фудбал

Во Ливерпул размислуваат за отказ на Клоп

Никој не очекуваше Ливерпул да игра сезона како што игра, тимот е пред елиминација од Лигата на шампионите во осминафиналето и од поодамна ја загубија битката за титулата во ПЛ.

Не само што беа поразени од Реал во првиот натпревар од осминафиналето, беа понижени со 2:5 на свој терен. Во Премиер лигата се осми и ќе водат жестока битка за излез во некое европско натпреварување, елиминира се од ФА и Лига Купот… 

Поради сето ова на Островот на големо се пишува дека раководството му подготвува отказ на германскиот стратег. Клоп му ја донесе титулата во Премиер лигата на Ливерпул после чекање од три децении, играше три финалиња во ЛШ (едно освои), но сезонава нешто не оди.

Во текот на вчерашниот ден, еден ден под дебаклот од Реал Мадрид, раководството одржало состанок на кој се разговарало за иднината на Клоп и тој ако нешто не се промени многу брзо и ќе се случи.


Дејан Ловрен стави крај на настапите за Хрватска

Фудбалерот на француски Лион, Дејан Ловрен, преку својот Инстаграм профил објави крај на својата репрезентативна кариера.

Ловрен за националниот тим има запишано 78 настапи, и постигнати пет гола. Тој беше дел од репрезентативците кои го освоија сребрениот медал на Светското првенство во Русија, и третото место на неодамна завршениот Мундијал во Катар.

Во својата порака Ловрен наведува дека и понатаму останува верен навивач на хрватските „ватрени“, и дека секогаш ќе ја бодри својата репрезентација.


Де Лаурентис: Осимен и Кварацхелија остануваат во Наполи

Медиумите од Италија пренесуваат дека претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио де Лаурентис изјави оти нема намера да ги продава двајцата најдобри фудбалери во екипата, Виктор Осимен и Квича Кварацхелија.

„Добар сум во склучување на договори со фудбалерите, па кога ќе пристигнат во Наполи не е тешко да ги задржиш во клубот. Меѓутоа некогаш постојат понуди кои едноставно не можат да се одбијат. Што се однесува до мене двајцата фудбалери ќе ги гледаме уште долго во нашиот клуб“, изјави Де Лаурентис.

Наполи е убедлив во Серија А и го зазема првото место на табелата со 62 бода, 15 повеќе од второпласираниот Интер. Својата последна титула во италијанскиот шампионат Наполи ја освои во 1990.година.


Мурињо се враќа на „Сан Сиро“ по 13 години?

Италијанската „Република“ денес објави ексклузивна информација за потенцијално враќање на Жозе Мурињо на „Џузепе Меаца“. Наводно управата на „нероаѕурите“ не е задоволна од Симоне Изнаги кој не успеал да ги убеди дека е вистинска замена за Антонио Конте.

По освоеното скудето со Конте, Интер ја препушти титулата на Милан, а сега најверојатно ќе ја освои Наполи и во Интер сметаат дека е време за промени.

Мурињо се споменува како опција затоа што Италијанците сметаат дека неговата иднина во Рома е неизвесна. Португалецот никогаш не ја криел својата љубов кон Интер и секогаш со многу емоции зборуваше за времето во Милан.

Со Интер Мурињо во таа 2010 година со Горан Пандев во составот освои „триплета“ – Лига на шампиони, Скудето, Копа Италија. Сега ситуацијата во клубот е поинаква и ако се врати ќе мора сериозно да се потруди да го врати овој тим во врвот на европскиот фудбал.


Јувентус без Киеза, Погба и Милик на реваншот со Нант

Екипата на Јувентус ќе настапи во ослабен состав на реванш дуелот од Лига Европа против францускиот Нант.

Федерико Киеза и Пол Погба поради повреда не отпатуваа во Франција со остатокот од тимот. Киеза има проблеми со мускулот, а Погба не е потполно опоравен после операцијата на коленото. Покрај овие двајца, кај „бјанконерите“ ќе отсуствува и Аркадиуш Милик кој има повреда на бутниот мускул.

Во првиот натпревар кој се одигра во Торино, Јувентус и Нант одиграа нерешено 1:1.


Нејмар не сака да си замине од Париз

Француските медиуми веќе подолго време пишуваат дека ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар на крајот на сезоната.

„Паризиен“ откри дека ПСЖ веќе започнал преговори со Челзи и е спремен значително да ја намали отштетата само да се ослободи од Бразилецот. Нејмар има цврст договор со парижаните до 2027 година и нема намера да си замине од Париз.

Желбата на Нејмар не зависи од тоа дали Лионел Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ и тој воопшто не размислува за промена на клубот.

Раководството смета дека Нејмар ја нарушува атмосферата во соблекувалната и ќе направи се за да се ослободи од него.


Тотенхем го сака Андре Онана од Интер

Луѓето од Тотенхем соочени со серијата на грешки на голманот Уго Лорис, планираат во догледно време да пронајдат негова замена.

Затоа популарните „спарси“, наводно ќе се насочат кон голманот на Интер, Андре Онана. Италијанскиот тим се соочува со големи финансиски проблеми и нема да биде изненадување ако во текот на летото се ослободи од дел од фудбалерите. 

Интернационалецот од Камерун пред да се пресели во Италија бранеше за Барселона и за Ајакс.


Себаљос од јуни се сели во Баерн Минхен

Баерн Минхен е силно заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, пренесуваат шпанските медиуми.

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и на лето ќе си замине од клубот како слободен агент. Себаљос во последно време добива шанса кај Анчелоти и покажа дека е играч со голем квалитет, но на лето сака да ја промени средината.

Најсилен интерес за него покажува Баерн Минхен, кој бара засилување за средниот ред и во Шпанецот гледа одлична можност.

Баварците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Себаљос и ќе започнат преговори за да ја победат конкуренцијата од италијанските клубови.


Интер нема да го откупи Лукаку на крајот од сезоната

Интер планира на крајот на сезоната да се раздели со Ромелу Лукаку и веќе му нашол замена на Белгиецот, пренесува „Калчомеркато“.

Лукаку е на позајмица од Челзи, но Белгиецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, па Интер планира да се раздели со него на лето. Како замена „нероаѕурите“ работат на трансферот на 25-годишниот напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам. Французинот на лето ќе биде слободен агент и може да пристигне без обештетување, а Интер сака да ја победи конкуренцијата.

Интер спремил петгодишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона и е во пол-позиција за неговиот потпис.


Хендерсон: Реал ја казни секоја наша глупост

Капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон беше многу разочаран по поразот со 2-5 од Реал Мадрид во првото осминафинале од Лигата на шампионите на „Енфилд“. Тој смета дека неговата екипа направила премногу грешки, од кои секоја беше казнета од противникот.

„Тешко е да се направи проценка веднаш по натпреварот. Големи периоди во првото полувреме игравме добро и не беше фер што резултатот беше израмнет на полувремето. Направивме премногу грешки и Реал казнуваше секоја од нив. Во многу моменти решавачка беше нивната класа. На почетокот имавме предност и создадовме добри шанси. На 2-0 имавме шанса и тоа на самата гол линијата. Ако влезеше топката во гол ќе беше сосема друго, вториот гол беше по грешка, но по треттиот гол ја испуштивме играта“, изјави Хендерсон.

„Реваншот е за неколку недели. Мораме брзо да се опоравиме од овој пораз. Пред тоа имаме натпревари во Премиер лигата на кои треба да се фокусираме“, додаде играчот од средниот ред.