фудбал

Касано: Време е Роналдо да ја заврши играчката кариера

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано му порача на Кристијано Роналдо дека е време да ја заврши кариерата, пренесуваат медиумите во Италија.

Португалија не успеа да се пласира на завршниот турнир во Лигата на нации, откако во Брага доживеа пораз од Шпанија со 1:0.

Португалските медиуми и навивачи го окривуваат Роналдо за поразот, и истакнуваат дека тој бил еден од најслабите играчи на теренот, кој по завршетокот на дуелот ја фрли капитенската лента на теренот.

Касано вели дека Роналдо во овој момент треба да си направи услуга и да сфати дека е време да се повлечи од фудбалот бидејќи не може да игра на високо ниво, и веќе освои доволен број на трофеи во кариерата.

37-годишниот Роналдо за Португалија одигра 191 натпревар и има постигнато 117 гола.


Озил се повреди, го чека тримесечна пауза

Играчот од средниот ред на турскиот Истанбул Башакшехир, Месут Озил ќе пропушти околу три месеци поради операција, објавија од неговиот клуб.

„За нас е големо задоволство што имаме играч како Озил на располагање. Сепак, Месут веќе подолго време има проблеми со грбот. Поради оваа причина, оваа сезона тој помина само 10-15 минути на теренот. Донесена е одлука да се изврши операција за решавање на проблемот. Месут нема да ни помогне околу три месеци по интервенцијата. И тогаш мислам дека ќе даде голем придонес за нашите победи. Озил е наша гордост“, изјави оретседателот на клубот Гумушдаг за весникот „Фанатик“.

Всушност, Месут Озил оваа сезона одигра 21 минута. Озил се пресели во Истанбул Башакшехир на 14 јули. Претходно беше играч на Фенербахче, клуб во кој минатата сезона  одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, постигна девет гола и две асистенции.


Џон Оби Микел ја зврши фудбалската кариера

Нигерискиот фудбалер Џон Оби Микел соопшти дека става крај на професионалната кариера. Тој својата одлука ја објави преку Инстаграм пост.

35-годишниот фудбалер својата кариера ја започна играјќи во норвешкиот Лин, од каде потоа замина во Челзи каде остана до 2017 година.

За клубот од Стендфорд Бриџ запиша 372 настапи, и освои две титули во Премиер лигата, една Лига на шампиони  и Лига Европа.

После Челзи тој настапуваше за Тјанџин, Мидлзборо, Трабзонспор, Стоук и Кувајт СЦ.


Данска на СП во Катар ќе игра во „невидливи“ дресови

Фудбалската репрезентација на Данска на Мундијалот во Катар ќе игра во специфично дизајнирани дресови, на кои е намалено истакнувањето на сите детали вклучувајќи го логото и шарите на дресот.

Производителот на спортската опрема Хумел, на овај начин одлучи да искажи протест кон земјата домаќин Катар.

„Со новите дресови данската репрезентација сака да испрати двојна порака. Дизајнот е инспириран од Европското првенство во 1992 година и најголемиот фудбалски успех на Данска, но со дресовите сакаме да искажеме и протест кон домаќинот Катар поради кршењето на човековите права и илјадниците животи кои се загубени за време на градежните работи и организацијата на првенството“, порачуваат од Хумел.


Линделоф од Манчестер Јунајтед интересен за Галатасарај

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф, може да добие понуда да се пресели во редовите на турскиот гигант, Галатасарај.

28-годишниот Швеѓанец не е прв избор на тренерот, Ерик тен Хаг и се чини дека нема да добие голема минутажа до крајот на сезонава. Затоа, Галатасарај сака да ја искористи ситуацијата и да се обиде да го земе фудбалерот на позајмица до крајот на сезоната. 

Договорот на Линделоф со „црвените ѓаволи“ е до 2024 година.


Поранешниот англиски репрезентативец ја заврши кариерата

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Англија Фабијан Делф, реши да ја заврши својата професионална кариера.

32.годишниот фудбалер беше без клупски ангажман од јуни оваа година кога му истече договорот со Евертон. Делф ја започна својата кариера во Лидс каде играше од 2006 до 2009 година. потоа заигра за Астон Вила, Манчестер Сити, и Евертон каде беше член од 2019 до 2022 година.

Фабијан Делф одигра 20 натпревари за репрезентацијата на Англија во периодот од 2014 до 2019 година.


Скалони останува селектор на Аргентина до 2026 година

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Скалони ќе остане да ги води „гаучосите“ уште четири години.

Скалони, после одличните резултати е награден со нов договор со кој ќе го заврши циклусот на Мундијалот кој во 2026 година ќе се одржува во САД, Мексико и Канада.

Веста за новиот договор ја потврди и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина Клаудио Тапија, и тоа после победата над Јамајка со 3:0.

Аргентина со Скалони на клупата, не е поразена на последните 35 натпревари. На мундијалот во Катар ќе бидат во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.


Меси: Килијан е феноменален, вистински „ѕвер“

Лионел Меси ги пофали Килијан Мбапе и Нејмар со кои заедно играат за ПСЖ. Во интервју, тој зборуваше за тоа како се снајде во Париз и за новата фудбалска средина.

„Нејмар и јас се знаеме напамет – поминавме одлично време заедно во Барселона. Би сакал да играмве подолго за Барса, но животот повторно не собра во ПСЖ. Среќни сме што сме заедно. Сакам да си играм со него и да бидам околу него секој ден. А Мбапе е посебен играч. Ѕвер кој е добар во игра еден на еден. Килијан влетува во слободниот простор, тој е многу брз и постигнува многу голови. Мбапе е комплетен играч и тоа го демонстрира веќе неколку години. Во следните години тој ќе биде меѓу најдобрите, сигурен сум“, изјави Меси.


Германците ја одредија премијата за освојување на Мундијалот во Катар

Познат е наградниот фонд на германската репрезентација на Светското фудбалско првенство кое оваа година ќе се игра во Катар.     

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) соопшти дека секој играч ќе добие по 50.000 евра за победа во групата, 100.000 евра за пласман во четвртфиналето и 150.000 евра за пласман во полуфиналето. За третото место премијата достигнува 200.000 евра, а за т.н. вицешампион 250.000 евра. 

Секој играч ќе добие по 400.000 евра за победа на Мундијалот. Германија ќе игра во Е-групата со Шпанија, Јапонија и Костарика. Светското првенство ќе се игра од 20 ноември до 18 декември.


Далас ќе биде домаќин на финалето на Мундијалот во 2026 година

Финалето на Светското првенство во 2026 година ќе се игра на стадионот „ATT“ во Далас, објави „ЕСПН“.

Таму мечевите ги игра НФЛ тимот Далас Каубојс а капацитетот изнесува 80.000 седишта. Сепак, за потребите на Мундијалот ќе има дополнителни 20.000 седишта и финалето ќе се игра пред 100.000 гледачи.

Покрај САД, организатори на Светското првенство во 2026 година се уште и Мексико и Канада. Тогаш за прв пат ќе учествуваат 48 земји поделени во 12 групи. Натпреварите ќе се играат на 11 стадиони во САД, три во Мексико и два во Канада.