сезона.