Откако не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, Наполи го очекува бурно лето, нов тренер и промени во составот. Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на Твитер потврди дека Гатузо нема да го води клубот во новата сезона. „Драг Рино, среќен сум што ги поминав овие две сезони со тебе. Ти благодарам за работата која ја заврши и ти посакувам се најдобро каде и да одиш. Исто така ти испраќам прегратка за твојата сопруга и за твоето дете.“ – напиша Де Лаурентис. Наполи вчеравечер ремизираше со Верона по што падна на петтото место, а од Италија во Лигата на шампионите пласман покрај Интер, Милан и Аталанта, обезбеди и Јувентус.
Зидан му честита на Атлетико и најави неизвесност за својата иднина
Зинедин Зидан беше максимално задоволен од залагањето на неговите фудбалери до последната минута во Ла Лига, а истовремено немаше проблем да му честита на Атлетико Мадри за освоената титула во домашното првенство по пауза од седум години. „Сакам да им се заблагодарам на нашите фанови кои правеа да чувствуваме поддршка и покрај тоа што беа далеку од нас. Сите навивачи можат да бидат горди на овие фудбалери бидејќи дадоа се од себе. Му честитам на цел тим, победивме и на овој меч, без оглед на тоа што не ја освоивме титулата. Мора да му се честита на Атлетико. Оној што е на врвот по 38 кола, заслужува да биде таму. Сепак, за мене најважни се моите фудбалери, покажаа борба до последна минута и горд сум на нив. Има време пред нас, сега смирено ќе разговарам со одговорните лица во клубот“, смета Французинот.
Гвардиола: Ако работам некогаш во Серија А, сакам Баџо да ми биде помошник
Tренерот на Сити, Пеп Гвардиола имаше интервју за „Кориере дело Спорт“ во кое помеѓу останатото зборуваше и за својата кариера во Бреша. Бреша за Гвардиола беше последен европски клуб во играчката кариера пред да премине во Ал-Ахли и Дорадос каде што ја заврши кариерата. Гвардиола во Бреша дојде во 2001 година и се задржа до 2003. Во Бреша играше со големиот Роберто Баџо. „Кројф секогаш го фалеше. Сакаше да го види во шпанската лига, го интересираше како ќе се прилагоди на шпанскиот фудбал. Баџо во тие години можеше да игра каде сака, но никој не можеше да го убеди да ја напушти Италија. Во Италија беа сите најдобри играчи, а оние кои не беа сакаа да одат таму. Кога ме контактираа луѓето од Бреша не ми требаше многу време да одлучам. Кога Баџо беше таму се знаеше дека плановите им се големи. Баџо беше ѕвезда, но сите околу себе ги третираше еднакво, од претседателот до хигиеничарот“.
Балотели ова лето ја напушта Монца по неуспешниот плеј-оф за промоција во Серија А
Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели ќе го напушти италијанскиот второлигаш после науспешната сезона во која клубот стигна до плеј-офот за пласман во Серија Б. Италијанските медиуми тврдат дека Балотели со сигурност нема да остане во Монца. Во договорот на Балотели имало опција истиот да биде продолжен ако тимот влезе во Серија А, тоа не се случи па затоа 30 годишниот фудбалер одново ќе ја промени средината. Балотели за Монца и немаше така лош учинок, одигра 14 натпревари и во нив запиша шест погодоци. Ќе потсетиме дел од Монца во наредната сезона ќе биде македонскиот фудбалер Лука Станковски кој во италијанскиот второлигаш пристигнува од Работнички.
Флик потврди: Треба да ги дефинираме деталите со федерацијата
Ханси Флик ја потврди информацијата дека најверојатно ќе ја преземе германската репрезентација. Тој тоа ќе го стори откако ќе ја напушти тренерската позиција во Баерн на крајот од оваа сезона. „Јасно е дека разговарав со Германската фудбалска асоцијација. Секој знае како се чувствувам во врска со репрезентацијата. Некои работи сепак треба да се решат. Станува збор за ситници. Доколку се поправат, можеме брзо да ги објавиме вестите. Сега, сепак, фокусот ми е на натпреварот со Аугсбург. Дали имав разочарувања во текот на сезоната? Да, две работи. Испаѓање во Купот на Германија од Холштајн Кил, како и четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ. Тимот го покажа својот квалитет, но за жал тоа не беше доволно. Беше големо разочарување за сите нас“, рече Флик за време на неговата прес-конференција пред неговиот последен натпревар на клупата на Баерн. Тој беше баран и од Барселона и Тотенхем, но тренерот одлучил да го наследи Јоаким Лев како селектор на Германија по Евро 2020. Неговиот договор ќе биде до 2024 година со годишна плата поголема од 5 милиони евра.
Деветдневен прекин на фудбалот во Аргентина
Сите фудбалски активности се суспендирани во Аргентина во следните девет денови, воочи воведување карантин во поголемиот дел од државата поради пандемијата со ковид-19. Аргентинската фудбалска федерација се одлучи на таков чекор три недели пред Копа Америка, што започнува на 13 јуни во Аргентина. Од одлуката на аргентински власти се изземени само натпреварите кои идната недела ќе се играат во рамки на Копа Либертадорес. Во овој момент кога нашата земја мора да се потруди да ја стави под контрола оваа вознемирувачка пандемија од која сите сме погодени, Федерацијата и фудбалот мораат уште еднаш да ги следат властите и да ги суспендираат сите натпревари во следните девет денови, соопшти денеска Фудбалската федерација на Аргентина. Оваа јужноамериканска држава дневно во просек бележи околу 35.000 новозаразени со коронавирус, а како последица на ковид-19 во Аргентина досега починаа 73.000 луѓе. Карантинот во високоризичните региони во Аргентина ќе биде воведен в сабота и ќе трае до 31 март.
ЕУРО 2020 – 06. Велс одблиску
Велс само еднаш играл Европски првенство и стигнал до полуфиналето!
Фудбалската репрезентација на Велс го претставува Велс на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската Асоцијација на Велс (FAW), третата најстара национална фудбалска асоцијација во светот.
Иако територијално е дел од Обединетото Кралство, Велс отсекогаш имал своја репрезентација во фудбал која играла на големи меѓународни турнири, освен на Олимписките игри, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет отсекогаш ја признавал само Велика Британија.
Во досегашната историја на репрезентацијата, Велс се квалификувал на два големи меѓународни турнири. Тие стигнале до четвртфиналето на Светското првенство во 1958 година, што до денес е единствениот нивен настап на завршницата на некое Светско првенство. Покрај тоа, Велс исто така само еднаш досега се квалификувал и за Европското првенство, стигнувајќи до полуфиналето на првенството во 2016 година.
Во сите репрезентативни нивоа, вклучително и младинските репрезентации, репрезентацијата на Велс влече играчи пред сè од клубови од англискиот лигашки фудбалски систем. Главните професионални велшки клубови исто така играат во англиските лиги, а некои професионални клубови играат и во велшкиот лигашки фудбалски систем.
Легендата Гигс е прво име во фудбалски Велс!
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс во јануари 2019 година беше назначен за нов селектор на Велс, јавува Скај Спорт.
Фудбалскиот сојуз на Велс го избра Гигс, а во игра меѓу останатите е и поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Крег Белами и поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс. Кога е во прашање тренерското искуство, Гигс го водеше Манчестер Јунајтед откако Дејвид Мојс доби отказ.
На интернационално ниво, Гигс играше за репрезентацијата на Велс сè до неговото пензионирање од интернационалниот фудбал на 2 јуни 2007 година и беше најмладиот фудбалер кој некогаш ја претставувал својата држава. Во збирката на многуте почести кои Гигс ги доби со фудбалот како што е да се биде именуван меѓу стоте легенди на фудбалската игра, беше избран за Офицер на Редот на Британската Империја во листата за почести за роденденот на Кралицата во 2007 година, и беше внесен во Куќата на славните на англискиот фудбал во 2005 година.
Бејл инспиратор на историското полуфинале во Франција 2016 година!
Герет Бејл го запиша своето деби за фудбалската репрезентација на Велс во мај 2006 година, со што стана најмладиот играч во тој момент кој настапил за една репрезентација. Бидејќи запиша повеќе од 60 настапи и постигна 26 гола, денес е втор стрелец во историјата на Велс веднаш зад Јан Раш. Герет е најдобар стрелец за Велс во нивните успешни квалификациите за Европското првенство во 2016 година, постигнувајќи седум гола. На Европското првенство во Франција во 2016 година, тој го одведе Велс до полуфиналето на првенството, што претставува најголем репрезентативен успех на оваа земја.
Биелса сака да го откупи Харисон од Манчестер Сити
Лидс Јунајтед започна разговори со Манчестер Сити за купување на Џек Харисон. Според „Дејли Стар“, „граѓаните“ се подготвени да го продадат фудбалерот за 15 милиони фунти Крилниот напаѓач стана составен дел од почетната постава на Марсело Биелса оваа сезона во која настапува како позајмен од Сити. Харисон беше дел од Лидс во последните три години и играше голема улога во промовирањето на тимот во Премиер лигата.
Кутињо ќе направи предавство и ќе потпише за Евертон
Жоан Лапорта планира на лето да го продаде Кутињо, пренесуваат шпанските медиуми. Главната причина за продажбата се 20-те милиони евра кои Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона. Таквата ситуација сака да ја искористи Евертон, кој е спремен да плати 50 милиони евра, колку што бара Барселона за неговата слобода. Кутињо сака да се врати во Премиер лигата, но овој трансфер би бил шокантен поради неговото минато во Ливерпул.
Де Лаурентис ја подготви трансфер листата во Наполи
Наполи ќе направи вистинска „чистка“ во тимот ова лето. Наполитанците планираат да се разделат со петмина свои главни играчи. Според информациите објавени во медиумите блиски до клубот, со сигурност ќе бидат продадени централниот дефанзивец Калиду Кулибали и играчот за врска Фабијан Руиз, додека Хисај и Никола Максимовиќ ќе заминат како слободни агенти. Готово е и заминувањето на Бакајоко кој ќе се врати во Челзи. Тренерот Џенаро Гатузо исто така ќе го напушти Наполи. Иднината на стратегот е позната веќе неколку месеци, додека одлуката за продажба на клучните играчи е последица на планираното намалување на платите во клубот од страна на претседателот Аурелио Де Лаурентис.